kolegi ke moze nekoj da je resava ova zadaca po statistika:
vo proizvodsvo na edna fabrika,prosecnata tezina na konkreten proizvod e 5kg,a standardnat devijacija e 0.5kg.na primerok od 2000 proizvodi kolku ke bidat otstraneti kako neispravni ako za regularen se smeta,onoj proizvo od 4-5.8kg?
Тоа би одела вака отприлика:
Дадено ти е дека М=5, σ=0.5
Се бара P(4<X<5.8). Ти одма знаеш дека за да можеш да искористиш 3-таблица за веројатности кај стандардизиран нормален распоред треба прво случајната променлива X да ја претвориш во Z т.е.:
Z= X-M/σ , така да сега ќе бараш P(4-5/0.5<Z<5.8-5/0.5)
а тоа е еднакво на F(1.6)- F(-2)= (гледаш за овие точки во третата таблица)=0,9452-0,0228=0,9224
Овој резлултат што го добивме се толкува: Веројатноста случаен избран примерок да има тежина помеѓу 4-5.8kg, односно да е исправен е 0,9224. Да не биде исправен е 1-0,9224=0,0776
0,0776*2000=155,2
Значи, 155,2 од 2000 производи е веројатно дека ќе бидат неисправни производи (нема да имаат маса 4-5.8kg, што се смета за услов за регуларност)