е то е веќе нешто друго...од медицина да отидеш на економски...два различни поими, браво браво.
Инаку на кој смер си на економски и какви се импресиите?
Јас сум на финансиски, инаку смеровите.. Секој си е приказна за себе, и си имаат своја тежина, и по некој специфичен професор
За мојов можам да ти кажам дека ако не ти одат пресметки, да не го запишуваш.. Покрај статистика за бизнис и економија, и математика во прва година..(многу тешки и се полагаат на сите смерови)
Во другите години имаш Економска статистика, финансиска математика, Осигурување.(а тоа предава Јанев)..
Ама затоа да не мислиш дека се другите лесни. На пример на менаџмент смерот - Шуклев ти предава 1325 предмети
А предметите се... крај (некој од тој смер може да ти каже повеќе)
Да не ти кажувам и за другите, ама има како што кажав секој своја тежина и професори..
Еве можам како полесен да го издвојам е-бизнис.. Ако ништо друго барем професорите ( а тука мислам на Сашо Јосимовски) и асистентите се малди и комуникативни, и највеќе од се коректни. Тоа значи дека нема да ти се случи професор да те викне на кафе, или да ти бара 600 евра за 6ка