Колеги, има слушано некој е-бизнис и информатика како изборен предмет ? Ако да, ќе може да кажете нешто повеќе ?
Е - бизнис имав лани и не е многу тежок. Колоквиумите се на англиски, но во заграда до секое прашање ти стои колку точни одговори има. Се наоѓаат и на интернет некои прашања, па дел од нив се паѓаат на тестовите. Од колоквиуми се добиваат максимум 60 поени. Има едно предавање неделно и нема евиденција за присуство.
Вежбите носат 40 поени и земаат доста време, 4 часа неделно (јас имав во петок од 12 - 16 часот). На нив се правт задачи во група од 5 луѓе, сите се со куцање во Word на англиски јазик. Обично пола од времето се заебававме на нет и мсн, ама оценувањето затоа беше малку строго. Од можни 40 поени, најдобрата група имаше 33 - 34, не дека тоа е слабо ама мислевме дека ќе биде ептен лајт.
Генерално не е тежок предмет, ама би ти препорачал трговско право да си избереш, ако тој не ти е вториот изборен.