Океј, ако ти кажале постарите колеги дека е така... можно е, но ако ги согледуваме аргументите мислам сите би се согласиле дека би било бесмислено. Што се однесува до учењето економија, гледам сите коментирате дека требало некоја логика или не знам поврзување на работите... се прашувам како сте учеле до сега, но овде баш некоја посебна логика и не треба, а дека има таксативно набројување на некои работи, има. Впрочем токму на нив изгубив повеќе бодови на вториот колоквиум и правилото дека ако едното заокружено ти е точно, а другото го имаш заборавено целото прашање се поништува... работи кои инаку знам многу добро и по опширно од книгата да ги објаснам. Не го кажувам ова за да се оправдам зошто не сум освоил 150 бода, туку едноставно да образложам од каде ми произлегува тезата дека тие 140 бода не се вистински приказ за тоа што треба да биде 10ка, ако навистина се вистинити...