Тоа дека Драги Јанев давал елиминаторни групи се приказни со кои ние дома се правдаме за тоа што не сме положиле. И јас сум полагал кај него и нормално додека не ги научив задачите од вториот колоквиум не сакаше да ме пушти човекот и морам да признаам дека беше во право. Ме пушти на дополнителна, ми даде да учам се од што немам врска, научив, положив, точка. И едно ќе ви кажам, може професор да ве мрази во 20 души, ама да те мрази професор во 1.000 души, е тоа за мене е неразбирливо. Нормално е во некои групи да има потешка задача, или пак задача која ние (вие) не ја знае/ме/те, ама тоа не е причина за да се правда/ме/те со некои елиминаторни групи, или пак задачи од "руски" збирки. Па по ѓаволите, математиката е иста и во Македонија, и во Индија, и во Русија, не ми е јасно зашто некои го употребуваат тој термин "руски" збирки. Или пак доколку ја немате решено баш истата задача не знаете да ја решите. Математиката не е менаџмент или маркетинг за да седниш и да ја набубаш, математиката е трпеливост и вклучување на мозокот. Е тоа што некои не сакаат да го вклучат мозокот и да решат некоја задача тоа е нивен проблем.