Економска политика на Македонија

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.353
Поени од реакции
21.760
Не е колку си набројал, туку кои. 99% ги пљукаме приватните бизнисмени, без разлика како стигнале до парите а никогаш не ги спомнуваме одговорните за државните пари.
Сите тие што ги набројав погоре имаат повеќе пари украдено и поголемо зло нанесено на народот од било кој "бизнисмен".

Врска второто прашање: целиот профит што го прават странците од Македонските фабрики/фирми СЕ ИЗНЕСУВА надвор од Македонија. Што преку дивиденди, што фиктивни договори или префрлање кај мајката фирма итн.

А доколку беа ти фирми во сопственост на Македонски тајкуни, олигарси или чесни бизнисмени парите тука ќе се реинвестираа и трошеа. Зборам за фирми кои имаат вработени и создаваат нешто. Фершпед да сељак е, ама прави нешто, можеше многу повеќе ама па не е ко Трифка што фати затвори.

Го спомна Кочо и царина за Литиум во негативна конотација. Државата и така немала корист/ прилив од таа мочана царина (немаме домашно производство), вака производот што Кочо го прави од нив му е конкурентен, повеќе ќе произведе, повеќе вработени, поголем девизен прилив, повеќе транспорт ќе возат итн итн. Исто и за Џонсон Мети укинаа царина за некој сличен производ, тука нема голема корист државата но сепак вработува доста луѓе кои немале никакво искуство и 0 денари примања.
Реалниот сектор е ретко негативен за општеството, политичарите т.е. одговорните за парите, за спроведување на правото и законите се причинители за проблемите.

Тоа е исто како дома да си одговорен за домашен буџет, излегуваш се трошиш на непродуктивни работи/услуги плус си се задолжил уште толку колку што си имал. Дома на фамилијата им викаш не си ти крив, туку трговците се виновни што се си потрошил.
Штом Тевдо и Ставре ми собираат парите барам од НИВ ОТЧEТ И ОДГОВОРНОСТ, а не од Кочан, Кочо или Петко, кај нив не е клучот од државната каса.
Можеби политичарите имаат повеќе украдено, ама парите кои ги крадат не ги префрлаат директно на своја сметка, туку користат баш такви некои proxy бизнисмени.

Но океј, тоа е веќе друга тема за муабет, да не навлегуваме оф-топик. Ми се виде дека не се разбирате како што треба со Џо, па затоа се вклучив во дискусија.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Не го сфаќаш, мислам дека друга му е поентата на @Joe Dalton. Иако е малку контрадикторен во постовите, сепак суштински делите исти ставови.

Кога вели прогресивен данок за најбогатите, мисли на олигарси и крони-капиталисти како Минчо, Штерјо, Мијалков, Заев, Анѓушев и компанија, кои од позиција на моќ стекнале огромно богатство преку тендери и партиско-роднински релации. Тоа прогресивно оданочување тој го сфаќа како еден вид казна за нив, заради тоа што парите кои ги заработиле воглавно се пари од народот.

Е сега, проблемот е што покрај сувото, гори и суровото. Вакви некои олигарси повторно ќе најдат начин да го избегнат оданочувањето (како и досега), а обичните граѓани ќе го јадат немиен, ни криви ни должни. И не само тоа, туку и тие што досега плаќале данок ќе пробаат да го избегнат, пошто не се глупи да плаќаат дупло и тродупло повисоки даноци за финансирање на партиските вошки во администрација.

Еве, ќе го земам за пример Анѓушев, пошто е актуелен во моментов.

- додека ја замајуваат јавноста дека платата ќе ја донира во хуманитарни цели, во позадина фирма од Анѓушев лапа тендер од 2,6 милиони евра
- додека мачкаат очи со укинување РДТ, во позадина ја укинуваат царината за литиумски акумулатори кои ги користи само фирма од Анѓушев

Овие се само два примери од изминативе неколку месеци. Којзнае уште колку вакви примери има за кои јавноста не е запознаена. Не чекаат ни една година да помине, а веќе почнуваат да се служат со истите методи како тие пред нив.
Фала за асистенцијата, точно ми ја долови поентата во неколку реченици :D.
Знам дека сум контрадикторен, си ја сфатив грешката па затоа и бев во останатите постови.
Крај краева ова е дискусија, се разменуваат различни мислења, природно е да се учат нови работи и да се соочуваат различни ставови. Мене не ми е тешко да признаам кога сум згрешил за некои работи, напротив, мило ми е кога некој ќе ми укаже на ваков начин, еве како ти или пак @Bafra и останатите дискутанти, поткрепено со аргументи дека можеби не сум во право и дека треба да ги преиспитам моите ставови на темата.
Мило ми е што моето мислење разви толкава дискусија, задоволство ми е да дискутирам на вакви теми каде се разменуваат толку различни мислења на исто прашање. Впрочем, тоа е и целта на форумов :)
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Тоа инжињер по компјутери го добил заедно со книшката.
А ти што си? Или се срамиш да кажеш? Како што се срамиш и за многу други работи, а јас ги знам за тебе... со книшката заедно.
Вакви „драпачи“ има колку сакаш, како тебе.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.452
Поени од реакции
84.865
А ти што си? Или се срамиш да кажеш? Како што се срамиш и за многу други работи, а јас ги знам за тебе... со книшката заедно.
Вакви „драпачи“ има колку сакаш, како тебе.
и ја сум за компјутери мајстор
Ајти ли како и да ги викате....
зато знам све за економија
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
и ја сум за компјутери мајстор
Ајти ли како и да ги викате....
зато знам све за економија
А, мајстор. Јас не сум мајстор. Сепак, се плашиш (или срамиш) да ја кажеш вистинската професија... и име.
 
B

Bafra

Гостин
Можеби политичарите имаат повеќе украдено, ама парите кои ги крадат не ги префрлаат директно на своја сметка, туку користат баш такви некои proxy бизнисмени.

Но океј, тоа е веќе друга тема за муабет, да не навлегуваме оф-топик. Ми се виде дека не се разбирате како што треба со Џо, па затоа се вклучив во дискусија.
Не е можеби, туку баш повеќе. После тоа им делат на сите што се платени од буџет таквите корумпирани активности да ги спречат и санкционираат ама не го прават.
Лично тие се одговорни, ако се тие морални, чесни и си ја работат работата како што треба, никој нема да може да краде од Буџетските (народните) пари. Кај нив е и ДБК и ЈО и Суд и Полиција и УЈП. Организиран криминал значи симбиоза со државата а не Петко и Трајко од улица.

Еве за ЕЛЕМ и Кочан, работата мора некој да ја изврши, тој што ги дава парите е одговорен да работи домаќински. Приватникот не му доаѓа со закана да му ги земе.
Но тој сака да брцне во теглата и затоа со Кочан договориле да понуди цена (147 денари). Знаат дека реални трошоци се 50 денари, нормална заработка би чинело над 15% (огромна механизација, вработени и сл неможе со 5%, подобро во банка да ги орочи). Кочо во нормални услови би понудил 67 денари. Разликата од 80 денари мислиш отишла кај Кочан или целата кај одговорните за тендерот? Кочан од тие 80 денари би требало да задржи 20% за да им ги испере и даде на рака, за да нема трага. (не остануваат кај него туку за даноци)

За да добиеш дозвола да градиш зграда, се знае 1 стан на градоначалникот. За да покрие загубата од тој стан, зголемува цената на другите станови.

Ако одговорните чесно си ја работат работата за која се платени од наши пари, системот убаво си е стокмен. Ама дали си ја работат :cool:
Исто беше и со приватизацијата и со СК2014 и исто ќе си биде, бидејќи НЕМА ОДГОВОРНОСТ АДМИНИСТРАЦИЈАТА.
Сите знаеме 70% од судиите се корумпирани, сте слушнале некој да отишол во затвор... дури имаше во Охрид ем го фатиле за корупција, условно го осудиле и сеуште работи како судија :facepalm:

Фала за асистенцијата, точно ми ја долови поентата во неколку реченици :D.
Знам дека сум контрадикторен, си ја сфатив грешката па затоа и бев во останатите постови.
Крај краева ова е дискусија, се разменуваат различни мислења, природно е да се учат нови работи и да се соочуваат различни ставови. Мене не ми е тешко да признаам кога сум згрешил за некои работи, напротив, мило ми е кога некој ќе ми укаже на ваков начин, еве како ти или пак @Bafra и останатите дискутанти, поткрепено со аргументи дека можеби не сум во право и дека треба да ги преиспитам моите ставови на темата.
Мило ми е што моето мислење разви толкава дискусија, задоволство ми е да дискутирам на вакви теми каде се разменуваат толку различни мислења на исто прашање. Впрочем, тоа е и целта на форумов :)
Никој не вика дека ти си грешка или дека ние сме во право. Баш како што кажа дискусија со примери. Ти во твојот првичен пост имаше набројано многу работи, јас се согласив со повеќето, но прогресивен данок кажав зашто нема да помогне.
Тие 2% што ги зборите (од бизнисмените не политичарите :P ):
- богатството не го прават од плата
- движечка сила се во општеството
- во било кој момент можат капиталот да го префрлат надвор а работникот неможе така лесно, а и нема да има нови приливи во буџет.

Спомнавте и каква корист имавме од рамен данок. Кога ќе споредиш со прогресивниот поголема е добивката, не е идеален, но придобивките за народот се поголеми.

А, мајстор. Јас не сум мајстор. Сепак, се плашиш (или срамиш) да ја кажеш вистинската професија... и име.
Ех колку ќе беше подобро и ти да имаше срам, па ќе внимаваше што пишуваш :X3:
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Со мини ребалансот наместо 4.5 милиони сумата за годинава падна на 800 000 евра. Ајмо субвенциии кој не земал го тепаат :icon_lol:. А секоја втора фирма блокирана годинава, догодина сите.

[DOUBLEPOST=1511267259][/DOUBLEPOST]
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.499
@Ѓорѓи Н. е ставен на листата на технолошки вишок заради навреди, ги молам останатите без офтопици.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Со мини ребалансот наместо 4.5 милиони сумата за годинава падна на 800 000 евра. Ајмо субвенциии кој не земал го тепаат :icon_lol:. А секоја втора фирма блокирана годинава, догодина сите.

[DOUBLEPOST=1511267259][/DOUBLEPOST]
Јас мислам дека и реално тој беше минималецот и затоа малце фирми се пријавија затоа што веќе ги исплаќаа тие пари. Секако добро е анализирано дека 90% од фирмите даваат насушни 200 еур и со еден удар две муви. Ем фирмите нема да се бунат ем само 10% ќе имаат потреба од субвенција за и тие да не се бунат.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Кога берзата американска ќе направи пуп, ние има да направиме чклуп.

It’s important to realize that market crashes often happen not when everyone is worried about them, but when no one is worried about them.

Complacency and overconfidence are good leading indicators of an overvalued market set for a correction or worse.
 
Не е темата ама Америчката Берза ќе направи пуп (ако мислиш на пепел) после 10 години ... и баш кога довербата кај народот е висока тогаш имаш економски раст. Кога народ очекува дека ќе заработи 100 % тој ќе земе и кредит со камата од 50%. А кога народ не очекува заработка ни од 5% не ти зема кредит ни со камата од 0,001 % .

Вака кога ти ги читам постовите, како одвај да чекаш да се случи катаклизма со светот ?
Тоа веќе е психолошки проблем, незнам ни зашто чекаш, лесно може да го убрзаш процесот :P
Не мислев да те навредам, туку поработи малку на психолошкиот аспект ;)
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Не е темата ама Америчката Берза ќе направи пуп (ако мислиш на пепел) после 10 години ... и баш кога довербата кај народот е висока тогаш имаш економски раст. Кога народ очекува дека ќе заработи 100 % тој ќе земе и кредит со камата од 50%. А кога народ не очекува заработка ни од 5% не ти зема кредит ни со камата од 0,001 % .

Вака кога ти ги читам постовите, како одвај да чекаш да се случи катаклизма со светот ?
Тоа веќе е психолошки проблем, незнам ни зашто чекаш, лесно може да го убрзаш процесот :P
Не мислев да те навредам, туку поработи малку на психолошкиот аспект ;)

Одвај чекам :icon_lol:, едноставно смачено ми е од нашиве експерутки прогесори самонаречени експерти поим немаат што се случува. Можи немам ни јас, иднината ќе покажи, ама мислам или крах сега или крах по некое време тоа е неизбежно.
 
Верувај те разбирам потполно, ама твоево не е решение. Тоа е предавање, одбивање да го искористиш твојот капацитет. Баш дека си свесен, имаш предност и искористи ја, припреми се, работи на тоа да имаш подобро утре за себе и потомците.
Вака полош и од тие што си пресудиле самите.
Рестартот не значи дека автоматски ќе биде подобро, тоа од нас самите зависи.
Многу ќаруваат и кога има крах и кога е матна водата :D
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Верувај те разбирам потполно, ама твоево не е решение. Тоа е предавање, одбивање да го искористиш твојот капацитет. Баш дека си свесен, имаш предност и искористи ја, припреми се, работи на тоа да имаш подобро утре за себе и потомците.
Вака полош и од тие што си пресудиле самите.
Рестартот не значи дека автоматски ќе биде подобро, тоа од нас самите зависи.
Многу ќаруваат и кога има крах и кога е матна водата :D
Подобро ужасен крај отколку ужас без крај :icon_lol:.

За пензиите ќе се зголемува старосната граница, или приватните фондови ќе се припојат кон државниот?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom