Се извинувам за избрзаниот одговор. Ќе се обидам да одговорам повторно, и прецизно колку што дозволуват моите познавања од окултизам.
Луцифер или Носителот на Светлината се однесува пред се на планетата Венера, која има преголемо влијание во окултизмот. Венера наутро се појава на исток и го најавува изгревањето на сонцето затоа е позната уште како Утринска Ѕведа. Ако го следиме нејзиното движење подолг период, ќе видиме дека Венера опишува пентаграми околу сонцето со својата траекторија, а знаете дека пентаграм во круг е многу силен симбол во окултизмот.
Премалку знаеме за Венера иако праќавме неколку сонди од Земјата. Планетата обвиткана со облаци и мистицизам. Нашето внимание го тргаат од оваа планета, како премногу топла, стаклена градина, со превисок воздушен притисок на површината, пресурова за живот или можеби само микро-живот во атмосверата.
Според моите сфаќања влажноста, динамичноста, магнетното поле, шуплината, воздушниот притисок... Венера ја прават препогодна.
Нашата Христијанска религија пред се е култ на сонцето, оттука наш бог е сонцето. Ако Сатаната е спротивно од нашиот Бог, што би можело да биде.? Црна дупка? Скриено сонце? Мрак? Гасовит џин? Можам само да нагодувам.
Можеби Сатаната е подобар господар од нашиот Бог, можеби навистина се однесува на Сатурн, или пак Јупитер - врховниот бог на Римјаните, со 69 досега познати месечини.