Езотерија, Окултизам - А. Кроули, П. Дунов, Д. Фортуне ...

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334

אחד ראש אחדותו ראש יחודו תמורתו אחד
Мислам дека овој есеј „Поголемиот Ритуал на Хексаграм“, кој што фрла скромна светлина кон овој ритуал, многу малку е разгледуван, што ме потикнува да помислам дека во Македонија луѓето што ги интересира езотерија (би требало да се стават наводници кај интересира) е многу мал или тотално површно интересирање, или пак не успеале да налетаат на блогот...

За оние кои се интересираат за астрологија, кабала, церемонијална магика, може да додадеме и тарот овој вовед или објаснување ќе им даде насоки што со нивното теориско знаење и како во пракса, а не само зборување наоколу за тајни организации, илуминати и алхемија од филмовите... :)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Очи ми се залепија, прекрасна слика..ама може ли малку накратко едно објаснување за лаик како мене!?:)
На сликата е нагласен дуализмот, во чиј центар е коцката и розата, симболите на креацијата кај розенкројцерите.
Свингата е обично поврзана со нејзините четирите моќи - scire velle audere tacere. Да знаеш, да имаш волја, да се осмелиш и да молчиш. И таа е прикажана во дуален контекст како машка свинга од лево и женска од десно. Двете ја допираат коцката која го симболизира неманифестираниот универзум од кој излегува "розата". Значењето на розата е процесот преку кој "коцката" се отвара и се манифестира физичкиот универзум. Таа е истата роза што ја има на розенкројцерскиот крст. Не е случаен бројот на листовите. Во центатот има три, околу нив седум и на крајниот круг од розата има дванаесет листови, вкупно 22. Сите се однесуваат на една од фазите на манифестирањето. Малите и големите аркани на таротот произлегуваат од овој симбол на розенкројцерите.
Над нив се Тот, египетскиот бог на мудроста и Ахатор агипетскат божица на убавината како симболизираат баланс или рамнотежа.
Над нив е дуалната симболика на божественото прикажана како сонце и месечина.

Може книга да се напише ако се анализира секој детал од сликава, шаховницата на подот, змијата околу Тот.... Но сметам дека ова е доволно за да поттикне истражување кај оние што се интересираат.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Ако во Холот на МААТ, денес човечкото срце се мери со пердув - заминавме сите јабана. ;)
А можеби пак и такви треба да се тешки премерувањата на човекот, бидејќи - знаеме какви сме.

Од 1000 камења едвај 1 ашлар излегува во светот! :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334

Liber Resh vel Helios или Поздрави на Сонцето (нема врска со јога) е првата работа која ќе Ви задава проблеми ако решите да се занимавате со пракса и сакате да го изведувате како што треба. Зошто? Бидејќи бара простор, време и храброст!
А тоа најмалку го имате денес...

Кратко кажано за овој ритуал е:
„Целта на оваа пракса е најпрвин да се потсетува аспирантот на Големото Дело во правилни интервали(поврзано со сонцестоите во текот на денот); второ, да се доведе во свесен личен однос со центарот на нашиот систем; и трето, за напредни студенти, всушност да се направи магиски контакт со духовната енергија на сонцето и така всушност да се влече сила од него.“

Во „Магика без Солзи“ може да прочитате повеќе за оваа пракса.

Кроули и за Liber Resh и за Малиот Истерувачки Ритуал на Пентаграм (МИРП) вели дека иако навидум изгледаат како прости, почетнички и не толку битни ритуали - всушност се од голема важност за секој сериозен истражувач!
Секоја магиска формула (збор) што се користи во себе содржи по една цела практична философија од различни системи збиени во едно; за целосно разбирање потребно е практикување, изучување и бележење на постигнатото разбирање.

Еден магичар овие пракси ги изведува секој ден, се до неговата смрт тука на Земјата. Нормално, ако има волја да ги практикува, а јас не гледам причина зошто не.

За причини зошто да се изведуваат, во овој есеј од мојот блог може да прочитате повеќе за Liber Resh, бидејќи е премногу да го копирам тука (има и слики за да не Ви биде досадно додека читате) :)

Во есејот се споменува и Liber V Reguli, кој исто така е објавен на мојот блог, па кој е заинтересиран може да го погледне и да истражува повеќе во врска со магиските формули и знаци што се користат, бидејќи за Liber Reguli e книга од класа D и за овој ритуал се вели дека преставува „призив“ за правилна инвокација на енергиите на Еонот на Хорус!
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399

Пред два дена баш си седам на сонце, нозе у вис добри слушалки и ова ми свири у HQ. Кажи ми зошто е потребно рецитирање на зборови некои....имиња и што знам. Зошто не би имало некој контакт со таа појава наречена Сонце на начин без употреба на зборови?
Или можеби јас не ја сваќам поентата на ритуалот :confused:
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Пред два дена баш си седам на сонце, нозе у вис добри слушалки и ова ми свири у HQ. Кажи ми зошто е потребно рецитирање на зборови некои....имиња и што знам. Зошто не би имало некој контакт со таа појава наречена Сонце на начин без употреба на зборови?
Или можеби јас не ја сваќам поентата на ритуалот :confused:
Истава дилема замисли ја во обратна ситуација. Си седи некој дома во тишина, ужива и чита пост каде ти си кажуваш дека го слушаш тоа на линкот и те прашува која е потребата да се слуша такво нешто? Зошто слушаш таква музика?
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Истава дилема замисли ја во обратна ситуација. Си седи некој дома во тишина, ужива и чита пост каде ти си кажуваш дека го слушаш тоа на линкот и те прашува која е потребата да се слуша такво нешто? Зошто слушаш таква музика?
Зошто......нема боље затоа :)
Еволуцијата во музиката го извадила овој производ и е моментално врвот, нормално со употреба на компјутери.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Зошто......нема боље затоа :)
Еволуцијата во музиката го извадила овој производ и е моментално врвот, нормално со употреба на компјутери.
Е арно ама, не сите го имаат истиот ефект кога ја слушаат истата музика. Некого ќе го иритира, за некого ќе биде досадна, а некој ќе биде индиферентен. Исто е и со ритуалите, различна симболика и различни методи, имаат различен ефект кај различни луѓе. Се што треба е да откриеш што функционира за тебе и да си тераш. Ако при тоа сватиш дека твојот метод немора да значи дека ќе даде исти резултат кај сите останати подеднакво, тогаш може да се каже дека си постигнал Разбирање што е над она на останатите. Бидејќи основен услов за секое "просветлување" е да сватиш дека твојата перцепција не е апсолутна, дека тоа што ти дава смисла тебе, немора да значи дека подеднакво ќе го доживеат сите останати.
Либер Реш покрај останатото има за цел и да постигне дисциплина и рутина, која е потребна и корисна и за останатите ритуали а и воопшто за во секојдневието.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Бидејќи ако читаш внимателно, а не читаш туку брзаш да одговориш на твој својствен начин со електронска музики и блескави бои, ќе прочиташе дека реков вака:

кој е заинтересиран може да го погледне и да истражува повеќе во врска со магиските формули и знаци што се користат
Тоа што ти го нарекуваш зборови, не се само „зборови“, ами магиски формули...

Врати се назад и читај внимателно кога мислиш да мудруваш како ова е подобро, а не она...

П.С. Седи си ти пак на сонце со нозе во вис, но таму некаде ќе има луѓе кои ќе практикуваат магика и останати работи за кои како што велиш ти - се било сега јавно дадено, што ќе се заморуваме... ;)
Секогаш има луѓе кои бараат и сакаат повеќе, ова е наменето за нив... за сега и во идните времиња што доаѓаат... та не сме само тука и сега .

П.С. Има боље од компјутерски генерирана музика, но темата не е за музика и кој што слуша и го опушта... друго е тематиката, за друг вид „опуштање“ кое што и не е баш опуштање со „нозете во вис“ :)
 
Последно уредено:

Не те разбирам....од една страна викаш не треба да постојат ready-made методи а од друга промовираш дисциплини и рутини кои се строго дефинирани и треба да важат за сите. Има ли некоја магичност во тие реченици?
Што практично значење имаат сите тие зборови?
Ра, Тахути, Хорус и т.н. кои се тие и што се тие?
На кој начин ќе имаат ефект на мене?
Ако веќе некој ги постира тие ритуали овде на форумов мислам дека е во најмала рака должен да објасни барем во кратки црти на кој начин се тоа функционира.
Кој е ефектот од тие ритуали е нешто на што се сведува се ова.[DOUBLEPOST=1463777497][/DOUBLEPOST]
Бидејќи ако читаш внимателно, а не читаш туку брзаш да одговориш на твој својствен начин со електронска музики и блескави бои, ќе прочиташе дека реков вака:

кој е заинтересиран може да го погледне и да истражува повеќе во врска со магиските формули и знаци што се користат
Тоа што ти го нарекуваш зборови, не се само „зборови“, ами магиски формули...

Врати се назад и читај внимателно кога мислиш да мудруваш како ова е подобро, а не она...

П.С. Седи си ти пак на сонце со нозе во вис, но таму некаде ќе има луѓе кои ќе практикуваат магика и останати работи за кои како што велиш ти - се било сега јавно дадено, што ќе се заморуваме... ;)
Секогаш има луѓе кои бараат и сакаат повеќе, ова е наменето за нив... за сега и во идните времиња што доаѓаат... та не сме само тука и сега .

П.С. Има боље од компјутерски генерирана музика, но темата не е за музика и кој што слуша и го опушта... друго е тематиката, за друг вид „опуштање“ кое што и не е баш опуштање со „нозете во вис“ :)
Добро,
Што ќе добијам од тие магики што веќе не сум го добил од едно обично блеење во сонцето?
Што добиваш ти од тоа кажување на магични зборови?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не те разбирам....од една страна викаш не треба да постојат ready-made методи а од друга промовираш дисциплини и рутини кои се строго дефинирани и треба да важат за сите. Има ли некоја магичност во тие реченици?
Што практично значење имаат сите тие зборови?
Ра, Тахути, Хорус и т.н. кои се тие и што се тие?
На кој начин ќе имаат ефект на мене?
Ако веќе некој ги постира тие ритуали овде на форумов мислам дека е во најмала рака должен да објасни барем во кратки црти на кој начин се тоа функционира.
Кој е ефектот од тие ритуали е нешто на што се сведува се ова.
Каде виде дека треба да важат за сите?! Цело време се потенцира токму спротивното! Дека конкретниве методи и симболика се за заинтересираните, за оние што се пронаоѓаат во симболиката! Не за сите подеднакво! Зошто ти ја посочив споредбата со музиката твоја? Пробај да му докажеш на некој што ужива во класична музика, дека твојава - електронскава била врв на еволуцијата. Толку ли не гледаш дека неможноста да се разбере дека сопствената перцепција не е репер за сите луѓе не е ништо друго туку заблуда? Толку ли досега не си сватил дека токму таа неспособност е она што ги создава религиските фанатици од типит на Мики1? Таа неспособност ги создава догмите - заблудата дека твоето разбирање е единствено точно, твојот метод е единствено прифатлив.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom