ivop
Актив
- Член од
- 15 декември 2012
- Мислења
- 74
- Поени од реакции
- 49
Очи ми се залепија, прекрасна слика..ама може ли малку накратко едно објаснување за лаик како мене!?Прекрасна симболика:
Прегледај го приврзокот 146081
На сликата е нагласен дуализмот, во чиј центар е коцката и розата, симболите на креацијата кај розенкројцерите.Очи ми се залепија, прекрасна слика..ама може ли малку накратко едно објаснување за лаик како мене!?![]()
Ако во Холот на МААТ, денес човечкото срце се мери со пердув - заминавме сите јабана.
Пред два дена баш си седам на сонце, нозе у вис добри слушалки и ова ми свири у HQ. Кажи ми зошто е потребно рецитирање на зборови некои....имиња и што знам. Зошто не би имало некој контакт со таа појава наречена Сонце на начин без употреба на зборови?Liber Resh vel Helios или Поздрави на Сонцето (нема врска со јога) е првата работа која ќе Ви задава проблеми ако решите да се занимавате со пракса и сакате да го изведувате како што треба. Зошто? Бидејќи бара простор, време и храброст!
А тоа најмалку го имате денес...
Кратко кажано за овој ритуал е:
„Целта на оваа пракса е најпрвин да се потсетува аспирантот на Големото Дело во правилни интервали(поврзано со сонцестоите во текот на денот); второ, да се доведе во свесен личен однос со центарот на нашиот систем; и трето, за напредни студенти, всушност да се направи магиски контакт со духовната енергија на сонцето и така всушност да се влече сила од него.“
Во „Магика без Солзи“ може да прочитате повеќе за оваа пракса.
Кроули и за Liber Resh и за Малиот Истерувачки Ритуал на Пентаграм (МИРП) вели дека иако навидум изгледаат како прости, почетнички и не толку битни ритуали - всушност се од голема важност за секој сериозен истражувач!
Секоја магиска формула (збор) што се користи во себе содржи по една цела практична философија од различни системи збиени во едно; за целосно разбирање потребно е практикување, изучување и бележење на постигнатото разбирање.
Еден магичар овие пракси ги изведува секој ден, се до неговата смрт тука на Земјата. Нормално, ако има волја да ги практикува, а јас не гледам причина зошто не.
За причини зошто да се изведуваат, во овој есеј од мојот блог може да прочитате повеќе за Liber Resh, бидејќи е премногу да го копирам тука (има и слики за да не Ви биде досадно додека читате)
Во есејот се споменува и Liber V Reguli, кој исто така е објавен на мојот блог, па кој е заинтересиран може да го погледне и да истражува повеќе во врска со магиските формули и знаци што се користат, бидејќи за Liber Reguli e книга од класа D и за овој ритуал се вели дека преставува „призив“ за правилна инвокација на енергиите на Еонот на Хорус!
Истава дилема замисли ја во обратна ситуација. Си седи некој дома во тишина, ужива и чита пост каде ти си кажуваш дека го слушаш тоа на линкот и те прашува која е потребата да се слуша такво нешто? Зошто слушаш таква музика?Пред два дена баш си седам на сонце, нозе у вис добри слушалки и ова ми свири у HQ. Кажи ми зошто е потребно рецитирање на зборови некои....имиња и што знам. Зошто не би имало некој контакт со таа појава наречена Сонце на начин без употреба на зборови?
Или можеби јас не ја сваќам поентата на ритуалот![]()
Зошто......нема боље затоаИстава дилема замисли ја во обратна ситуација. Си седи некој дома во тишина, ужива и чита пост каде ти си кажуваш дека го слушаш тоа на линкот и те прашува која е потребата да се слуша такво нешто? Зошто слушаш таква музика?
Е арно ама, не сите го имаат истиот ефект кога ја слушаат истата музика. Некого ќе го иритира, за некого ќе биде досадна, а некој ќе биде индиферентен. Исто е и со ритуалите, различна симболика и различни методи, имаат различен ефект кај различни луѓе. Се што треба е да откриеш што функционира за тебе и да си тераш. Ако при тоа сватиш дека твојот метод немора да значи дека ќе даде исти резултат кај сите останати подеднакво, тогаш може да се каже дека си постигнал Разбирање што е над она на останатите. Бидејќи основен услов за секое "просветлување" е да сватиш дека твојата перцепција не е апсолутна, дека тоа што ти дава смисла тебе, немора да значи дека подеднакво ќе го доживеат сите останати.Зошто......нема боље затоа
Еволуцијата во музиката го извадила овој производ и е моментално врвот, нормално со употреба на компјутери.
Бидејќи ако читаш внимателно, а не читаш туку брзаш да одговориш на твој својствен начин со електронска музики и блескави бои, ќе прочиташе дека реков вака:
Не те разбирам....од една страна викаш не треба да постојат ready-made методи а од друга промовираш дисциплини и рутини кои се строго дефинирани и треба да важат за сите. Има ли некоја магичност во тие реченици?Е арно ама, не сите го имаат истиот ефект кога ја слушаат истата музика. Некого ќе го иритира, за некого ќе биде досадна, а некој ќе биде индиферентен. Исто е и со ритуалите, различна симболика и различни методи, имаат различен ефект кај различни луѓе. Се што треба е да откриеш што функционира за тебе и да си тераш. Ако при тоа сватиш дека твојот метод немора да значи дека ќе даде исти резултат кај сите останати подеднакво, тогаш може да се каже дека си постигнал Разбирање што е над она на останатите. Бидејќи основен услов за секое "просветлување" е да сватиш дека твојата перцепција не е апсолутна, дека тоа што ти дава смисла тебе, немора да значи дека подеднакво ќе го доживеат сите останати.
Либер Реш покрај останатото има за цел и да постигне дисциплина и рутина, која е потребна и корисна и за останатите ритуали а и воопшто за во секојдневието.
Добро,Бидејќи ако читаш внимателно, а не читаш туку брзаш да одговориш на твој својствен начин со електронска музики и блескави бои, ќе прочиташе дека реков вака:
„кој е заинтересиран може да го погледне и да истражува повеќе во врска со магиските формули и знаци што се користат“Тоа што ти го нарекуваш зборови, не се само „зборови“, ами магиски формули...
Врати се назад и читај внимателно кога мислиш да мудруваш како ова е подобро, а не она...
П.С. Седи си ти пак на сонце со нозе во вис, но таму некаде ќе има луѓе кои ќе практикуваат магика и останати работи за кои како што велиш ти - се било сега јавно дадено, што ќе се заморуваме...
Секогаш има луѓе кои бараат и сакаат повеќе, ова е наменето за нив... за сега и во идните времиња што доаѓаат... та не сме само тука и сега .
П.С. Има боље од компјутерски генерирана музика, но темата не е за музика и кој што слуша и го опушта... друго е тематиката, за друг вид „опуштање“ кое што и не е баш опуштање со „нозете во вис“![]()
Каде виде дека треба да важат за сите?! Цело време се потенцира токму спротивното! Дека конкретниве методи и симболика се за заинтересираните, за оние што се пронаоѓаат во симболиката! Не за сите подеднакво! Зошто ти ја посочив споредбата со музиката твоја? Пробај да му докажеш на некој што ужива во класична музика, дека твојава - електронскава била врв на еволуцијата. Толку ли не гледаш дека неможноста да се разбере дека сопствената перцепција не е репер за сите луѓе не е ништо друго туку заблуда? Толку ли досега не си сватил дека токму таа неспособност е она што ги создава религиските фанатици од типит на Мики1? Таа неспособност ги создава догмите - заблудата дека твоето разбирање е единствено точно, твојот метод е единствено прифатлив.Не те разбирам....од една страна викаш не треба да постојат ready-made методи а од друга промовираш дисциплини и рутини кои се строго дефинирани и треба да важат за сите. Има ли некоја магичност во тие реченици?
Што практично значење имаат сите тие зборови?
Ра, Тахути, Хорус и т.н. кои се тие и што се тие?
На кој начин ќе имаат ефект на мене?
Ако веќе некој ги постира тие ритуали овде на форумов мислам дека е во најмала рака должен да објасни барем во кратки црти на кој начин се тоа функционира.
Кој е ефектот од тие ритуали е нешто на што се сведува се ова.