Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.277
- Поени од реакции
- 12.272
Скиентологијата НЕ Е таен Ред! Да не мешаме глупости со свети работи....
Ако станеш член на езотериски таен Ред, што мислиш каква е природата на врската со другите членови? За кои тоа тајни езотериски Редови зборуваш дека напуштањето на Редот е предавство? Во кој тоа Ред ти си бил член и знаеш некој што напуштил и е сметан за предавник? Предавник мислам дека не се станува со напуштање на Ред, ами ако ги издадеш тајните за кои си дал завет да ги држиш во тајност.
За О.Т.О. на пример - за други не можам да зборувам, не е проблем да напуштиш кога и да сакаш. Секако убаво се вели дека секој има право на првите три степени, така да напуштањето не е проблем. Работата е да си го одржуваш дадениот збор дека тајните совладани додека си бил во Редот и си напредувал, да останат тајна - затоа и ти биле дадени тие тајни бидејќи си стекнал доверба. Ако издадеш се, што човек си? Телемата како философија на Редот вели дека секој е Крал и Ѕвезда. Знаеш дека Крал не го повлекува дадениот збор!
Така да дали остануваш во Редот до крај ии се повлекуваш во овоземскиот живот - заветот постојано те врзува за Редот.
Така да ако напушти некој - неможејќи да ги помине искушенијата на својот степен, мир со него. Затоа постојат и степените и искушенијата! Малкумина напуштиле и немаме никаков проблем со тоа. Тоа и го пишува во нашите книги - прави што ти е волја. Ако ти е волја да напуштиш - мир со тебе брате
Така да треба да прецизираш за кои тоа тајни Редови, кои имаат езотериски пракси, мислиш додека зборуваш.
И велиш телемитите користат сексуална енергија? Кој знае што прават старите тајни тантрички Редови од Истокот без Име Сигурно за тоа знаат само орлите