Езотерија, Окултизам - А. Кроули, П. Дунов, Д. Фортуне ...

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.278
Поени од реакции
12.273
Скиентологијата НЕ Е таен Ред! Да не мешаме глупости со свети работи :D

Ако станеш член на езотериски таен Ред, што мислиш каква е природата на врската со другите членови? За кои тоа тајни езотериски Редови зборуваш дека напуштањето на Редот е предавство? Во кој тоа Ред ти си бил член и знаеш некој што напуштил и е сметан за предавник? Предавник мислам дека не се станува со напуштање на Ред, ами ако ги издадеш тајните за кои си дал завет да ги држиш во тајност.

За О.Т.О. на пример - за други не можам да зборувам, не е проблем да напуштиш кога и да сакаш. Секако убаво се вели дека секој има право на првите три степени, така да напуштањето не е проблем. Работата е да си го одржуваш дадениот збор дека тајните совладани додека си бил во Редот и си напредувал, да останат тајна - затоа и ти биле дадени тие тајни бидејќи си стекнал доверба. Ако издадеш се, што човек си? Телемата како философија на Редот вели дека секој е Крал и Ѕвезда. Знаеш дека Крал не го повлекува дадениот збор! ;)
Така да дали остануваш во Редот до крај ии се повлекуваш во овоземскиот живот - заветот постојано те врзува за Редот.

Така да ако напушти некој - неможејќи да ги помине искушенијата на својот степен, мир со него. Затоа постојат и степените и искушенијата! Малкумина напуштиле и немаме никаков проблем со тоа. Тоа и го пишува во нашите книги - прави што ти е волја. Ако ти е волја да напуштиш - мир со тебе брате :love:
Така да треба да прецизираш за кои тоа тајни Редови, кои имаат езотериски пракси, мислиш додека зборуваш. ;)

И велиш телемитите користат сексуална енергија? Кој знае што прават старите тајни тантрички Редови од Истокот без Име :D Сигурно за тоа знаат само орлите :)
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.352
Поени од реакции
84.573
Прво, морам пак да нагласам дека постот ми беше недовршен.

Скиентологијата НЕ Е таен Ред! Да не мешаме глупости со свети работи :D
Ни ја не реков дека е таен. Но секако дека има тајни кои им се објаснуваат само на членовите.

За кои тоа тајни езотериски Редови зборуваш дека напуштањето на Редот е предавство?
Сите, помалку или повеќе, го доживуваат тоа така.

Предавник мислам дека не се станува со напуштање на Ред, ами ако ги издадеш тајните за кои си дал завет да ги држиш во тајност.
Точно. Но, многу често на тој што напуштил, се гледа како веќе да ги издал тајните.

За О.Т.О. на пример - за други не можам да зборувам, не е проблем да напуштиш кога и да сакаш. Секако убаво се вели дека секој има право на првите три степени, така да напуштањето не е проблем. Работата е да си го одржуваш дадениот збор дека тајните совладани додека си бил во Редот и си напредувал, да останат тајна - затоа и ти биле дадени тие тајни бидејќи си стекнал доверба. Ако издадеш се, што човек си? Телемата како философија на Редот вели дека секој е Крал и Ѕвезда. Знаеш дека Крал не го повлекува дадениот збор! ;)
Така да дали остануваш во Редот до крај ии се повлекуваш во овоземскиот живот - заветот постојано те врзува за Редот.
Ти можеш за ОТО да кажеш што сакаш, а и јас исто. Ти си член, јас - не сум, но тоа никако не значи дека твоите излагања се вистинити, а моите неточни.
На пример, кога член на Саентологија ќе ти каже поинаква вистина за неа, од не член, дали со сигурност ќе го прифатиш неговото мислење како вистинито и реално, а на нечленот мислењето ќе го отфрлиш?
Тоа што ти си, или било кој е, член, не само што не е никаква гаранција за вистинитоста на излагањата, туку и напротив, повеќе шанси има токму тоа, некому да биде причина да верува дека гледиштата на членот се "разубавени".
Не тврдам дека обавезно, членовите (моментални) ја pimp-аат вистината за сопственото братство, туку само алудирам на тоа дека е наивно, вистинитоста на тврдењата за редот да се верифицира на форумов, преку искажување на припадноста на творецот на тврдењата.
Па види Муслиманите што пишуваа за Исламот. Ако ги читаш, ќе си речеш дека станува збор за хипи-комуна.



Инаку идејата на предходниот пост беше да се споменат приземните, неокултните опасности на кои треба да внимава оној кој влегува во еден таков ред/братство/тајно-нетајно друштво...А се однесуваат на измами со изнуда на пари од членовите (Саентологија е позната по ова), измами од типот на сексуално искористување на членовите или пак недозволени политички манипулации со братството (на пример италијанскана укината ложа).

Жално е што многу често светата наука се злоупотребува за вакви приземности, но така е кога луѓето се обидуваат да одат по побрзиот пат, без тренинг и инстанто.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.278
Поени од реакции
12.273
:facepalm:

Кога ќе почнеш да правиш разлика од тајни Редови, религија и езотерија - дојди ќе помуабетиме. А вака ништо не правиме.
Во еден пост сешто изнапиша!

Ок, јас лажам како член на таен езотериски Ред, ти како не-член зборуваш вистина за истиот тој Ред, за тоа како јас чувствувам за Брат кој што не е веќе активен член во Редот, како езотеријата може да го зафркне иницијантот... Многу е страшно во тајните езотериски Редови - се е за пари, секс и мрачни ритуали кои го водат мнозинството кон смрт и обожување на боговите на смртта!
Де бре Ванчо :) Што писанија испадна ова твоето! :)

И пак мешаш секакви организации за да укажеш дека окултното е опасно и ќе те исткористат и политички и сексуално (можеби ќе те искористат, да, внимавајте кај сакате да пристапите како иницијант) - да не зборуваш за неиницираните и нивниот секојдневен живот? :) Да идеме пак сите во христијанство, што велиш? ПРавославна Македонска Езотерија - ПМЕ, ако постои :)

Јас зборува за О.Т.О. не зборувам за масони, Скиентологија и слични ... ти не разбираш како дејствува еден езотериски Ред. Езотеријата не те врзува со политика, секс и не знам ти што што ги мачи профаните. И не мислам да те убедувам различно од она што си читал по нет ...

Знаеш дека постојат тајни езотериски Редови во кои ништо не се плаќа? Ако тоа ти е проблем...
Знаеш ли што значи таен езотериски Ред воопшто?
И дали знаеш КОЈ го гради тој Ред? :)
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.352
Поени од реакции
84.573
Абе види, манипулациите со зборови нема никако да го тргнат лошиот глас кој ги бие ваквите друштва.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.278
Поени од реакции
12.273
Абе види, манипулациите со зборови нема никако да го тргнат лошиот глас кој ги бие ваквите друштва.
А кој пак сака да ги тргне гласините?
Ти си тој што ги шири ете гласините, од тоа што прочитал и слушнал, без искуство... јас само те потпрашувам од каде таа идеја да ширирш гласини... Страв? Омраза кон тајни како некои форумџии? Што?


Гласот е небитен. Кој будала слуша глас? Тебе ти се битни гласините за било што или истражувањето и напредувањето? За О.Т.О. што се гласини нема, што се видеа не се снимени... :) Ако некој верува во тие гласини, не ни треба да пробува на патеката на иницијацијата и езотерија...
Стравот те тебе отфрли од патеката која си ја започнал со Бардон, Форчн, Регардие? Муабетите раширени од кукавици за езотеријата и тајните Редови те предомисли?
Можеби затоа и повеќе си се заинтересирал за христијанство и неговите политички врски отколку за езотерија...

Манипулацијата со зборови е глупост. Не е паметно да се користи при вакви работи. Тоа е поеќе религиозна и политичка работа отколку што има врска со вистински тајни Реови и мистерии. Секако и да се манипулира, ако некој истражува вистината ќе се појави во врска со гласините.

Ниту еден езотериски Ред и тајна организација не се обидува да ги демантира разноразните гласини - ако почне да се занимава со тоа - за каде сме? :) Еозтеријата не се занимава со политиките на профаните и нивните стравови, оправдувања ...
Некои тајни мора да останат тајни - иако нивно разоткривање би го тргнал гласот што се шири за истите - но би ја профанизирал мистеријата на иницијацијата! Дали ме разбираш?

Жртвата е таа и тоа е тоа... штета што ти си поверувал на гласини и шириш гласини за езотериски Редови кои ги буткаш во еден ист кош сите - окулт=лошо=искористување... Испаѓа свети отци, религија, пророци, ислам, христијанство - ок!

Сосема површно... и погрешно. Нели? ;)
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.352
Поени од реакции
84.573
Ти Хептаграме покушаваш да ми импутираш ствари кои не сум ги рекол и ствари кои немаат врска со муабетов.

Не се сите редови корумпирани и трули. Но членовите на сите редови се луѓе.

Обично намерите на повеќето членови се искрени. Во историјата скоро сите случаи на злоупотреба започнале со искрени намери на учесниците, но после некое време одредени слоеви на редот ја покажуваат сопствената трулеж и го трујат и редот.

Луѓе се членовите и лесно можат со човечките слабости да ја поткопаат суштината и гореспоменатите злоупотреби да се случат.

Ова е карактеристично за редовите кои одат по лева патека, затоа што они идат по брзиот пат, инстант патот. Без лично унапредување се качуваат вртоглаво и обично од тоа произлегува злоупотребата. Извира од личната духовна неспремност.

Секој оној кој сака да се приклучи кон некое братсво, ред, па бил таен, полутаен, масонски, телемитски или било каков, колку и да е света, божествена суштината, основата на редот, треба да знае дека редот е составен од ЛУЃЕ.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.278
Поени од реакции
12.273
Нормално! Луѓе! Затоа барем ние велиме: ЧОВЕШТВОТО ПРЕД СЕ! :D Конечно за нешто да се сложиме! :)
Зошто се сите тие искушенија, пракси, степени, станици... Не е ништо бесцелно во еден таен езотериски Ред кој шт3о има систем на иницијации.

И дај дефинирај што ти значи тоа „трули и корумпирани“, за да знам дали збориш за масоните, за познатите „розенкројцерски“ редови, источни школи, суфи редови... Ајде дефинирај ми... да не се бркаме наоколу. Ми здосади.
Затоа сакав да потенцираш за кои тоа тајни Редови збориш и од каде инфо дека се „трули“ или „корумпирани“... не може да покажуваш со прст на празно, кон ништо!
Кога обвинуваш дека некој е корумпиран дали во минатото, дали сега ... добро е да се каже за кој мислиш? За масоните мислиш? За некој друг? За телемитите? Сакаш да ми кажеш дека профаните се корумпирани, слаби?

Те прашав и претходно дали знаеш како е врзан еден ЧОВЕК со другите во еден езотериски Ред?
Не ми одговори, продолжи да се заморуваш како Редовите се куп луѓе, сигурно си со идеја како имаат слабости... па во иднина може по потреба да се корумпираат и слично. НЕ Е ТАКА! Ќе мора малку да простудираш како се уредени истите (има за профаните по нешто дадено, да не е без ништо)!
Редот не прави од човекот тоа што не е, ако ме мене прашуваш. Секој се знае до каде ќе оди по неговите дела!

Еден сериозен езотериски РЕД, не е „само луѓе“! Да беше „само луѓе“ ќе дејствуваше на Земјата како политичка партија!!!

И нема врска лев десен пат - ти пак тераш по старо :) Кои се тие редови со инстант патот? Кои се тие редови кои опстојуваат а членовите се сите „без лично унапредување“ или повеќето? Како ќе управуваш со Редот (за тоа што е управување ќе бараш некаде по нашите книги, не можам да пишувам цел текст тука) ако не си ги поминал искушенијата?
Со ова ме ставаш во позиција да се сомневам дека некогаш си разбрал што значи иницијацијата во мистериите на еден таен Ред.

Не постои брз пат. Па нели и дрвото на животот е составен од три столба. Без еден од нив паѓа универзумот. Што си се наплашил толку од левата патека кој те знае. Кој ми те научи на нејзините пракси и философија? Ќе го избереш средниот столб? Што со него ако имаш преголема милост или ако имаш преголем строгост? Така да тоа лев пат лошо = сатанизам = сексуална магика = тантра (како што имам читано насекаде од неупатени) не држи вода и е погрешно. Не може + без - и обратно.

Се мислам дека ова те има тебе отфрлено од патеката па Бардон и остали ти останале философија само и си се повлекол.
Абе врати се, сега си постар, ќе се снајдеш многу подобро во езотеријата, праксите, разните форми на јога, церемонијална магика... барај пристап некаде каде што најмногу ќе ти одговараат праксите, да видиш од искуство како Редот не е „само луѓе“ ... Вака само покажуваш како си наплашен од тоа како „Редовите се само луѓе“. :)

Доаѓаат од ЧОВЕШТВОТО иницијантите, не многу но секогаш доволно!
И НЕ можеш никој да убедиш или разубедиш да бара иницијација или не! Тоа барем јас го научив додека сум тука на Земјата!


П.С. По муабетот мислам дека збориш за масоните и нивните разни информации како се замешани во ова или она :) Или скиентологијата :D Немој само за WIcca да мислиш вака? :)
 

ivop

Актив
Член од
15 декември 2012
Мислења
74
Поени од реакции
49
Не знам дали прашањево е за во оваа тема ама дали некој знае каде во Скопје можат да се купат тарот карти?
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.352
Поени од реакции
84.573
Не знам дали прашањево е за во оваа тема ама дали некој знае каде во Скопје можат да се купат тарот карти?
Ја пред едно 15 години, купив од дистрибутерот на Езотерија, еден шпил. Но тоа беше кроулиевиот Тарот* (плус книгата, ме кошташе едно 60-тина евра).
Ти веројатно бараш (што би рекле) обичен тарот шпил.
Прашај ги нив, али не верувам да имаат. Сепак, побарај во Матица и евентуално во Табернакул (Икона не држат езотеријска литература).

* не беше за мене, за подарок беше
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.278
Поени од реакции
12.273
Не знам дали прашањево е за во оваа тема ама дали некој знае каде во Скопје можат да се купат тарот карти?
Нацртај си сам - додека ги учиш атрибуциите дадени по разни книги.
После неколку изработени шпил карти, ќе дојдеш до некое сознание како и зошто така да се исцртани... ;)

Јас не знам дали се продаваат тарот карти тука. Моите се подарок од еден Брат од Америка...
 
W

Werther

Гостин
Нацртај си сам - додека ги учиш атрибуциите дадени по разни книги.
После неколку изработени шпил карти, ќе дојдеш до некое сознание како и зошто така да се исцртани... ;)

Јас не знам дали се продаваат тарот карти тука. Моите се подарок од еден Брат од Америка...
Хепта, јас, ако сакаш можам да ти најдам тарот карти, и тоа лично потпишани од Сабина.

Ако си за, кажи слободно, не се срами.



:D
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.278
Поени од реакции
12.273
Зошто не ме читаш бре момак? Се некои шегаџии по форумот...


Реков дека имам Тот тарот потпишани од некој друг, мој пријател... ако не разбра во претходниот пост. :P
И од такви како Сабина ( Милан Тарот е двеста пати, ма 220 пати подобар од било која Сабина), ти се потсмеваш насекаде за работи кои не те интересираат ниту пак ќе пробаш да научиш нешто. Страм да ти е :D Се смееш на нешто што не го разбираш. И не ми се правдај со наредни постови, и не ми пишувај како не разбирам шега. Немој...
Ти си што, некој дистрибутер на Сабина карти? :vozbud:

А да си продолжиш на друго место со зафрканции, што велиш на тоа? ;)
Хм?
 
W

Werther

Гостин
Зошто не ме читаш бре момак? Се некои шегаџии по форумот...


Реков дека имам Тот тарот потпишани од некој друг, мој пријател... ако не разбра во претходниот пост. :P
И од такви како Сабина ( Милан Тарот е двеста пати, ма 220 пати подобар од било која Сабина), ти се потсмеваш насекаде за работи кои не те интересираат ниту пак ќе пробаш да научиш нешто. Страм да ти е :D Се смееш на нешто што не го разбираш. И не ми се правдај со наредни постови, и не ми пишувај како не разбирам шега. Немој...
Ти си што, некој дистрибутер на Сабина карти? :vozbud:

А да си продолжиш на друго место со зафрканции, што велиш на тоа? ;)
Хм?
Не бе какво правдање, стварно везе сум немал...

Ја фаќам штрафта, глеам на лева нога си станал.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.278
Поени од реакции
12.273
Добро гледаш :)
Ако ви попушта човек многу залет земате... мора да ве сече човек во старт. Или да си одите од темиве или да пробате да научите нешто и да пишувате врзано со темите, друго чаре нема...

Досадно станува онака. Зборување округло па во ќош. И темите, масакар, не знаеш зошто е темата... :cautious:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom