Езотерија, Окултизам - А. Кроули, П. Дунов, Д. Фортуне ...

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
H

Hyperion VI

Гостин
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.932
Па да и за книгава мислев,ако ти треба промоција од врата на врата(ќе частиш ти фин си) .
Планирам и некое % за тебе од продажба, ќе ми треба и пер ривју плус некој појаснувања за појака паралела, Ботко исто да убаци предговор со неуросајнс тежина... гледам јас смисла на целава тема.... пасив инкам пријатели!

А од врата на врата - тука е Рон за тоа!

Книгата на зоки едвај чекам да ја прочитам да бидам искрен, сакам копија со потпис ако може, од мојот идол уф живото
За тебе, не само копија со потпис, туку и ќе те спомнам уф еден посебен чаптер при крајот. Те сакам.:love:
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.035
Поени од реакции
42.747
Планирам и некое % за тебе од продажба, ќе ми треба и пер ривју плус некој појаснувања за појака паралела, Ботко исто да убаци предговор со неуросајнс тежина... гледам јас смисла на целава тема.... пасив инкам пријатели!

А од врата на врата - тука е Рон за тоа!


За тебе, не само копија со потпис, туку и ќе те спомнам уф еден посебен чаптер при крајот. Те сакам.:love:
Што ќе бидеш ти у книгата? Брус Вејн, милијардер, ебач, филантроп? Еден ден ќе се разбудиш уф љубов и ќе го убиеш Раз ал Гулот во себе. Оној што те тераше да живееш раскалашен живот. И после тоа го посвети животот на буда и вегетаријанство.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.932
Што ќе бидеш ти у книгата? Брус Вејн, милијардер, ебач, филантроп? Еден ден ќе се разбудиш уф љубов и ќе го убиеш Раз ал Гулот во себе. Оној што те тераше да живееш раскалашен живот. И после тоа го посвети животот на буда и вегетаријанство.
Не Рон, ќе инвоцирам свест, еден авернес кој само набљудува и запишува шо видел.... на еден начин ќе ја канализирам книгата... а ентитетот шо ќе го канализирам е.... погодуваш... овчарот медитатор.

Брус Вејн у овие кругови не се продава.... и треба пак да го гледаш бетмен бигинс, скроз си помешал шо и кој е Раз...
 
H

Hyperion VI

Гостин
Дрекцелчето мило,оно си сака да си биде понизник кај авторитетите :)
Не Рон, ќе инвоцирам свест, еден авернес кој само набљудува и запишува шо видел....
Рон е Едвард Кели (одрекнат) во твојот случај.
Не се секирај која книга не сме ја пробутале ;)
 
D

Drexel

Гостин
Дрекцелчето мило,оно си сака да си биде понизник кај авторитетите :)

Рон е Едвард Кели (одрекнат) во твојот случај.
Не се секирај која книга не сме ја пробутале ;)
Кои авторитети бе хипе, досадно ми е по дома па кајгана стана моја верзија на турска серија :tvg:
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.735
Има. Не му ги сакам литературните дела на Кроули, ниту пак сликите. :D

Чекај не брзај да ми објаснуваш ќе се повредиш... веќе наназад постојано нешто објаснуваш за тајни редови и Кроули повикувајќи се на овој или оној за да изгледа веродостојно неразбраното во однос на езотерија!
Признај си еднаш дека имаш одбивност кон ова и имаш негатиевн став и се што би прочитал би го виткал и касапил за да си докажуваш како постојано си во право... не мене да ме прозиваш како јас сум крив што ти имаш ваков став за овие теми!
Не си во право и може било што да си додаваш во умот во однос на мене и други само за да јас бидам виновен за тоа што тебе не те интересира оваа тематика...

Знам како делуем (малку и јас со скопски дијалект) за неколкумина од вас тука кои 10 страници зборувате за нештата како да ги знаете, разбирате и ви се надминати...

Тоа што не може да знаете и да имате допир во врска со езотеријата и тајните учења е реалност и не треба да го гледате дека друг некој што го интересирало ова и се пронашол, се иницирал и зборува колку може за тоа - е елитистички расположен во однос на вас. Не зависи тоа од некој надворешен фактор - од тебе зависи. Зошто не бараш иницијација било каде, за да пронајдеш нешто од езотериските учења? Бидјеќи тоа ти е одбивно и не се гледаш во сето тоа...

Не може никој да натера друг да го интересира нештото, исто како што не може никој да убеди друг за иницијација!
Тоа е внатрешна ствар, не надворешна!
Ти си виновен или по твоја одлука на разумот имаш аверзија кон сето ова...

Која е таа твоја „fucking discussion" со тебе кога имаш одбивност кон езотерија и иницијаторски системи, кога веќе Кроули е караконџул, зло и не знам што се не друго за тебе? Сакаш да расправам јавно за ствари кои не се за јавно расправање само за да ти промениш мислење за Кроули и езотеријата како тајни прaкси?
Треба да те поправам, да те убедувам, да споделува „разумни и логички“ докази за да ти смениш размисли?
Да го сведам сето тоа на философија и психологија? Јунг не успеа да свлечка се во амбисот на разумот - јас ли ќе се обидувам или ти?
Тоа не сум го направил никогаш, нема ниту сега... не разубедувам луѓе.

Ти си тој кој што глуми познавач на работите и расправаш со простачки говор како сите ние другите сме глупаци, забегани, верници и не знам што се друго.
Диши. Ништо нема да промениш ни кај мене ниту кај другите.
За да си олесниш во животот и тропнеш на масата како си ми кажал се тука и си ме навредил - може да се обидуваш тоа да го правиш - залудно е.

Не е ова философија па да ти преку 2 дена менуваш став на база на читања 2-3 автори или јас што ќе кажам и да завршиме...

Не е ништо недостижно во однос на овие ствари. Недостижно е кога човек со обидува со калауз да отвори врати кои не се отвараат така како што намислил!
Не знам зошто твоите проекции за стварите ги преставуваш како реалност и ги префлраш на другите дека и тие исто така тоа го мислат или некаде го кажале тоа!
Тоа што ти мастурбираш на други автори, не е проблем - но е проблем Кроули и други автори кои зборуваат за теми кон кои ти имаш одбивност и негативен став?
Ќе речам: пранајама и асана за да малку смириш топка... ќе ти биде подобро.

Не ми е битно ти како правиш муабет со мене или како ме перцепираш - не може сите да пишуваат без навреди и сарказам за работи или соговорници со кои не се сложуваат :)
Не разбираш што ти зборуем. Не е битно кој што го интересира. Ако приметуеш, не го вреѓам Хајперион, не го вреѓам Профаундли Стјупид, не го вреѓам Берик, не го вреѓам Боди... Мислиш дека се слагам со нивните светогледи? о.О Знаеш со колкумина се дружам у вистински живот што се у Магедон, Харе Кришна и ред други такви места? Мислиш сум немал другари од О.Т.О.? Ја и покрај моите ставови за нивните верувања, никад ги неам навредено и дури учествуем у тие групни чантања и заебанции чисто пошто ми се свиѓа искуството од феноменолошка перспектива.

Зошто со тебе се понашам вака?

Хепта, цел живот, еден од најсилните двигатели и работи кои најдлабоко сум ги проучувал и практикуел ми се спиритуалните пракси, филозофијата, науката и психологијата. Сум искусил и знам многу поише отколку што си замишљаш пошо Езотерија не е само О.Т.О. Ама, ете, сум завршил на друг пат од твојот. Ја неам проблем со твојот пат, иам проблем со твојот табиет и со твојот пристап. Десет години сум на форумов и толку некаде те читам. Не сум видел еден пример у кој ти влагаш и праиш нормален муабет со некој. Увек еготрипаш. Не само со мене, со сите.

Мислиш од одбивност кон езотеријата ги знам сите овие работи што ги зборуем? Не. Ја се иам години бавено со разно разни работи и си иам своја историја за која врска немаш. Мислиш дека Профаундли не знае ништо за езотерија? Ти знаеш само? Ја не сум само со две книги од Ханеграф (иако ми е супер он у задњо време и скоро све исчитав од него). И ја ко повеќето тука, сакам да знам како стојат работите. Ја не само што неам одбивност кон езотерија, туку и ме привлекуе. Ама не веруем у нејзе, не можам да веруем кога го знам тоа што го знам. Моите критики кон вашите пракси се пошто, мене, искрено ме интересира каква е вистината. И не можам да се залажуем, навистина мислам дека тоа е булшит. Би ми било мило да не беше. Ама е. Тоа се фактите кои немаат врска со моите естетски инклинации и емотивни потреби. Ја сакам тоа да е така ко што збориш. Ама не е и нема да стане... За мене осознавањето на многу работи ми беше „Дедо Мраз не постои“ удар на млади години. И ја сакам да постои. Ама ј-е-б-и-г-а.
Има многу работи кои ти не ги знаеш и треба да бидеш поскромен ако стварно сакаш да трагаш по вистината. Психологијата не е Јунг, филозофијата не е Ниче. Тоа се работи кои се многу подлабоки и повтемелени у све што го доживуеш и веруеш.
Мојот интерес кон езотеријата завршуе на антрополошко, социолошко, историско и естетско проучување, додека твојата перспектива е од аспект на верник. Но мислиш дека само христијаните може да зборуваат за христијанството, а и да го проучуваат? Само муслиманите за исламот? :)
Ја ти го контам мајндсетот. Ти ова го глеаш ко занает. Читаш хиероглифи седум саати, поврзуеш некои елегантни техникалии, фасциниран од решенија кои Кроули ги нашол на долгогодишни проблеми у окултизмот.

„На никој не му текнало дека ако убаци јазик од жаба (карикирам, се заебавам), ама наопачки, додека го чита овој симбол, ама го толкуе вака, не онака, уствари може да го реши тој и тој проблем. На овие не им е јасно ништо, бладаат тука како ние сме индоктринирани. А они се заглавени у јазикот и нивните ниски емоции. Плукаат од завист и ловат вештерки пошто:

1.Им е криво дека не можат да разберат и го судат Непознатото од страв (слични рационализации).

2. Не знаат какви мајстории се дешаваат кога ќе најдеш решение у „Liber 777" на тие и тие колони, што ги поврзуеш вака и вака со сефирот и бојата на Венера, у ваква геометриска прогресија, со овакви гематриски итн... Уау, браво Кроули, преелегантно!“

Се осеќаш ко кодер што дешифрира подлабоки аспекти од вистината, додека ние паламудиме некои мандејн срања. Ја сум го осеќал тој сентимент кога некој тресе глупости за нешо шо ми е занает. Сум седел ја, проучуем JAK32 мутации со PCR, зиам, склапам матрикси со биоинформатика, реверзни транскриптази и тристо чуда, ја разбирам интрикантноста на генетиката, нејзините ефекти на организмот/мозокот и комплексноста у генетски индуцираните варијации на 5HT-2A/Б серотонинските рецептори, што доведуе до... И некој ми доаѓа, ми вика: Глупи се Бугарите, имаат татарска крв, ние генетски сме Антички Маќедонци, поголемо ајќу иаме. И како сеа ја да му објаснам на тој акмак дека не иде така у генетика, дека тоа со хаплогрупите е многу покомплицирано од глупиот наратив што го имаат Бугарите за нас и ние за нив, дека националноста е социјален идентитет, дека IQ не корелира со тие и тие хаплогрупи пошто варијацијата у когнитивни способности поврзани со нуклеотидни полиморфизми... ехеее. Тој акмак е еони поназад од мене у разбирање бихевиорална генетика, наука и тристо други чуда. У тој момент ми расте еготрипот, го глеам ко наивен симплетон што не разбира што зборуе и му велам: „Така е, бабуш." од култура или го игнорирам. Така некако ги доживуеш луѓето што го критикуваат секс финдот и неговите учења. Ама ти не разбираш дека спајањето гематриски формули цел ден има епистемиолошка вредност колку решавање судоку, туку мислиш дека откриваш интрикантни аспекти од реалноста, скриени за профаните. И океј сум со тоа, не веруем дека некогаш ќе доеш на моето, а сум бил на твоето и ради тоа те сфаќам.

Настрана од твојот карактер, мојата критика кон О.Т.О. е принципиелна, не водена од омраза или одбивност. Не почитувам организирани структури и тајни редови поради многу причини кои мислам дека се контрапродуктивни и многу од нив више ги објаснив на долго и широко.

А ме мрзи да објаснуем уште. Нема ни поента. Ти не знаеш да дебатираш, не ја разбираш уметноста на аргументирањето, ниту ќе го задоволиш јазикот што ја го барам у дискусии. Сум пробал неколку пати пристојно да ти пристапам, а сум наишол на блувотини и его трипови. Ти си едностран емитер на информации и не ми смета тоа. Веруем дека имаш поголем потенцијал од ова у што си заглавен сеа и пропушташ многу значајни аспекти и сознанија за светот кои ќе те гурнат у друга насока. Ама не е мое да ти кажуем што треба да праиш. И џабе се распрааме, нема никад да се разбереме, касно е. Нема назад, ниту опција за некакво депрограмирање таму во феноменологијата на твоето искусување. Зацврстено е тоа со години индоктринација, градење на само тој идентитет и милион дефанзивни механизми. Ако го нема О.Т.О., што остануе? Ради тоа некад е попуст обидот да разнишам било што од твоите програми и да допрам негде подлабоко. Така да... Шо остануе освен: Агапе и секој по својот пат. :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.254
Поени од реакции
12.265
Те разбирам, не можам да ти помогнам. :) Не знам зошто сеуште се мачиш да сето ова го сведеш на психологија, да го сведеш на философија која ќе ја споредуваш со сешто...
Не знам ни која е сатисфакцијата да се задоволуваш со било какви информации за овие работи, посебно О.Т.О. само бидејќи ти одговараат на тоа ти што мислиш дека е реалност :D

Не се расправаме, ти зборуваш сешто и користиш простачки говор во глуп обид да пробаш да ме навредиш, говор кој го оправдуваш преку „моето не знам какво однесување“ тука :) Постојано другите се криви за да вие бидете она што сте денес.
Јас само читам и сум зачуден како луѓе се заморуваат со ствари кон кои не се ни 5% привлечени, туку чуствуваат само одбивност и негативни ставови...

Постојано О.Т.О. па О.Т.О... Ќе исчезнел Редот... so what? Еден ден нема да има повеќе Телема! Друг Закон и други искушенија ќе има за човештвото... нема да глаголаме за „крај на светот“, секако :)

Овој Ред за кој глаголате толку лековерно, толку брзоплето да не кажам, е првиот од старо-еонските редови кој го прифати Законот на Телема! Тоа е тоа...
Законот на Телема не доаѓа од О.Т.О. но тоа е друга сказна коај сега ќе ја барате на нет и ќе дојдете да ми глаголате кој знае што и за тоа ;)
Нека ви биде...

Не знам како мислиш да аргументирам било што со тебе и со другите, кога реков и претходно - ти имаш во старт аверзија кон ова, зборуваш сешто, се повикуваш на секакви автори, психологии и философија, не си привлечен кон вакви ствари - зошто треба јас да пронаоѓам аргументи за да те разубедам или да ти потврдам нешто што ти не го гледаш како што јас го гледам?
Јас ќе дозволам да не сум во право ако е тоа потребно за да ги задржам моите заклетви за она што ми е доверено да го знам во врска со овие ствари за кои ти глаголаш како да е тоа вистината , и за езотерија и Кроули и Liber 777, и Liber X (не Liber Lucis, X како непознато :D ) и и се останато поврзано со иницијаторските школи сега и низ минатото...

Агапе е секогаш патот, Телема е ... се знае што е :)

P.S. Езотерија не е само О.Т.О. јас никаде немам кажано дека е така - вие ја наметнувате таа идеја наназад, постојано зборувајќи сешто за Редот во обид да навредувате, исмевате и што уште не...
Така да, ако може да не ме обвинуваш за тоа... а ако Кроули го поврзувате со О.Т.О. и само со тоа - тоа е ваша работа.
 
Последно уредено:
H

Hyperion VI

Гостин
Кои авторитети бе хипе, досадно ми е по дома па кајгана стана моја верзија на турска серија :tvg:
Мил си ми многу затоа се по тебе коментарите :) не се вреѓај
Автоматски споено мислење:

мојата критика кон О.Т.О. е принципиелна, не водена од омраза или одбивност. Не почитувам организирани структури и тајни редови
Законот на Телема не доаѓа од О.Т.О.
Една универзална посока(насока),додека не пробаш нешто,не можеш да знаеш.
Сепак не сакам да изигравам адвокат,меѓутоа приметувам дека односите меѓу Хепта и Ботко се заострија,па јас само сакам да кажам дека треба да се обидете да си ги неутрализирате спротивставените поларитети.
Тука сме да дружиме и све да биде "cool".
Мислам и дека @Drexel чето,моето мило другарче ќе се сложи секако ;)
 
Последно уредено:
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.735
Мил си ми многу затоа се по тебе коментарите :) не се вреѓај
Автоматски споено мислење:



Една универзална посока(насока),додека не пробаш нешто,не можеш да знаеш.
Сепак не сакам да изигравам адвокат,меѓутоа приметувам дека односите меѓу Хепта и Ботко се заострија,па јас само сакам да кажам дека треба да се обидете да си ги неутрализирате спротивставените поларитети.
Тука сме да дружиме и све да биде "cool".
Мислам и дека @Drexel чето,моето мило другарче ќе се сложи секако ;)
Ти не си видел што се оштри односи и жустри дискусии, ова е лабаво. Излези од подфорумов и иди на другите, посебно на Политика. Муабетиве за О.Т.О. ќе ти изгледаат ко приспивна песна за бебиња. :D
 
H

Hyperion VI

Гостин
Ти не си видел што се оштри односи и жустри дискусии, ова е лабаво. Излези од подфорумов и иди на другите, посебно на Политика. Муабетиве за О.Т.О. ќе ти изгледаат ко приспивна песна за бебиња. :D
Хехе бев,видов,само политиката е една инфериорна "психо-материјална"
конструирана матрица,во компарација со "духовната аристократија".
Зашто да не си дадете рака,сепак.
Пак ќе речам можда јас сум озлогласена личност во некои окултни друштва,но сепак,пропагирам "безрезервна љубов".
(Не таа на Отец Кроули ;) )
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.735
Хехе бев,видов,само политиката е една инфериорна "психо-материјална"
конструирана матрица,во компарација со "духовната аристократија".
Зашто да не си дадете рака,сепак.
Пак ќе речам можда јас сум озлогласена личност во некои окултни друштва,но сепак,пропагирам "безрезервна љубов".
(Не таа на Отец Кроули ;) )
Тоа е пошто не те интересира политика. Политиката е интегрален аспект од нашето постоење и оперирање у светов, без кој, ништо нема да го спречи хорсајлата на улица да те избоде и без кој нема да може Завод за вработување да ти даде помош за ковид. Ако му идеш на некој тврдокорен марксист, ќе ти каже дека политиката е најзначајниот аспект од живеачката на секој човек пошто луѓето се homo politicus и homo economicus. За него, ова што го дрндаме, се глупости зашто он све гледа низ призмата на политичкиот и економскиот редукционизам ко ти што гледаш низ окото на „духовната аристократија". Многумина не сфаќаат дека светот у кој живеат и тоа што е најзначајно у нивната глава и главата на нивните истомисленици не е најзначајно у главите на другите луѓе. Живеат у својот бабл, проектирајќи го својот светоглед на цела реалност.

Ја не сум скаран со некој за да си давам рака и да се помируем побогу.
Ја само ја објаснуем мојата позиција за овие ствари. Давањето рака нема да смени ни педа од тоа што го мислам за О.Т.О. итн. Ти, на пример, имаш полична нота у целиов муабет. Ти треба да се гушкаш таму со Хепта и Ипси и да си простувате. xD
Мене ме боли кур за ова, искрено, и не го сфаќам лично. Тепам време измеѓу паузи од работа. Мојот интерес за овие работи кој си го иам цел живот не е опфатен од О.Т.О., скраја да е. Мене ми е јако да праам вакви драми и да го извадам Агапе од комфорт зоната, многу е досаден вака. Нит го хејтам, нит бутур, симпатично ликче ми е дури.
Ти не ме знаеш. Повремено ќе дојдам на ваква тема, ќе се испукам додека ми трае филмот, после ќе ми скурчи и ќе заглавам у друг подфорум. :D
 
H

Hyperion VI

Гостин
Хехе бев,видов,само политиката е една инфериорна "психо-материјална"
конструирана матрица,во компарација со "духовната аристократија".
Зашто да не си дадете рака,сепак.
Пак ќе речам можда јас сум озлогласена личност во некои окултни друштва,но сепак,пропагирам "безрезервна љубов".
(Не таа на Отец Кроули ;) )
Давањето рака нема да смени ни педа од тоа што го мислам за О.Т.О. итн. Ти, на пример, имаш полична нота у целиов муабет. Ти треба да се гушкаш таму со Хепта и Ипси и да си простувате
Фала ти Ботко,сепак само сакав да разбијам монотонија,мислам дека доволно се имам изгушкано со нив :)
А ова што го спомна за политика,држи вода исто така.
Ова со „Духовната Аристократија" е сепак само една стара,шега од минатото,кога еден "Бискуп" од странство на ЕГЦ го даде тој одговор на прашањето:
"Зашто ние О.Т.О. сме сиромашен ред и не сме богати како масоните,а сме најсветиот ред?"
Одговорот беше:
"Ние сме духовна аристократија". ;)
Автоматски споено мислење:

Не Рон, ќе инвоцирам свест, еден авернес кој само набљудува и запишува шо видел.... на еден начин ќе ја канализирам книгата... а ентитетот шо ќе го канализирам е.... погодуваш... овчарот медитатор.
Чекај да отворат граници,земи си ја невестата со тебе и правец Каиро.
Слушам таму било најбоље за "канализирање" ;)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom