Езотерија, Окултизам - А. Кроули, П. Дунов, Д. Фортуне ...

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Како знаете дека нешто е мотивирано од вистинската воља а не себична потреба.... најголем број луѓе се несвесни за својата примордијална себичност... ?
Според тоа дали постои ,,страст за резултат" или не. Желбите секогаш имаат некоја цел, на пример сакаш подобра работа, бидејќи сакаш повеќе пари, повеќе пари сакаш за да купиш одредена работа, таа пак ти треба за нешто друго и така во недоглед. Затоа во будизмот желбата е посочена како причина за страдањето.
Волјата од друга страна е цел сама за себе. На пример ако сликаш со цел да продадеш и да заработиш, тогаш тоа е желба, не е волја. Ако сликаш затоа што самото сликање те исполнува, те прави среќен, се пронаоѓаш во тоа, тогаш тоа е дел од твојата вистинска волја.
 
D

Drexel

Гостин
Треба да се прави разлика помеѓу магија и магика. Има една изрека, мислам дека имаше суфи потекло, но не сум сигурен, гласи: Моќта да помераш планини, доаѓа заедно со сознанието зошто се воопшто таму. Ако некому вистинската волја по некоја случајност има врска со метеорот, тогаш можеби и ќе може да го сопре, сите останати случаи, се работи за желба а не за Волја.
Универзумот не е играчка наменета за забава на луѓето, луѓето се негова екстензија, што значи дека за да може да ги менуваш физичките закони, треба истите да и подлежат на твојата вистинска волја.
Е не е играчка, универзумот сам си се регулира и го регулира човекот по природен пат кој е негова екстензија, мора да има и причина зошто ги имаме играчките што ги имаме, дал да се баталат или применат во играта на живот? Тангото на креација и деструкција е вечито тркало што се врти, мене само ме интересира поентата што ја нема или ја има? Малку гроундинг да направам одлетав :D
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.932
Според тоа дали постои ,,страст за резултат" или не. Желбите секогаш имаат некоја цел, на пример сакаш подобра работа, бидејќи сакаш повеќе пари, повеќе пари сакаш за да купиш одредена работа, таа пак ти треба за нешто друго и така во недоглед. Затоа во будизмот желбата е посочена како причина за страдањето.
Волјата од друга страна е цел сама за себе. На пример ако сликаш со цел да продадеш и да заработиш, тогаш тоа е желба, не е волја. Ако сликаш затоа што самото сликање те исполнува, те прави среќен, се пронаоѓаш во тоа, тогаш тоа е дел од твојата вистинска волја.
Ипси јас ја живеам вољата!!!
Си сликам цртам творам оти ме исполнува, гајле ми е шо некој мисли и не ги продавам!
Пошто сметки плаќам од друго. :D

Ок, до сега сватив дека уствари за истото прајме муабет, состојбата - вољата е и синкот, ву веи..тогаш секоја акција е без мислење оти не е оптоварена од краен резултат... интуитивно е исправна.... пошто будистите се у право.. патењето е од желбите.

Почнувам да се филмам дека откривам голема паралела и помеѓу христијанство и телема. :D
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Почнувам да се филмам дека откривам голема паралела и помеѓу христијанство и телема. :D
Па не би рекол. Христијанството наметнува стандард што треба да важи за сите, наспроти Телемата која нуди техники сам да си откриеш кои стандарди важат за тебе. Во христијанството друг ти кажува што е добро а што не за тебе.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.735
Како знаете дека нешто е мотивирано од вистинската воља а не себична потреба.... најголем број луѓе се несвесни за својата примордијална себичност... ?
Не знаат, никој не знае што е мотивирано од Волјата, а што не. Така концептот се заштитува со ад хок хипотезата. Секој што отстапуе од определени етички вредности ќе биде лажен Шкотланѓанец.

Прочитај што иам пишано овде.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.932
Кое христијанство? :)
Новоеонското, остај црквата.

Па не би рекол. Христијанството наметнува стандард што треба да важи за сите, наспроти Телемата која нуди техники сам да си откриеш кои стандарди важат за тебе. Во христијанството друг ти кажува што е добро а што не за тебе.
Дај ми пример те молам каде гледаш контрадикторност. Можам да се сложам дека некои работи оставаат простор за лоша интерпретација, лично мислам дека историски тенденциозно има извртено некои фусноти.... но каде ти го гледаш проблемот со пример плс.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.254
Поени од реакции
12.265
Новоеонското, остај црквата.
Кое е тоа христијанство? По што се разликува од православното или од католицизмот? Иако слушнав дека вистинската католичка црква е православната, соборна итн итн...
Или по што се разликува од гностичките учења? Или пак е гностичко учење со модифицирани идеи за да одат „во духот на времето“? :)
 
Исусовци Хепта, по Христос како симбол, архетип... доколку се појави и е на фејсбук, ја одма отварам таму акаунт да му ставам лајкови на муабетите.

Црква е исто шо и ОТО, институција која развила нагон за преживување, и како и секој човечки конструкт не е имуна на корупција.

Симболика и пред се патерни кои се одигруваат во животот.... ама животот овде. Не Јехова, не гностицизам со Демиургот, туку несебично живеење тука и сега.

Адам и Ева се машкиот и женски принцип, не личности... бла бла... свесност дека луѓето порано збореле со митови и легенди, на мали деца Мечето Ушко.

И многу се ко мене Хепта, не го сваќаат буквално, сите 10 божји ги сведуваат на една - Златното Правило и се е ОК... но тебе пустата црква и поповите ти пречат.... а јас викам ако.. нек ги има... пошто на многу им треба Мечето Ушко!
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Дај ми пример те молам каде гледаш контрадикторност. Можам да се сложам дека некои работи оставаат простор за лоша интерпретација, лично мислам дека историски тенденциозно има извртено некои фусноти.... но каде ти го гледаш проблемот со пример плс.
Па ти кажав каде е контрадикторноста, во христијанството имаш стандарди што важат за сите. Ако имаш секс вон брак тогаш правиш грев, ако си геј, правиш грев. Имаш упатства како да живееш, каков однос да имаш кон другите. И тоа важи за сите. Во Телемата никој не ти кажува како да живееш, имаш техники и пракси кои треба да ти помогнат сам да откриеш што е твојата волја и да живееш во согласност со неа. Каде гледаш паралели овде?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.254
Поени од реакции
12.265
Не богови, не демиург, не гностицизам, не црква како институција, само живеење тука и сега... бла бла... Адам и Ева, не се личности - тоа се еврејски учења исто бла бла бла на кои се темелат сите ствари кои ги наброја како бла бла...

„There is no god but mаn"

- Liber Oz, Uncle Al :)
 
За геј се слагам, догма е од време кога се сметало за страшна дисфункција, денес веќе не ги тепаме тие категории.

Но секс вон брак, доколку не е консензуално итеако е лошо ипси... зашто упоште влегуваат у брак тогаш? Ако не им чини има развод?

Финтата е да НЕ ЛАЖЕШ, изневерувањето е тоа. И е комн сенс, имаш ќерка колку сконтав, утре пример еве ќе биде хетеро и ќе се омажи ( ако е тоа вољата ) ќе има и дете пример, и додекс она како мајка се грижи за него, зетот ќе биде ок да ги реди комшиките, певаљките и тако даље?.. ваљда имате некој однос кон правилно и погрешно?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.254
Поени од реакции
12.265
Тој (зетот на @Ipsissimus) има право да ја извршува својата волја, редење, подредување... но тоа не го спасува од последица :) Исто и ќерка му ќе ја има таа света задача во својот живот - да прави што и е волја и да нема друг закон :)

Кога си во заедница, си дал збор - пред себе си и другите... човек што не стои на својот збор - дали е човек? Или да го третираме како ѕвер кој што дејствува по инстинкт? Заборавате дека ЧОВЕКОТ е во центарот на се што тука расправате постојано со сарказам и постојан обид во силување на нештата за да ги извиете доволно за да одговараат на она што вие мислите дека е вистина за оваа или за онаа ствар...

Карма јога во новото време е сега и тука, не магично откако ќе умреш ќе расправаме што како со тебе...
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.932
Не богови, не демиург, не гностицизам, не црква како институција, само живеење тука и сега... бла бла... Адам и Ева, не се личности - тоа се еврејски учења исто бла бла бла на кои се темелат сите ствари кои ги наброја како бла бла...

„There is no god but mаn"

- Liber Oz, Uncle Al :)
Значи ми фали уште да се убедам дека сум бог и ќе бидам апла телемит.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.254
Поени од реакции
12.265

Kajgana Shop

На врв Bottom