Едно евро ќе биде 75 денари?!

Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Баш ме интересира да прочитам твој одговор на тоа прашање погоре.
Не ги заборавај и АМБО (кој се потпишал последно во 2007, а 2011 требало да профункционира), ГАМА и гасификацијата која ќе ги намалеше ударите врз економијата и граѓаните, железницата исток-запад ради..., нов асфалт и проширување на патиштата...многу нешта зависеа од овие зафати да беа готови што поскоро.
Проблемот е што немаше кој да го финансира, инаку се работи за проект што вреди милијарди евра за да се реазлизира, инаку се соглаувам со тебе дека ако се реазлираше Македонија немаше да и дојде лошо.
-Допуна
Плус не заборават баш тој период 2007-2011 баш се години најголема криза после големата депресија во триесетите години, најверојатно од тие причини не е реазлизиран а инаку во меѓувреме колку што знам пропадна идејата за буграс александропулос, така да тоа иде во прилог на амбо, искрено не ми се верува дека додека не се стабилизираат последиците од кризата дека некој ќе инвестира мада ќе видиме времето ќе покаже.
--- надополнето: 27 август 2012 во 11:43 ---
Гледам и како одговараш и на другите најпаметен на мајка.
Те молам или дискутирај или занимавај се горе во политика по темите, не досаѓај за џабе.
Уште некоја желба?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.027
Поени од реакции
36.812
Нема да се случи,барем не во блиска иднина.
 
Член од
23 мај 2012
Мислења
21
Поени од реакции
7
Го гледаш тоа што сакаш да го видиш. Ако за тебе не е инфраструктура нешто во иднина што нема да плаќаш кирија, и ќе заштедиш ни јас нема потреба да дебатирам со тебе. Од цел текст се фативте за Скопје 2014 салите, и локалните патчиња. а не се фативте за поентата важно први солачи на памет на форумот:facepalm: Што не се фаативте за Хидросистемот свети петка, за автопатот што ќе се прави со кредит од ЕИБ,или за пругата или за гасификацијата итн.
Не би сакал да ја загадувам премногу темава со офтопик муабети но...

Кажи ми кој дел од „кираџиите“ се планира да се сместат со работа на мостот ОКО и мостот на уметноста, накинџурени со миљарда скулптури и други непотребни украси кои ја креват цената на (и онака непотребните) мостови. Дали можеби дел од администрацијата ќе работи и покрај милионските огради на мостот Гоце Делчев или оној кај Холидеј Ин или на жалните врби ќе сместат некој сектор можеби? Или ќе работат во сенката на летниковецот и десетиците непотребни скулптури низ центарот?
Зошто и оние згради кои се прават (МНР, Уставен, Судот кај МРТВ, Театарот) се китат непотребно со украси кои цената на објектите ја креваат со милиони, зошто воопшто се гради во стилови кои ги има прегазено времето и кои современата архитектура ги има класифицирано како непрактични (прескапи и за градба и за одржување). ??? Илјада зошто - ниедно затоа.

Автопатот требаше уште 2008ма да се започне делницата и тоа грците требаше да влезат со кофинансирање (оти и они ќе имаат ќар од овој автопат) ама се откажаа откога Грујо го крсти автопатот во А.М. Досега готов ќе беше или при крај барем.

Св.Петка е започната од претходната власт во 2004та така да ова е само китење со туѓи перја. И ај да не ги фалам претходните, ама од нив ете ништо не ни остана, само Козјак, ситница.

За пругата и гасификацијата, што чекаа до сега? 6 години се на власт, тоа се започнати проекти, ни студии им требаат ни враг ни ѓаол. Кога ќе ги видам завршени тогаш ќе речам браво, а на нероден Петко... се знае.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.784
Поени од реакции
12.255
Проблемот е што немаше кој да го финансира, инаку се работи за проект што вреди милијарди евра за да се реазлизира, инаку се соглаувам со тебе дека ако се реазлираше Македонија немаше да и дојде лошо.
-Допуна
Плус не заборават баш тој период 2007-2011 баш се години најголема криза после големата депресија во триесетите години, најверојатно од тие причини не е реазлизиран а инаку во меѓувреме колку што знам пропадна идејата за буграс александропулос, така да тоа иде во прилог на амбо, искрено не ми се верува дека додека не се стабилизираат последиците од кризата дека некој ќе инвестира мада ќе видиме времето ќе покаже.
Можеше да се финансира барем еден од тие проекти ако се скратеа непродуктивните трошоци. Токму од 2007 започна неконтролираното енормно запослување, од 2008 или 2009 започна исплата на субвенции -сосем непродуктивна мерка според информациите, цените на храната и увозот и исто тие години започна непродуктивно градење на објекти од Скопје 2014. Ако ги собереме сумите ќе стигнеме до некоја разумна цифра со која можда би се кредитирале такви зафати од кои ќе има добивка и стопанството и граѓаните. Зашто не кога се попаметни од мене, поучени...не знам.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Ставрески против шпекулациите: Девалвација нема да има

Апелирам до граѓаните и до стопанските субјекти да не направат грешка, да не наседнуваат на обични лаги и да продолжат и понатаму да веруваат во домашната валута и да штедат во денари. Нема ниту една причина за промена на курсот, ниту пак некаков реален економски фактор што тоа би го оправдал. Се работи за една обична лага и груба невистина која веројатно е смислена со цел да се внесе психоза и страв кај населението.
Ова е демантот на министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески по повод дезинформациите објавени на некои од домашните интернет-портали дека вредноста на денарот ќе опадне за 25 проценти, односно дека едно евро ќе чини 75 денари.
- Би сакал да истакнам дека најголем гарант за стабилноста на девизниот курс и на денарот е фактот што последниот објавен податок на Народната банка на Република Македонија е дека во јули 2012 година девизните резерви се на историско рекордно ниво од 2,098 милијарди евра. Тоа е за цели 820 милиони евра повеќе од јули 2006 година кога ВМРО-ДПМНЕ доби шанса да ја води економската и вкупната политика на оваа земја. Покрај тоа, имаме ниско ниво на буџетски дефицит и задолженост, едно од најниските во Европа и извонредна координација на монетарната и фискалната политика, што заедно со стабилниот банкарски сектор дава сигурност дека ќе има стабилен девизен курс. Денарот и натаму е најдобрата валута за штедење и ќе остане стабилен се додека ВМРО-ДПМНЕ ја води економската политика на оваа земја - изјави Ставрески.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Можеше да се финансира барем еден од тие проекти ако се скратеа непродуктивните трошоци. Токму од 2007 започна неконтролираното енормно запослување, од 2008 или 2009 започна исплата на субвенции -сосем непродуктивна мерка според информациите, цените на храната и увозот и исто тие години започна непродуктивно градење на објекти од Скопје 2014. Ако ги собереме сумите ќе стигнеме до некоја разумна цифра со која можда би се кредитирале такви зафати од кои ќе има добивка и стопанството и граѓаните. Зашто не кога се попаметни од мене, поучени...не знам.
А да не чепкаат ништо од тоа и да намалт ДДВ на 5% мислам дека ќе биде најдобро.

Пазете ја логиката имаат во план да градат брана во Западна Македонија ХЕ Бошков Мост која ќе чини 70 милиони евра а ќе има производство од 68 MW,додека за 63 милиони во Гевгелија да се изгради би имала производство од 85 MW или пак кај Демир Капија за 80 милиони со производство од 116 MW
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Реченицата и цитатот ти немаат смисла. Почнуваш со исказ едно евро неможе да биде 75 денари затоа што банките имаат политика на сигурни пласмани. Тотално без врска и поента.
Ок.....:facepalm:
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Ima li kraj???
Владата се задолжи со нови 13,3 милиони евра

Сподели на Facebook
прочитано: 17
Министерството за финансии вчера го продаде целото понудено количество државни записи и обврзници во вкупен износ од 817,91 милион денари (13,3 милиони евра).
Понудени и продадени беа државни записи во износ од 566,06 милиони денари (9,2 милиони евра) со рок од достасување од 3 месеци (поточно 98 дена) и со купон од 4 отсто. Исто така, понудени и продадени беа државни обврзници во износ од 251,85 милиони денари (4,1 милион евра). Тие се со девизна клаузила и носат годишен купон од 5,5 отсто.
Државните записи, кои се со покус рок на достасување, до една година, по правило ги купуваат банките. Државните обврзници, кои се со подолг рок на достасување, над една година (по правило три или пет години), ги купуваат пензиските фондови.
Народната банка е задолжена да го развива пазарот со благајнички записи, а Министерството за финансии пазарот со државни хартии од вредност.
Годинава државата засилено почна да се задолжува на домашниот пазар, со оглед на кризата која ја зафати земјава и која со себе носи и пониски буџетски приходи. Причина за ова е и фактот што трета година по ред Владата не може да издаде нова еврообврзница за светските пазари на капитал, заради блискоста на земјата со Грција и стравот на странските инвеститори за можност од раширување на грчката криза врз регионот. Како резултат на ова, тие бараат високи камати за да го оправдаат зголемениот ризик, кои за Владата се неприфатливи.

Со оглед на сето ова, Владата се повеќе се врти кон домашниот пазар на капитал и годинава, само досега, бројот на одржани аукции за продажба на државни записи и обврзници е поголем од нивниот број во 2010 и 2011 година заедно.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.288
Поени од реакции
26.168
Богов: НБРМ останува доследна на политиката на стабилен курс на денарот

Народна банка останува доследна на политиката на стабилен курс на денарот кон еврото и одржувањето ниска инфлација на нивото на инфлацијата во евро зоната.

Ова го истакнува гувернерот на Народна банка на Република Македонија Димитар Богов во писмена изјава во која ги отфрла како несериозни шпекулациите пласирани за девалвација на денарот од некои, кои, според него не им мислат добро ниту на граѓаните, ниту да државата.

- Очигледно, некој сака да удри таму каде што сме најсилни, во макроекономската стабилност и стабилноста на банкарскиот систем. НБРМ останува доследна на политиката на стабилен курс на денарот кон еврото и одржувањето ниска инфлација на нивото на инфлацијата во евро-зоната. Девизните резерви се на историски највисокото ниво од 2,1 милијарда евра, НБРМ во последните два месеца исклучиво го откупува вишокот девизи на девизниот пазар, а денарското штедење на граѓаните продолжува да расте и на крајот на јули достигна 48 отсто од вкупното штедење на граѓаните, вели во изјавата Богов.

Тој изразува верување дека граѓаните повторно ќе покажат трезвеност и рационалност како што покажаа многупати досега и ќе ги игнорираат шпекулациите пласирани од оние коишто сакаат да ловат во матно.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8A18D16F9ADE1B48B2BDABF32320FD19


Еве демант и од гувернерот.

Пазете ја логиката имаат во план да градат брана во Западна Македонија ХЕ Бошков Мост која ќе чини 70 милиони евра а ќе има производство од 68 MW,додека за 63 милиони во Гевгелија да се изгради би имала производство од 85 MW или пак кај Демир Капија за 80 милиони со производство од 116 MW
Бошков Мост и Луково Поле се и од огромно стратешко значење за Македонија поради нивната поставеност, настрана производството на електрична енергија, затоа ќе се изградат први.
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
А да не чепкаат ништо од тоа и да намалт ДДВ на 5% мислам дека ќе биде најдобро.

Пазете ја логиката имаат во план да градат брана во Западна Македонија ХЕ Бошков Мост која ќе чини 70 милиони евра а ќе има производство од 68 MW,додека за 63 милиони во Гевгелија да се изгради би имала производство од 85 MW или пак кај Демир Капија за 80 милиони со производство од 116 MW
јас да сум министер за финансии би вовел прогресивна даночна стапка (сегашната е рамна на 10%) и тоа 8% за примања да речеме до 12 000 ден 12 % за примањата до 25 000 ден (односно на износот откако ке се одземат првите 12 000 кои се оданочени со 8) така да за мнозинството граѓани пак ќе биде оданочувањето околу 10% , 16% на разликата до 40 000 ден плата и околу 20-22 % на плати над 40 000 ден за возврат ддв за храната од 5% би го сведол на 0%
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Бошков Мост и Луково Поле се и од огромно стратешко значење за Македонија поради нивната поставеност, настрана производството на електрична енергија, затоа ќе се изградат први.
Ќе може образложение?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.288
Поени од реакции
26.168
Ќе може образложение?
Бошков Мост се наоѓа помеѓу Дебар, Центар Жупа, Зајас и Другово и е раскрсница на која поминуваат доста „работи“ од Албанија нелегално. Луково Поле со самата изградба физички ќе ја затвори границата кон Косово во тој дел. Се наоѓа буквално на самата граница.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Ќе може образложение?
Освен ако не планираат Дебар и Албанија да ги поплават јас не гледам друга " стратегиска причина " да се гради брана чиј однос цена/производство наспрема други проекти е 2:1 освен ако не е за корупција.

Од друга страна пак да се изгради во Гевгелија или Демир Хисаар ќе помогне браната и со наводнување на земјоделските површни преку канали.

Патем ако некој е доволно луд да гради поскапа брана за да ја искористи за поплавување многу гледал цртани филмови.
--- надополнето: 27 август 2012 во 17:30 ---
јас да сум министер за финансии би вовел прогресивна даночна стапка (сегашната е рамна на 10%) и тоа 8% за примања да речеме до 12 000 ден 12 % за примањата до 25 000 ден (односно на износот откако ке се одземат првите 12 000 кои се оданочени со 8) така да за мнозинството граѓани пак ќе биде оданочувањето околу 10% , 16% на разликата до 40 000 ден плата и околу 20-22 % на плати над 40 000 ден за возврат ддв за храната од 5% би го сведол на 0%
Тоа е најглупата работа што можеш да ја направиш и најнеморалната.

Прво сите сме еднакви според устав и со тоа не гледам зошто некој би требало да плаќаат повеќе данок од други ( иако всушност и плаќаат повеќе со фактот дека 10% од милион евра е многу повеќе од 10% од 20 000 ) .

А од друга страна не знам што ќе постигнеме со казнување на успешност.

Јас би ги укинал данок на приход/имот/увоз/извоз ,акцизи.Се што би оставил е ДДВ и тоа негде помеѓу 5-8% .

Парите треба да се кај народот и он да одлучи што треба најдобро да направи со нив.Не некој бирократ кој најчесто не е ни изгласан на власт да решава кај ќе ја троши нивната пот.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Бошков Мост се наоѓа помеѓу Дебар, Центар Жупа, Зајас и Другово и е раскрсница на која поминуваат доста „работи“ од Албанија нелегално. Луково Поле со самата изградба физички ќе ја затвори границата кон Косово во тој дел. Се наоѓа буквално на самата граница.
Идејата е ОК, ама ништо не поминува граница без АМИН. Да може ќе создаде природна бариера, ама пак најголемиот шверц ќе оди по веќе изградените патишта.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom