Од насловов на темава ми се слоши
Хипокризија до даска!!!
Човекот по природа е полигамно суштество. Што значи, ни мажите, ни жените, немаат предиспозиција за само еден партнер во текот на животот. Освен ако не сте лебед, е тие имаат само еден единствен партнер.
За оние кои се изјаснија дека се 7-8-10 години со еден ист маж и демек им е супер: Никогаш не сте посакале друг маж? Не? Кого се обидувате бре да излажете, мене или себе?! И ако сте "поштени" сега, ќе ве видам кога ќе ве здрма климаксот, или кога ќе подостарите, рака ќе давате да надокнадите се пропуштено...Имам слушано муабети од такви жени, и погодете што? Исфрустрирани се до даска затоа што немаат појма како е да се биде со некој друг, освен оној нивниот. Жалат за секоја пропуштена прилика, насмевка, допир или флерт и се прашуваат "А што ќе беше ако...?"
Мажите за разлика од вас се барем поискрени, и си кажуваат како навистина е ситуацијата. Не знам што е идејата овде, да ви се даде одликување за верност или што.
Лошо е неизживеан маж, но богами и жена, а најлошо кога некој сака да продава лажен морал, под парола "Ти си ми прв и последен" (а уште колку ли имало помеѓу...).