Едвард Сноуден обелодени дека САД масовно ги шпионираат сопствените граѓани

Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
По стапките на Асанж и Едвард побара азил од Еквадор.
Најголемиот грчки лобист во Америка, сенаторот Роберт Менендез, го налути Еквадор со обидот да го уцени, но до таа мерка што Еквадор го отфрли пактот за трговија со САД.

Кога Грк решил нешто?! :D:D

Реално, со овој потез Еквадор може да плати висока цена, да изгуби 40.000 работни места и да му пропадне добар дел од извозот во Америка. Но некои земји држат до принципи.

Ecuador Cancels Trade Pact Over U.S. ‘Blackmail’ in Snowden Case

By Nathan Gill - Jun 27, 2013 10:33 AM ET

http://www.bloomberg.com/news/2013-06-27/ecuador-cancels-trade-pact-over-u-s-blackmail-in-snowden-case.html
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
БОРБАТА ПРОТИВ ТЕРОРИЗМОТ ШТО НЕ ФАЌА НИТУ ЕДЕН ТЕРОРИСТ
Постојаниот мониторинг на мобилните разговори, Гугл, Скајп, Фејсбук месинџер и слично, помага само за шпионирање на граѓаните, затоа што терористите одамна ги нема на овие платформи.
И покрај тоа што најголемиот дел од новите "системи за мониторирање" поставени по 11. септември се наменети за борба против тероризмот, извештаите покажуваат дека начините на комуникација кои ги следи НСА се сосема ретко користени од терористите.
Блумберг пренесува еден извештај од 2012. според кој сериозните терористи ги избегнуваат најочигледните платформи (мобилни телефони, Гугл, Скајп...) и како што пишува весникот "инфраструктурата поставена од НСА е добра само за собирање на информации за најглупите и најниско рангираните терористи. ПРИЗМ програмата за мониторирање се фокусира само на пристап до серверите на најголемите американски интернет компании, кои даваат пристап до Скајп, Гмаил и Ајклауд. Ова не се сервисите што навистина опасните елементи типично ги користат."
Освен ова, постапките на НСА по 11. септември се добро познати на сите аналитичари, а истовремено со нив се запознаени и терористите.
"Во јануари 2012. во извештај по име 'Jihadism on the Web: A Breeding Ground for Jihad in the Modern Age' холандската тајна служба и службата за разузнавање создадоа убедлива слика за 'подземна' исламистичка интернет мрежа, сконцентрирана околу неколку форуми. Овие веб сајтови се дел од 'Deep web' или Андернет, множеството онлајн ресурси кои не се индексирани од најчесто користените интернет пребарувачи," пишува Блумберг. (Во 2010-та, Гугл процени дека индексира само 0,004% од интернетот.)

http://off.net.mk/vesti/svet/borbata-protiv-terorizmot-shto-ne-fakja-nitu-eden-terorist
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Американски генерал „се издрдорил“

Повторно оддавање тајни во САД: по Викиликс и Сноуден, генерал е осомничен за изнесување доверливи информации во јавноста. Ова е уште еден дополнителен удар за претседателот Обама.

Генералот Џејмс Картрајт порано беше вториот по ранг офицер во САД. Се вели дека негова била идејата за парализирање на иранската атомска програма преку интернет-вирус. Пред три години иранската програма за производство на илјада центрифуги за облагородување ураниум беше нападната и привремено парализирана преку вирусот „Стакснет“. Информациите околу овој возбудлив сајбер-напад, кој предизвика големо внимание во светот, генералот со четири ѕвезди им ги пренесол на новинарите на „Њујорк тајмс“.
„Сегашни и поранешни функционери“
Весникот минатата година детално пишуваше за „Стакснекс“ нападите. Притоа беа опишани тајни средби во Белата куќа и како сајбер-операцијата била водена од генералот Картрајт под кодираното име „Олимписки игри“. Американскиот претседател Барак Обама ја забрзал програмата одложена од неговиот претходник, Џорџ Буш, пишуваше весникот. „Њујорк тајмс“ се повика на интервјуа со „сегашни и поранешни американски, европски и израелски функционери, вклучени во програмата“. Според нив, американската тајна служба НСА го развила вирусот „Стакснет“ заедно со Израелците.
„Стакснет“ сајбер - нападот предизвика големо внимание во светот
Телевизијата НБС известува дека Министерството за правда започнало истрага против Картрајт, кој од 2007 до 2011 година бил заменик шеф на американскиот Генералштаб. Кога американската ФБИ истражувала од каде протекле информациите од Белата куќа, во визирот на истрагата се нашол пензионираниот генерал, јавува НБС. Ниту американското министерство за правда, ни адвокатот на Картрајт, поранешниот советник на претседателот, Грег Крег, не сакаа да дадат изјава во врска со извештајот.
Притисокот расте
Ако обвинувањата се потврдат, тоа би бил уште еден удар за владата на претседателот Обама. Таа веќе е мета на критики поради објавувањето илјадници доверливи депеши од американските амбасади преку интернет-платформата Викиликс и најново, поради обзнанувањето од страна на поранешниот службеник на американските тајни служби, Едвард Сноуден, на масивните прислушувања на интернет и телефонските комуникации во светот од страна на американските и британските тајни служби.
САД моментно го бараат Сноуден преку потерница, со обвинение за издавање тајна. 30-годишниот компјутерски експерт на медиумите им достави доверливи информации за тајната програма „Призма“, преку која американските тајни служби и нивните британски колеги добивале информации.
Од неделата Сноуден се наоѓа во транзитната зона на московскиот аеродром Шереметјево, а пред неколку дена побара азил во Еквадор. Тамошната влада се‘ уште не донесла одлука околу неговото барање. Барањето азил не може да биде разгледано се‘ додека Сноуден е во Москва и со тоа надвор од еквадорската државна територија, изјави еквадорскиот претседател Рафаел Кореа.
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Сега Јапонија почна да се буни дека и ја прислушкувале амбасадата.:D

Прислушкувале активно 37 амбасади.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јавна тајна е дека сите држави се прислушкуваат меѓу себе. Јас сум од тие што мразат теории на заговор, но во борбата за политичка доминација на светско ниво, секако дека ќе има вакви работи, не е ова од вчера.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.400
Поени од реакции
58.299
^ Да ама Сноуден е човекот кој ја префрли темата од подфорум „Теории на заговор“ во подфорум „Секојдневие“ и за тоа секоја чест. Зошто до сега лесно се справуваа со напади и етикетирања врз личностите кои укажуваат на вакви појави, прогласувајќи ги за луди конспирационисти. Рака на срце има доста луди и доста ликови како Алекс Џонс кои доволно е да ги поканиш во емисија да се избламираат и во следните 5 години да им маваш чврги кога ќе гугнат нешто. Но се појавува друга група на ликови кои се многу свесни, многу интелигентни и кои пред очите на светската јавост стануваат политички затвореници... луѓе кои ќе инспирираат многумина, луѓе како Асанж, Манинг, Сноуден.

Јас овде ќе излезам од групата конспирационисти кои уште пред една година тврдеа дека ова со Асанж е местенка, а ене го човекот како заглави. Манинг е во Гвантанамо а и Сноуден не го чека ништо убаво. Се надевам на десетици како нив, за да се стопира ова зло, додека сеуште може.

Ако сеуште може...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
^ Да ама Сноуден е човекот кој ја префрли темата од подфорум „Теории на заговор“ во подфорум „Секојдневие“ и за тоа секоја чест. Зошто до сега лесно се справуваа со напади и етикетирања врз личностите кои укажуваат на вакви појави, прогласувајќи ги за луди конспирационисти. Рака на срце има доста луди и доста ликови како Алекс Џонс кои доволно е да ги поканиш во емисија да се избламираат и во следните 5 години да им маваш чврги кога ќе гугнат нешто. Но се појавува друга група на ликови кои се многу свесни, многу интелигентни и кои пред очите на светската јавост стануваат политички затвореници... луѓе кои ќе инспирираат многумина, луѓе како Асанж, Манинг, Сноуден.

Јас овде ќе излезам од групата конспирационисти кои уште пред една година тврдеа дека ова со Асанж е местенка, а ене го човекот како заглави. Манинг е во Гвантанамо а и Сноуден не го чека ништо убаво. Се надевам на десетици како нив, за да се стопира ова зло, додека сеуште може.

Ако сеуште може...
Не ми беше муабетот да го намалам нивното значење, туку ги гледам луѓево шокирани се што Америка прислушкувала, што земјите од ЕУ прислушкуваат, што оној прислушкува, као “Није могуЌе“. Тоа ми беше поентата, иначе секоја чест на, пред се, храброста човек да застане сам против еден цел систем и цела една безмилосна машинерија. Тука нема збор.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.400
Поени од реакции
58.299
Јасно. Јас лично сум изненаден од големината на операцијата. Тоа дека фејсбук, скајп, мајп... се следи, тоа одамна ни е јасно. Ќе мислиш дека тоа е доволно, ама не, ликовиве терале класична шпионажа со бубачки... страшна работа. Патем, не можат веќе да се ваѓаат на тероризам, пошто прислушкувано е се живо и диво, до кај што можеле да стават уред, ставиле. Како што прочитав еден коментар: „Ова е 1984 на стероиди“.

И сега јасно е зошто ги фаќа параноја. Не е за Сноуден пошто тој никако повеќе не може да им наштети. Но ако се остварат некои барања како ова, тогаш 100 Сноудени ќе им се случат, нема да знаат од кого да се чуваат попрво.

Иначе дечкото се откажа од плата од 200 000$ годишно и сега живее на Терминал ко Том Хенкс. Респект.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јасно. Јас лично сум изненаден од големината на операцијата. Тоа дека фејсбук, скајп, мајп... се следи, тоа одамна ни е јасно. Ќе мислиш дека тоа е доволно, ама не, ликовиве терале класична шпионажа со бубачки... страшна работа. Патем, не можат веќе да се ваѓаат на тероризам, пошто прислушкувано е се живо и диво, до кај што можеле да стават уред, ставиле. Како што прочитав еден коментар: „Ова е 1984 на стероиди“.

И сега јасно е зошто ги фаќа параноја. Не е за Сноуден пошто тој никако повеќе не може да им наштети. Но ако се остварат некои барања како ова, тогаш 100 Сноудени ќе им се случат, нема да знаат од кого да се чуваат попрво.

Иначе дечкото се откажа од плата од 200 000$ годишно и сега живее на Терминал ко Том Хенкс. Респект.

Нема тоа да се деси, зошто во тој случај, на државите од Европа, т.е сојузниците на Америка ќе им се деси откривање на одредени каши во кои и тие учествувале, плус ЕУ како целина се уште нема некоја којзнае каква геополитичка моќ и кредибилитет за да си дозволи вакви работи.

И на Англија, Германија и Франција им се тресат панталоните да не им излезе нивниот прљав веш, а имам надеж дека ќе излезе...

Треба разобличување, јас сум за, особено ради фактот што мразам некој да се расфрла со поим како слобода, а од друга страна ме прислушкува. Или на пример изјавата на Обама: Ако граѓаните не ни веруваат, тогаш ќе имаме проблем. Реакцијата ми беше - :eek: А државата да ми верува мене? Зошто јас да и верувам на неа, ако она не ми верува на мене?

Орвел бил и у санаториум, па долго време збореа дека бил луд, излезе понормален од сите нас генерации после него, па и пред него. По 3 пат ја читав 1984 пред некое време и пак и пак и пак, ја препознавам денешната реалност.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Факт е дека „1984“ си е пристуна и сега, само со модерни и софистицирани методи. Сите прислушуваат ама големиве сили тоа го прават без услул. Ваквите како него ќе ги има уште повеќе, ништо не може да направи САД во иднина да се заштити од ваквите за нив проблеми.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.400
Поени од реакции
58.299
Знаеме дека нема да случи, за жал ќе кренат прашина малку и ќе се заборави. Русите имаат изговор да не го пуштат за Еквадор, нема пасош човекот и тоа е. Еквадор има изговор - ние сакаме, ама Русите не го пуштаат. Од таму каде што е сега, тешко одење на подобро место. Оптимизам левел околу 2%.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.796
Ако на дечково му се обезбеди безбедно место за престој има ли тој уште информации кои би ги објавил?

Исто така не ми е јасно со ова Хонг Конг - Москва - Еквадор релацијата и зошто баш таму америве не можат да дејствуваат?

Гнаси се САД гнаси....којзнае што праат од оваа базава што ја изградија тука у СК а сигурен сум дека игра некоја важна улога тука на Балканот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom