Едвард Сноуден обелодени дека САД масовно ги шпионираат сопствените граѓани

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ако на дечково му се обезбеди безбедно место за престој има ли тој уште информации кои би ги објавил?

Исто така не ми е јасно со ова Хонг Конг - Москва - Еквадор релацијата и зошто баш таму америве не можат да дејствуваат?

Гнаси се САД гнаси....којзнае што праат од оваа базава што ја изградија тука у СК а сигурен сум дека игра некоја важна улога тука на Балканот.

Кина, Русија. Enough said. Доволно е само да ги познаваш односите на САД со овие држави. Не се најсјајни. И ако некој може да помогне, тогаш се овие држави. Ок, со Еквадор не толку, ама политички азил е политички азил. Ако било која држава го прекрши и влезе на пример во Еквадор да го уапси човекот, тоа ќе биде прекршување на сите дипломатски и меѓународни стандарди, правила и договори.
 
Член од
11 август 2011
Мислења
266
Поени од реакции
169
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Убаво, само што условот е да го замолчат. Јас мислам дека Сноуден ке си поседи уште долго на аеродромот. Оваа работа не може да помине туку така.
Навистина голема стана работава. Германија најавува дека ќе ја тужи Америка, ЕУ се заканува дека ќе го анулира трговскоит пакт се додека Америка не престане да ги шпионира, итн.

Но каде Сноуден ќе добие азил е голема работа. Американциве не можат да се доначудат каков удар добиле. Дечково поседува милион тајни документи, имал пристап до се', а очигледно многу снимил!! Значи кој ќе му даде азил од големиве, ќе дојде во посед на се што има Америка но и во судир со Америка. Дури и Русија тактизира и не знае што да праи бидејќи овие немаат како сем да одат до крај. Не знам како односно дали воопшто можат да се помират.

Остај тоа, денеска Џулијан Асанж изјави дека без разлика на судбината на Сноуден, објавувањето на документите на Сноуден ќе продолжи!! Сега он им се накачи да им врати. :D:D


Snowden Revelations Will Continue, Assange Says

By ERIC SCHMITT

Published: June 30, 2013

http://www.nytimes.com/2013/07/01/us/politics/snowden-assange.html?_r=0
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.532
Поени од реакции
59.065
http://www.mkd.mk/svet/vesti/bolivija-kje-podnese-zhalba-do-on-za-vozdushnata-blokada-poradi-snouden

„АКТ НА АГРЕСИЈА“
Боливија ќе поднесе жалба до ОН за воздушната блокада поради Сноуден

Принудното приземјување на претседателскиот авион предизвика бран бесна реторика кај лидерите на Латинска Америка, кои обвинија дека авионот бил „киднапиран од империјализмот“.



Боливија ќе поднесе жалба до Обединетите нации поради воздушната блокада во ЕУ, поради која претседателскиот авион беше принуден да слета во Австрија, рече боливискиот пратеник на ОН.

Пратеникот Саша Лоренти Солиз ја осуди одлуката на Австрија да го пребарува авионот, како „акт на агресија“ и „прекршување на меѓународното право“, кои всушност произлегуваат од САД.

Австрија рано утрово го приземји авионот на боливискиот претседател Ево Моралес во Виена, поради сомневања дека во него се наоѓа бегалецот од американските власти, Едвард Сноуден.

Моралес ги негираше шпекулациите дека Сноуден се крие во авионот и им овозможи на властите да го спроведат пребарувањето.



„Нашите колеги од аеродромот убаво разгледаа и можат да дадат гаранции дека во авионот нема патник што не е државјанин на Боливија“, рече австрискиот заменик-канцелар Михаел Шпинделегер за новинарите, велејќи дека гласините дека Сноуден може да е во авионот се невистинити.

Задржувањето на претседателскиот авион предизвика бран бесна реторика кај лидерите на Латинска Америка, кои обвинија дека авионот бил „киднапиран од империјализмот“.
 

Freedom2say

only the sky is the limit
Член од
23 август 2010
Мислења
196
Поени од реакции
229
Сноуден заслужува секаков респект. Но кога во МК гледаш со кое сра*е се соочуваш и знаеш дека некои полуписмени типови можат да те наместат за што сакаат, што може да се очекува од велесила како Америка?

Лично мислам дека човеков направи грешка. Животов не е Матрикс! Сите знаеме дека америчките тајни служби се служат со такви методи. На 29 години дошол до каде дошол и наеднаш реши да го спасува светот? Од кого бре? И за кого???

Еве јас сум во САД. Прв пат во моите 40 години дојдов до пристојно животче и се осеќам човечки, не како стока. И колку да му се восхитувам на човеков, не сум луда да излезам на улица со транспарент и да викам „Слобода за Сноуден!“.

Имам две деца! И ако во животот стигнат до плата од 200 илјади долари годишно ќе мислам дека Господ им направил услуга!

Едно време беше убаво да се осеќаш и да бидеш патриот! Сега е убаво едноставно да бидеш среќен.

Себично?
Да му се невиди, себично е! Ама реално.

Хероите умреа во 1903-та! А во САД во Граѓанската војна!

Сноуден е идеалист. А Бора Чорба одамна откри - за идеале гину будале!
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Истовремено заслужува секаков респект И е идеалист и будала?
 

Freedom2say

only the sky is the limit
Член од
23 август 2010
Мислења
196
Поени од реакции
229
Истовремено заслужува секаков респект И е идеалист и будала?
Иронично, ама да! Да си идеалист во денешно време и да го направиш тоа што тој го направи е храброст и реткост од најредок вид! Затоа заслужува почит и јас на одреден начин му се восхитувам што се откажа од се што имаше за идеал, но истовремено сметам дека не вредеше да направи толкава жртва! Човеков едноставно си го фрли животот низ одвод! На крај се ќе се сведе на политика, и тие кои сакаат да му „помогнат“ ќе ги извалкаат неговите идеали, секој ќе сака да извлече свој интерес од неговиот случај и од информациите со кои располага. Не вреди да се биде спасител на овој расипан свет! Е затоа реков дека е будала!
 

Freedom2say

only the sky is the limit
Член од
23 август 2010
Мислења
196
Поени од реакции
229
Бора Чорба е сељачиште неписмено и опортунист.

Човек без идеали е обично животно.

За Бора Чорба- не можам повеќе да се согласам со твојата констатација (y). Ама стихот му е вистинит!
И со втората констатација делумно се согласувам. Но зависи какви се идеалите :). Кога бидејќи голем идеалист ќе дојдеш до дно и ќе видиш дека другите не ги боли уво за тебе и си оставен сам, ќе ги „заметеш“ идеалите под тепих и ќе пробаш да станеш мудар.
Да не забегаме оф-топик, кажи ми ти што мислиш, што ќе биде со Сноуден? Кои се неговите опции? Каков ќе биде неговиот живот (како идеалист) од сега натаму? Што мислиш дека ќе се случува со неговото семејство по клучниот момент на разоткривање?
Ако се ставиш во неговата кожа...колку време ќе можеш да живееш така, пред да те скршат високите политики? А ќе те скршат. Порано или покасно. Жив...или мртов.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.532
Поени од реакции
59.065
Freedom2say, твојот поглед врз животот, колку што можам да разберам од твоиве постови, е јади-спиј-размножувај се-не замарај се.

Има луѓе кои имаат пошироки разбирања и не живеат во истата кутија со тебе. Твоите обиди да сфатиш како сега Сноуден ќе живее се јалови, ти размислуваш како ти, со твоите погледи и сфаќања, би живеел/а во таа ситуација, и верувам за тебе би била неподнослива. Човек со таква интелегенција што се решил на таков чекор е многу свесен за последиците. Но таквите луѓе не ги мерат постигнувањата во животот со платата, удобноста и сигурноста, туку со делата што ги оставиле зад себе.

Замисли само ако сите истражувачи и напредни луѓе во времето на инквизицијата го свиткаа грбот, само затоа што "за идеали гинат будали". Во каков свет ќе живеевме јас и ти денес? Зошто некој би горел на клада за тебе денес да ти е убаво?

Наведната глава сабја не ја сече. Ама голта прашина.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.532
Поени од реакции
59.065
ОК не сакам да сум остар на зборови и почитувам различно мислење, но овие мислења на Freedom2say некако ми се каша попара. Ем вели дека Сноуден е за респект ем дека е будала што не живее удобно со неговите 200к. Ем се согласува дека Чорба е сељачиште ем му се восхитува на стихот. Некако многу сакам кажам не знам речам. Многу збунето.

Нема љутиш се надевам. :pipi:
 
W

Werther

Гостин
ОК не сакам да сум остар на зборови и почитувам различно мислење, но овие мислења на Freedom2say некако ми се каша попара. Ем вели дека Сноуден е за респект ем дека е будала што не живее удобно со неговите 200к. Ем се согласува дека Чорба е сељачиште ем му се восхитува на стихот. Некако многу сакам кажам не знам речам. Многу збунето.

Нема љутиш се надевам. :pipi:
Ем шуто, ем боде !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom