Евтини авионски карти

асфалт

UNCENSORED
Член од
8 август 2005
Мислења
807
Поени од реакции
23
колку е авионска повратна карта од Скопје за Љубљана? ај ве молам помогнете ми...
 
M

macgowan

Гостин
HITNO!Dali nekoj znae dali moze da se promeni sopstvenosta na avio-karta!(imeno,lugjeto sto ke patuvaat ne mozat da odat,im propagjaat kartite i nie sakame da odime na nivno mesto).Dali e izvodlivo toa!Kartite se za sreda(05.05.2010),prasav covek od agencijata i mi rece deka misli deka mozi ama ponedelnik da prasal vo IATA pak.Ako ima nekoj informacija okolu ova please help!
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.635
Поени од реакции
3.913
Колку би чинел повретен авионски билет Скопје - Белград - Скопје и Скопје - Загреб - Скопје? Која е најповолната цена?
 
Член од
31 мај 2008
Мислења
803
Поени од реакции
32
Дали има и колку е повратна авионска карта Скопје-Париз?
Ако некој знае пишете
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.735
Поени од реакции
7.439
Колку би чинел повретен авионски билет Скопје - Белград - Скопје и Скопје - Загреб - Скопје? Која е најповолната цена?
Цените за Загреб се од 160 евра па нагоре (барем така беа, ама тоа во Октомври, а сега е сезона), а цената ти зависи и од тоа колку ти се раздалечени датите на поаѓање и враќање. Што помалку време имаш меѓу поаѓањето и враќањето-поскапа е картата, на пример, за поаѓање понеделник, враќање вторник вечер ми дадоа цена од 400 евра за една карта, а редовна цена беше пола до тоа. Најдобро да си се јавиш во некоја агенција, таму точно ќе ти кажат, а еве ти го и сајтот на Croatia Airlines http://www.croatiaairlines.com/nbspnbspposebneponudenbspnbsp/međunarodniletovi/tabid/677/Default.aspx
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.633
Поени од реакции
250
Јас да го пишам моето искуство.

Со ефтини авиокомпании не сум се возел, али во последно време кога летам негде, летам од Белград, а картите ги купувам од expedia.com . Во март летав од Белград до Минхен и назад за 110 долари со Lufthansa. E-карта е, можеш да си ја исштампаш потврдата на мејл што ти стигна али тоа за секој случај бидејќи веќе те имаат во компјутер.

Шемата е следна:

1.Се качуваш на бус до Белград (најубаво Млаз трга во 2 или 3 сабајле стига во 9 10 и НИГДЕ не застанува по пат за разлика од Ниш експрес кој застанува на секоја дупка и бандера; Млаз трга за назад во 4 попладне едино што не вози во недела)

2. Од автобуска фаќаш трамвај 3 кој моментално не работи/ идеш пешки по узгорниците едно 20 мин до Зелени Венац

3. Фаќаш 72 чија задња станица е патничкиот терминал на аеродромот. За термини на тргање на 72 http://www.gsp.rs/linija.asp? id=72. Со 72 вожњата варира 30 минути раааано на сабајле до саат и нешто во гужва, карта е 100 динари или околу 1 евро во 1 правец и се купува или у трафика или кај шоферот (мој совет купи неколку за и другпат да имаш).

Бус до Белград повратна 2200+ карта за 72 200 дена максимум = 2400-2500 топтан

Ако некој знае оваква шема за Софија нека пише, ќе ми треба.

Викате Wizzair се доверливи?
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.436
Поени од реакции
15.312
smole мислам дека подобра варијанта ти е од Солун ако веќе се решаваш на чекор да леташ од друга земја.

Во Београд има мали постојки (обичен знак со авион на него) специјално направени за автобуси од тогашно ЈАТ на многу места низ градот. Мислам дека оперираат на секој 45 минути, јас лично се качив од таа во центар карши мекдоналд но има и на многу други места (мислам дека има и на железничка) па немаш потреба да се малтретираш.

За од Софија немам искуство, мислам дека подобра идеја ти е од Солун со самиот факт дека сега има секојдневни тури со повратна карта за најмногу 1000 денари.

За евтини карти покрај www.airgorilla.com, www.expedia.com , www.kayak.com јас ги користам www.lastminute.com кога се работи за подолги патувања ако успеам да најдам нешто поефтино во моментот, www.airasia.com ти е извонреден и најефтин превозник кога се работи за тој дел од светот со кој имам лично искуство потполно во ништо не се разликува од останатите авиопревозници.
Апропо он-лајн букирање не мора да значи дека е поефтино барем не кога се работи за Македонија, можеш да начекаш нешто поефтино и преку агенција ако има некој чартер.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Ако некој знае оваква шема за Софија нека пише, ќе ми треба.

Викате Wizzair се доверливи?
Во која смисла доверливи? Јас сум летал со WizzAir од Софија за Италија. Се помина во најдобар ред. Чекирање само со пасош, иако носев испачатена резервација.
Цените ви се познати претпоставувам. Во некои период од годината може да се најдат мноогу евтини карти. Зависи од атрактивноста на летот. После Нова година околу 11,12 јануари имаше летови за Венеција за 19 ЛЕВА. Тие цени ги гледав кон крајот на декември, не беше нешто пола година однапред. Од друга страна, сега да резервираш за во август, Мадрид, Барселона или Валенсија, не е под 300 лева во еден правец.

Автобус шема од центар на Софија до аеродромот има. Не го знам точно бројот на автобусот ама сигурен сум дека гледав на интернет распоред. До 22:30 навечер е последниот автобус.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Цена на повратна до Стокхолм!!!!? Please? :wink:
Најчесто за да добиеш цена треба да се внесе датум на поаѓање.
Можеш да погледнеш на линковите од погорните постови.
http://wizzair.com/ Нема од наша близина за Стокхолм. Има од Будимпешта евентуално. Баш видов сега ако ти значи нешто, за периодот од 13 до 22 мај имаш повратна од 120 до 190 евра. Зависи кои денови ќе ги одбереш. Некогаш летот во сабота е двојно поскап од оној во вторник.
WizzAir на цената на картата што ја прикажуваа се додаваат околу 5 евра за плаќање со картичка и 10 евра ако имаш багаш до 15 кг. кој нема да го земеш со себе горе во авион.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.203
Има Некој Информации Буџет Аирлине за Кина,Пекинг . Викаат дека преку Москва Аерофлот била најефтина опција.?
 
На врв Bottom