Евро 2012 - четврто четвртфинале (Италија - Англија), 24/06/2012

Член од
21 септември 2008
Мислења
14.595
Поени од реакции
14.415

24 June 2012, 20.45 CET
Olympic Stadium, Kyiv

Претходни натпревари на ЕП:
15/06/1980 - Торино
Англија 0 - 1 Италија

Овие две репрезентации се немаат сретнато на ЕП цели 22 години и поради тоа владее голем интерес за овој натпревар. Иако не одиграле многу натпревари во годините наназад, овие две репрезентации одиграле неколку интересни натпревари, а последниот е на Светското првенство 1990 година, кога Италија беше домаќин на шампионатот и тогаш ја победи Англија со 2 - 1 во битката за третото место.

Англија групната фаза ја заврши на првото место со 7 бода, остварувајќи 2 победи и еден нерешен резултат. Ги добија Шведска и Украина ремизираа со Франција, гол разлика +2. Во првиот натпревар видовме бледо издание и реми со французите. Во вториот натпревар видовме одличен фудбал, ја добија Шведска со 3 - 2. Во натпревар полн со пресврти, победета на Англија им ја донесе Дени Велбек а голем допринос за победата имаше и Волкот со гол и асистенција. Во последниот натпревар победија против Украина со 1 - 0 со голот на Руни после грешката на голманот на Украина, и во натпревар со многу судиски грешки. Во групната фаза и не покажаа многу али позитивно за нив може да биде враќањето на Руни. Селекторот на Англија константно го користи Милнер кој досега не прикажал ништо, единстевено Волкот задоволи со својата игра. Меѓутоа, тешко е да се очекува дека Хоџсон ќе менува нешто во составот во пресрет на овој натпревар.

Италија групната фаза ја заврши на второто место со 5 бода, една победа и две реми. Во првото коло одиграа 1 - 1 со фаворизираната Шпанија, со идентичен резултат и во второто коло против Хрватска, а во последното коло рутинирано ја добија Ирска со 2 - 0. Италијанскиот фудбалски сојуз објави дека дефанзивецот Џорџо Киелини ќе го пропушти овој натпревар поради повреда, што секако ќе биде голем хендикеп за италијанците. Италијаните на ова првенство малку го променија својот стил на игра, не им се базираше целата игра само на дефанзива, али сепак не импресионираа многу.

Доколку не се случи нешто непредвидено, ова би можело да биде најдосадното четвртфинале. Ниту една од репрезентациите не прикажа ништо посебно на ова ЕП, и сигурно е дека двете репрезентации ќе влезат внимателно и дефанзивно во овој натпревар..
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Ова ќе биде се надевам меч за уживање... Мала предност за Италија... И како што е пишано можно е да се фокусираат на дефанзива посебно Англичаните, ако игра Балотели Италија нема шанса да се брани :)
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Тука мислам дека многу ќе се тактизира од почеток до крај и победникот ќе биде решен по грешка на одбраната.Очекувам најпрво да видиме по еден гол во двете мрежи,а ако некој успее и по втор пат да ја затресе мрежата на противникот тогаш најверојатно тоа ќе биде репрезентацијата што ќе оди понатаму.
--- надополнето: 22 јуни 2012 во 13:13 ---
Тука мислам дека многу ќе се тактизира од почеток до крај и победникот ќе биде решен по грешка на одбраната.Очекувам најпрво да видиме по еден гол во двете мрежи,а ако некој успее и по втор пат да ја затресе мрежата на противникот тогаш најверојатно тоа ќе биде репрезентацијата што ќе оди понатаму.
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
со германија вкрстуваат. не знам од кај стигна до оваа чудна констатација.
Па што дека вкрстуваат. Демек Германија досега им набила тешки комплекси па уште неможат да ги излечат:)
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.238
Поени од реакции
14.529
Доколку не се случи нешто непредвидено, ова би можело да биде најдосадното четвртфинале. Ниту една од репрезентациите не прикажа ништо посебно на ова ЕП, и сигурно е дека двете репрезентации ќе влезат внимателно и дефанзивно во овој натпревар..
Како тоа ништо не покажала Италија? Најискрено ги гледаше натпреварите на Италија? Италија - Шпанија беше убав натпревар, со динамика, надигрувања, убави потези, шанси и двете екипи можеа да победат. За таков натпревар беше заслужна и Италија. Не беа константни, и на тој натпревар и на натпреварот со Хрватска, па ни со Ирска, но да кажеш дека ништо не покажале е глупо (колку и да звучи оштро). Башка и по европските портали се пишуваше за тоа дека Италија сега сака да игра, не само да се брани, дека напаѓа, има добри техничари и сл. Но, нели, стари клише муабети, Италија се брани, играат катанаџо, досаден фудбал.

А 1/4 финале тешко да не е досадно, посебно кога играат две големи репрезентации. Тука влогот е голем, тешко се превзема ризик.
 
Тоа е моментот кога Италија е во прашање. Без разлика дали Италија променила нешто во својата игра на подобро главно истото се збори, досадна игра, катанаџо, гледаат да не приимат гол итн.
Ај со одбрана да освоиш една титула на среќа, ко Грција 2004 ама да освоиш 4 светски и една европска титула со катанаџо е тоа не ми е јасно како е изводливо. Како тоа репрезентациите кои играат убав фудбал не успеале да победат против досадното и лошо за око катанаџо во неколку наврати?
 
Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Тешка утакмица ќе биде .. со многу тактизирање. Сепак очекувам победа на Азурите
 
М

Мартин`

Гостин
Со Шпанија не беше лошо, со Хрватска исто не беше лошо, со Ирска исто така.. а за натпреваров очекувам да го извлечат најдоброто од сите 3 предходни натпревари и да ги поправат грешките од истите. Само реализацијата (Натале-Балотели-Касано) да проработи подобро а верувам така ќе биде и мислам дека Италија ќе го однесе натпреваров во нивна полза лесно.
 
Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.536
Поени од реакции
17.951
Очекува тежок дуел бес многу убавина,и нормално победа на англија
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.350
Ќе навивам за англичаните во овој меч.
Ова ќе биде чуден натпревар и ништо нема да се знае до последна минута.
Очекувам Италија да напаѓа а Англија да се брани.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom