Евро 2012 - четврто четвртфинале (Италија - Англија), 24/06/2012

SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
Ќе навивам за Италјаните.Англичаниве ми се страшно антипатична екипа.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Forza Italia, ич не ги можам ова англичаниве, ептен грда одвратна нација.
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Ако помине утре Италија, ќе стигне до финале. Жабариве се единствен лек за Германија, се докажало повеќе пати до сега.
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.758
Поени од реакции
8.016
Ептен италјанци бре :D Да не испадне ова ко со Чешка? :eek:

Ова може и ќе биде најдобриот натпревар од 1/4 финалето, навиваме за Италија! :cool:
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.489
Поени од реакции
87.369
Ливерпул VS Јувентус :pos:

Тврд натпревар ќе биде, може да заврши и 0-0 па да гледаме пенали, ништо чудно со оглед на тоа што знаеме што фудбал играат двете репрезентаци ( да ти е мака да ги гледаш ).Сепак типувам на Италија (y)
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Касано и Балотели по еднаш за Италија, Велбек еднаш за Англија.
 
М

Мартин`

Гостин
Англија против непријатната традиција

Англиските репрезентативци со нетрпение го очекуваат вечерашниот дуел со Италија, на кој што ќе се обидат да стават крај на серијата разочарувања на големите натпреварувања. „Гордиот Албион“ се нема пласирано во полуфинале од едно европско или светско првенство уште од ЕВРО 96, што се играше токму во Англија, но избраниците на Рој Хоџсон се решени да стават крај на оваа непријатна традиција и токму со триумф над Италија вечерва да се пласираат меѓу четирите најдобри селекции на Стариот континент. Англија го освои првото место во својата група за прв пат по ЕП 1996, па навивачите на оваа селекција се надеваат дека со пласман во полуфиналето ќе биде повторен уште еден успех на големите натпреварувања.

„Се уште ги помнам сите оние разочарувања од минатото, но тие ме направија поцврст и подобар играч. Сега пред себе имам нова шанса да им донесам радост на нашите фанови и ќе дадам се од себе за сите заедно да славиме на крајот. Играме одлично на овој турнир, атмосферата меѓу фудбалерите е фантастична, а тоа е еден од главните предуслови за добар резултат“ - изјави капитенот Стивен Џерард.

Англичаните ќе се надеваат дека победникот нема да мора да се решава со изведување на пеналите, ако се знае дека тие загубија на пет од последните шест пенал-рулети што ги играа, па селекторот Рој Хоџсон уште пред неколку дена побара од своите фудбалери да тренираат дополнително изведување на ударите од белата точка.

„Нормално дека би сакал да славиме уште по 90 минути игра, никој не посакува изведување на пенали, но мораме да бидеме подготвени доколку дојде до такво нешто. Непријатните статистики се бришат само со максимална пожртвуваност, а јас сум убеден дека моите избраници ќе дадат се од себе за да стигнат до победата и да се пласираат во полуфиналето“ - истакна Хоџсон.

Англија има непријатна традиција и во директните пресметки со вечерашниот ривал, ако се знае дека „гордиот Албион“ славел само еднаш во последните 35 години над овој противник. Последниот меч меѓу двете селекции се одиграл во 2002 година во Лидс, кога Италија славела со 1-2 (Монтела постигна два гола за „аѕурите“, додека Роби Фаулер беше стрелец на единствениот погодок за Англија).
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Колку само ќе одат Англичаниве да го наместат Балотели на црвен картон...
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Двете екипи играат одбранбено се пазат да не примат гол,ќе биди интересна утакмицата ќе ја тепаат топката,ќе ја клоцаат што подалеку... (y)
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171
Англија против Италија



Чиста формалност да се знае кој ќе загуби од Германија.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Пеналите ќе решаваат, и Англија ќе победи и конечно ќе го скрши пенал проклетството на големите натпреварувања.
Исто така, ќе го освои Европското Првенство и ќе продолжи да доминира со светскиот фудбал во следните 50 години.
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.758
Поени од реакции
8.016
Пеналите ќе решаваат, и Англија ќе победи и конечно ќе го скрши пенал проклетството на големите натпреварувања.
Исто така, ќе го освои Европското Првенство и ќе продолжи да доминира со светскиот фудбал во следните 50 години.
Заборави да ставиш: :icon_lol:
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.809
Поени од реакции
30.691
Руни решава (y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom