Евро 2012 - финале Шпанија-Италија: 4-0

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде новиот Европски шампион ?

  • Шпанија

    Гласови: 85 34,6%
  • Италија

    Гласови: 161 65,4%

  • Вкупно гласачи
    246
Пуштете ја Х во Х. Обавезно така излегува чим игра Шпанија(Х на полувреме СЕКАКО). Направете анализа на многу мечеви наназад кога игра Шпанија во нокаут фаза :)
 
Дел Боске: Ќе играме со тројца напаѓачи во финалето, Италија нема да игра „катанаџо“
Селекторот на Шпанија, Висенте дел Боске, најавува офанзивна игра на својата селекција во вечерашното финале на Европското првенство против репрезентацијата на Италија. Тој вели дека „црвената фурија“ ќе истрча на теренот со тројца напаѓачи затоа што сака да ја одбрани европската круна освоена пред четири години. Но, фудбалска јавност не му верува, смета дека тој поинаку ги гледа своите „напаѓачи“ во составот. Можеби за него е напаѓач и доколку Цеск Фабрегас доби улога како „лажна деветка“, а Иниеста и Давид Силва бидат по страничните позиции, па и тие ги смета за напаѓачи. Но, јавноста нема да биде сигурна се додека Дел Боске вечерва, еден час пред натпревар не го соопшти стартниот тим на Шпанија.


„Ќе играме со тројца напаѓачи, но комплетниот тим ќе треба да им помогне. Наша обврска како прваци е да напаѓаме, но исто така мораме и квалитетно да се браниме. Италија исто така нема да игра дефанзивен фудбал. Не играа дефанзивно на ниту еден меч од ова ЕП, тој стил е веќе во нивната историја“, изјави Висенте дел Боске во пресрет на вечерашното големо финале на Европското првенство што ќе се одигра на Олимпискиот стадион во Киев, со почеток во 20.45 часот.
Извор.
 
Италија е во еуфорија, но Шпанците се смирени и знаат точно што сакаат.

Ова е титански дуел помеѓу Срцето и Мозокот, Разумот и Желбата!
 
абе од кога ви викам дека Италија е шампионнн !!! Grande Italy <3 Grande Juve <3
 
575001_337134119695055_804199243_n.jpg


Ова повеќе му стое :D
 
Вечер Шпанија ќе им ги затне устите на сите,како Рамос со пеналот во полуфиналето со Португалија.
Играта на Шпанија,признавам,можеби досадна за гледање но,таа игра резултираше со финале,ниеден пораз и само еден примен гол на целово првенство:pipi:
Вечер тој ваш Супер Марио нема да може да мрдне,исто како што Роналдо газеше се пред себе но,кога дојде да играат со Шпанија,трт,све над гол.
Очекувам Љоренте вечер да се покаже во право светло :icon_lol:

Vamos Espana!
 
Вечер Шпанија ќе им ги затне устите на сите,како Рамос со пеналот во полуфиналето со Португалија.
Играта на Шпанија,признавам,можеби досадна за гледање но,таа игра резултираше со финале,ниеден пораз и само еден примен гол на целово првенство:pipi:
Вечер тој ваш Супер Марио нема да може да мрдне,исто како што Роналдо газеше се пред себе но,кога дојде да играат со Шпанија,трт,све над гол.
Очекувам Љоренте вечер да се покаже во право светло :icon_lol:

Vamos Espana!
Разликата е во тоа што Роналдо =Португалија а Италија далеку од тоа дека е еднаква на Супер Марио. Италија не е Португалија и не зависи од поединци.
 
0 - Број на репрезентации кои успеале да стигнат до одбрана на титулата на ЕП.

13 - Вкупно фудбалери кои играле во две финалиња. Се работи за Валентин Иванов, Виктор Понеделник, Лав Јашин (СССР, 1960-титула, 1964-2. место); Франц Бекенбауер, Ули Хенес, Сеп Мајер, Ханс-Георг Шварценбек, Херберт Вимер (Германија, 1972-титула, 1976-2. место); Бернард Диц (Германија, 1976-2. место, 1980-титула); Томас Хеслер, Томас Хелмер, Јирген Клинсман, Маријас Замер (Германија, 1992-2. место, 1996-титула)

3 - Репрезентации што во исто време успеале да бидат и Светски и Европски шампиони. Покрај Шпанија (ЕП 2008, СП 2010) тука се и Германија (ЕП 72, СП 74) и Франција (СП 98, ЕП 2000).

15 - Играчи кои успеале да стигнат до титулите на Германија и Франција на двете големи натпреварувања. Мајер, Бекенбауѕер, Шварценбек, Брајтнер, Хенес и Милер играа за Германија, додека Бартез, Десаи, Лизаразу, Турам, Дешамп, Џоркаеф, Виеира, Зидан и Дугари учествуваа во подвигот на Франција.

9 - Касиљас, Рамос, Пујол, Капдевиља, Иниеста, Чави, Фабрегас, Алонсо и Торес играа во финалните дуели на ЕП 2008 и СП 2010.

pirlo_javi.jpg

27- Доколку Италија победи утре тогаш ова ќе биде бројката на играчи кои успеале да стигнат до трофеи од ЕП и СП. Шанса за тоа имаат Буфон, Пирло и Де Роси кои станаа светски шампиони во 2006 година.

5 - Финалиња кои се играле со продолженија.

1960: СССР - Југославија 2:1

1968: Италија - Југославија 1:1 (повторен меч 2:0)

1976: Чехословачка - Германија 2:2 (5:3 пенали)

1996: Чешка - Германија 2:1 (златен гол)

2000: Франција - Италија 2:1 (златен гол)

1 - Финале на ЕП кое било решено со пенали. Чехословачка ја совлада Германија, а од ова финале остана и пеналот Паненка.

1 - Најчеста разлика во финалињата на Европските првенства.

2:0 - Дури четири натпревари од финалето се завршени со овој резултат. Со 2:0 победија Данска (1992), Холандија (1988), Франција (1984) и Италија (1968 во повторениот меч).

3:0 - Најголем триумф во финалињата на ЕП кој се случи во 1972 година кога Германија го совлада СССР.

36 - Број на погодоци во финалните средби. Од нив 14 се постигнати во првото полувреме. 19 се во вториот дел, а само три во продолженијата.

6 - Најбрзиот гол во финалето е постигнат во 6. минута од Хесус Переда од Шпанија во 1964 година.

1 - Првпат во едно финале на ЕП голманите ќе бидат капитени на двете селекции.

5 - Фернандо Торес и Хуан Мата може да се приклучат на мала група од петмина фудбалери кои ќе успеат да стигнат до трофеј на ЕП после титула во ЛШ. Претходно ова им успеало на Луис Суарез (Шпанија, Интер - 1964), Ханс Ван Брукелен, Роналд Куман, Бери ван Ерле, Џералд Ваненбург (Холандија, ПСВ Ајндховен - 1988).

10 - Спротивно на ова има десет фудбалери кои победиле во ЛШ, но загубиле во финалето на ЕП. Се работи за Сеп Маер, Ханс-Георг Шварценберг, Франц Бекенбауер, Ули Хенес (Германија, Баерн Минхен - 1976) и Рикардо Карваљо, Нуњо Валенте, Костиња, Маниче, Деко, Паоло Фереира (Португалија, Порто - 2004).

1 - Единствен селектор кој има титули од ЕП и СП во исто време е Хелмут Шон од Германија од 1972 и 1974 година. Ако победи Шпанија, Дел Боске ќе стане вториот.
 
Вечер јас како неутрален гледач пред се се надевам дека ќе гледаме интересен натпревар и ќе победи подобриот. Мислам дека Италија ќе победи поради традицијата против Шпанија која ја нема победено Италија во официјален натпревар во 90 минути ама ќе видиме вечерва :).
 
Разликата е во тоа што Роналдо =Португалија а Италија далеку од тоа дека е еднаква на Супер Марио. Италија не е Португалија и не зависи од поединци.

Добро де, ќе го затворат Пирло и чао, пријатно!
 
Добро де, ќе го затворат Пирло и чао, пријатно!
Тоа е исто како јас да кажам, ќе го затворат Чави и чао пријатно. Пирло не е Бо Меккелеб во Италија па ќе го затворат и тоа е тоа. Италија е многу повеќе од Пирло и Балотели а во тоа ќе се уверите вечер.
 
Цел свет го нарече шутот “паненка“, ама еве чим експерти како тебе и тој погоре викаат дека не е, тогаш така е.
Ви го префрли Рамос преку рамо на свите, пукните од мука вие :)
Брат,можи навиваш за реал а можи и за шпанија незнам тоа , ама види прво како се изведува па ненка па после кажувај.Едноставно Рамос немаше доволно мадина да го стори тоа.Ти кажав споредба ете голот на зидан против италија во 2006 финалето и тоа беше слиќен шут на рамос.Тоа паненка го викаш?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom