Евро 2012 - прво четвртфинале (Чешка - Португалија), 21/06/2012

Член од
21 септември 2008
Мислења
14.446
Поени од реакции
13.873

21 Jun 2012, 20.45 CET
National Stadium Warsaw, Warsaw

Претходни натпревари на европските првенства:
11/06/2008 - Женева
Чешка 1 - 3 Португалија

23/06/1996 - Бирмингем
Чешка 1 - 0 Португалија


Репрезентацијата на Чешка првиот натпревар на ова Европско го одигра многу лошо и загуби со 4 - 1 од Русија. Единствениот гол за нив го постигна Пилар кој беше единствената светла точка на тој натпревар. Во следниот натпревар против Грција видовме преродена Чешка која уште во воведниот дел од натпреварот имаше водство од 2 гола. Головите ги постигнаа Јирачек и повторно Пилар. Во последниот натпревар од групната фаза Чешка издвојуваше минимална победа против домаќинот Полска, со гол на нивниот најдобар играч во досегашниот дел од првенството, Петр Јирачек. Групната фаза Чешка ја заврши на првата позиција што беше и мало изненадување, особено после катастрофалниот почеток на ова првенство..


Исто како и Чешка, и Португалија беше поразена од Германија во првото коло во групата Б, која воедно беше и групата на смртта. Бледото издание на Португалија го казни Марио Гомез, и во тие моменти започнаа критиките од својата земја упатени кон фудбалерите на Португалија, посебно кон Роналдо.. Во следниот натпревар против Данска, Португалија издвојуваше тешка победа, но сепак повторно не изостанаа критиките кон Роналдо кој на тој натпревар промаши две колосални шанси, но сепак херојот на тој натпревар, Варела со гол при крајот на натпреварот им ја донесе толку посакуваната победа на Португалија а со тоа и реални шанси за поминување на групата. Последниот натпревар против Холандија и не започна баш најдобро за нив затоа што само после 10 минути игра португалците имаа негатива, но Роналдо конечно на ова ЕП заигра како што и се очекува од него и докажа зошто е еден од најдобрите играчи во светот. Два гола на Роналдо за целосен пресврт против Холандија, и со тоа освојување на втората позиција во групата Б.

Во ова четврт-финале може да очекуваме отворен натпревар затоа што ни едните ни другите не негуваат дефанзивен фудбал. И двете репрезентации своите шанси најчесто ќе ги бараат преку крилата кои им се нивно најсилно оружје. Во Чешка тоа се Пилар и Јирачек а кај Португалија Роналдо и Нани. Она што би можело да биде пресудно а е на страната на Португалија е троецот во средниот ред, Велосо, Мутињо и Меирелеш, кои докажаа во натпреварот против Холандија дека доколку тие си ја завршат својата работа на ниво Португалија може да достигне високо ниво на игра. На другата страна да го споменеме и Милан Барош кој не игра на високо ниво на ова првенство, но има драгоцено искуство во играњето на големите натпревари и во завршниците од европските првенства..
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.940
Поени од реакции
84.372
Типувам на Чесите дека ќе се пласираат во полу-финале

Реков уште пред последното коло во групата дека Чешка има шанси против Португалија.
Напред Чешка !! Ако ги поминат Португалците и во полуфинале играат со Шпанија win-win ќе ми биде бидејќи една од моите омилени екипи ќе игра во финале :D
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Тепа Португалија бе, очекував поголем коеф, вака ни за сингл не е.:oops:
 

бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.231
Поени од реакции
3.830
Ја мислам дека на пенали ќе се решава.....и Чешка ке победи!!!!!:vozbud:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
И се враќа Росицки на Чешка! Нема да биде ни навидум лесен меч за фраериве од Португалија, се надевам на достојна борба за Чесите.
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Чешка не е толку слаба репрезентација да збориме реално,коа можеше да помине група зошто не и португалија да ја изненади.Видовме што се деси со Русија така да тука ништо не се знае шансите 50-50..Ја би сакал Чешка да ја видам понатаму.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.136
Поени од реакции
18.135
Хикс 90 мин., Ќешка на продолжение.
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
Сите за Чешка! :D

... се надевам нема да не разочарат.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Чешка ќе има далеку поголема поддршка и очекувам тесна битка ако не му тргне на Роналдо се е можно иако реално Чесиве се класа послаби.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Форца Џеват!!!!
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.386
Поени од реакции
3.808
Леле сите сте за Чешка само јас ли сум за Португалија во ова 1/4 финале ?:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom