Додека тие што се жалат со примања од “150“ евра и планираат одмори и кафепиење,дрнкање со кола наокулу и др. слични глупости бесмислено е да се збори за менаџирање.
Апсурдно е,но тука на форумов,сите што кукаат дека нема пари у државава сите ќе заминат на одмор.
Ем се нема пари ем на одмор се иде
Абе види сега ................ јас сум човек што реално ги гледа работите, во секој смисол, не сум нечија партиска овца па да јадам го*на демек ако се моите на власт ќе викам дека се е супер, а ако не се моите на власт тогаш да викам дека се е катастрофа, тие ствари кај мене не проаѓаат !
Е сега дека во МКД има сиромаштија и невработеност(ХХ%) има, тоа никој не го негира сите го знаат/знаеме тоа, меѓутоа од друга страна секој ден се движам низ градов(во Центар работам) и насекаде околу мене гледам скапи возила салонски, скапи гардероби, кафани и кафичи полни цел ден, младите(грото) ништо не работат само пијат кафенца по тоа кафичите и се шмекаат, женските(повеќето) се влезени во некој Холивудски филм и се е тоа шмизлерај(грото), сите се со мобилките на уво, еве сега е среде лето и пола Скопје па и повеќе е надвор по мориња отидено, ќе дојдат Новогодишни празници низ град ќе биде с’ска од народ, кафани, кафичи пак преполно, па за Божиќ пак повеќето ќе фатат надвор, па исто и за останатите празници и ред ред други работи ............ и после пак сите ќе викаат нема-нема и тој што навистина нема вика дека нема и тој што има пак ќе вика дека нема, епа не идат така работите бе друже, колку нозете-толку чергата, секој сака да јаде, пие, шета, троши... ама дедо боже да му плати, епа не идат така работите ............. нашите претци(општо зборам) порано биле и живееле ептен сиромашки, па пак биле задоволни со себеси и со своите животи, денеска секој сака да јаде и пие ама друг да му плаќа и после криза било, па ќе е криза, бидејќи покрај сувото гори и сировото !