Евроцентар: Македонските граѓани се финансиски неписмени

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Чим не се гледа и планира напред во иднината едно 100 год. минимум, ништо од бизнисот, све пропалици сме ! :giggle:
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.581
Ај да се договориме со професорката, таа да зема плата од 200 евра а ние од 3000 па да видиме кој ке биде пописмен, кој подобро ке знае да ги "менаџира" парите може?
Само под еден услов, да не умре од нервози прерано....
Заборавив да пишам дека, напротив, ние сме финансиски најписмениот народ. Кога Германец ке преживее со 200 евра месечно една година, тогаш ке кажам дека тие се пописмени од нас. Засега ние сме финансиски најписмени, поради тоа што ретко кој знае и може да прешивее со вакви Македонски примања.
Писмен не е оној кој има многу пари, па може да си прави комбинации до 101 и назад за тоа кај ке ги вложи/штеди парите, писмен е оној кој на легален начин ке преживее со повисоки расходи од приходи. Лесно е кога ги имаш парите па да коментираш како другите кои имаат само за храна, облека и едвај за сметки, да кажуваш колку тие не знаат да работат со банки.
Па лесен е одговорот, кој ташак ке им се банки на луѓето кога немаат вишок пари за да работат со нив, едноставно до динар им се испланирани за основните потреби, храна облека и кров на глава, крај на муабетот.
Ако некој кој нема вишок пари, а сака да земе кредит, како да го земе кредитот кога знае дека наредниот месец ке треба некоја сума пари од кесето кое веќе е испланирано да се потроши за храна облека и сметки да одвои за кредитот кој го земал. Од што да скрати, од храната или од облеката? Дефинитивно од сметките не може бидејки ке оди на суд, значи наместо да јаде колку толку пристојно домашно јадење, ке треба цел месец да јаде пипер и патлиџан ради еден ебан кредит и ради тоа да биде во тек со трендот и модата дека треба да работи со банка да биде малку ускладен со 21виот век, така ли? На такво ли менаџирање со парите зборите професорке и вие од таа некоја си фирма за што ти јас знам таму? Да ве фати клетва па да живеете вие со 200 евра и да видиме колку време ке поживеете и ке ве држи здравјето.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Може не знаеме да планираме финансиски, али затоа први сме во претурање од шупље во празно, затоа што така сме се навикнале. Снајди се, па живеј. Нормално дека сепак, мора да имаш некој план во однос на тоа како ќе ги распоредиш парите за сметки, останати трошоци, ама не ретко се случува да излезат непланирани трошоци (кои се доста скапи за наш џеб) и мораш да правиш друг распоред, да се снајдеш од ваму-од таму... Човек што има угодна плата и живот (да не речам малце повисока класа) не мора да се грижи, затоа што има луфта и поудобно му е од тој аспект и затоа полесно му е и да планира.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Може не знаеме да планираме финансиски, али затоа први сме во претурање од шупље во празно, затоа што така сме се навикнале. Снајди се, па живеј. Нормално дека сепак, мора да имаш некој план во однос на тоа како ќе ги распоредиш парите за сметки, останати трошоци, ама не ретко се случува да излезат непланирани трошоци (кои се доста скапи за наш џеб) и мораш да правиш друг распоред, да се снајдеш од ваму-од таму... Човек што има угодна плата и живот (да не речам малце повисока класа) не мора да се грижи, затоа што има луфта и поудобно му е од тој аспект и затоа полесно му е и да планира.
Aко не планираш ќе се убиеш од земање кредити и банките ќе ти го расплачат мамичето.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Aко не планираш ќе се убиеш од земање кредити и банките ќе ти го расплачат мамичето.
Точно, затоа и реков прво дека мора да се има одреден план за трошење, отприлика како ќе ги распределуваш приходите, само поентата ми беше дека некогаш има непланирани трошоци кои мораш да ги дадеш, а доколку имаш мали приходи ќе ти го поремети планот. Затоа некогаш мора да се оди на тактика од шупље во празно.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Колку пари толку музика. Штеди оној што има, на другите им треба денар повеќе за да имаат колку-толку човечки живот. Еве, нека не се 200 евра плата, нека се 300-400. Што ќе остане ако со нив живеат 2-3 луѓе (и повеќе) кога ќе се платат сметките? Нешто за облека, нешто за патни трошоци, најмногу за храна. Храната е посебна приказна - каква храна би се конзумирала кај нас со ограничен буџет и како тоа би се одразило врз здравјето за едно 10-15 години, ако веќе сакаме долгорочно да планираме. Најголемиот дел од населението преживува, можеби не е крајно сиромашно (да умира за храна и за вода и да е без покрив над глава), но секојдневно мака мачи да ја одржи (ако веќе не може и не знае да ја поправи) својата економска состојба.
Ваквите оценки и проценки на Евроцентар се глупи, нереални, креирани од луѓе кои живеат во свој свет и од носот не гледаат подалеку. За секој план треба некаква основа - вишок финансии (ако некој има и сака да заштеди), некаков недвижен и подвижен имот, и најпосле знаење што и како треба да се прави. Ми текна сега една убава мисла на Е. Бирс од Ѓаволовиот речник која е посредно поврзана во темава а која дава едно алтернативно објаснување за грабежливоста, која е штедливост на моќните. Кај нас оваа дефиниција се покажа како крајно вистинита и применлива, барем што се однесува до олигархијата т.е. економската елита кај нас. Таа така финансиски испланира и за себе а богами и за нас. Таа навистина заштеди.
Се движиме главно во кругови кои ни се блиски - географски, интелектуални, финансиски, професионални. На еден скопјанец, вработен во приватна/државна институција, кој зема 500 евра плата, чија сопруга не поминува полошо, кој има во наследство добиено стан и си комуницира со луѓе кои горе долу имаат сличен живот, нема многу разбирање за потребите и можностите на некој селанец од Демирхисарско, кој е ептен „недомаќин“ затоа што тешко врзува крај со крај. Ова само како пример. Зошто многу од нас си мислат дека ако тие поминуваат добро, дека и со другите треба и мора да е така. Ситиот на гладниот не му верува.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Планирање и штедење ......... планира и штеди тој што има од што да заштеди, кратко и јасно, нормално дека неможе да штеди оној што работи за малку пари, дури и да има желба за штедење ......... е сега зависи и од менталитетот т.е. домашното воспитување, на пр. познавам повеќемина кои земаат натпросечни приходи и на кои им остануваат секој месец вишок пари, е сега некој е штедлив човек и ќе ги стави под перница или во банка, а некој е едноставно авантуриста и трошајлија во душа и ќе ги изеде, испие, ќе го сврти цел свет, ќе лумпува, ќе се коцка и.т.н. постојат безброј врсти на карактери, секој човек си е своја приказна сам по себе, јас на пр. претпочитам штедливост и скромност(во умерени граници секако), ама за да се штеди мора да се има од што да се заштеди !
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
146
Поени од реакции
50
Планирање и штедење ......... планира и штеди тој што има од што да заштеди, кратко и јасно, нормално дека неможе да штеди оној што работи за малку пари, дури и да има желба за штедење ......... е сега зависи и од менталитетот т.е. домашното воспитување, на пр. познавам повеќемина кои земаат натпросечни приходи и на кои им остануваат секој месец вишок пари, е сега некој е штедлив човек и ќе ги стави под перница или во банка, а некој е едноставно авантуриста и трошајлија во душа и ќе ги изеде, испие, ќе го сврти цел свет, ќе лумпува, ќе се коцка и.т.н. постојат безброј врсти на карактери, секој човек си е своја приказна сам по себе, јас на пр. претпочитам штедливост и скромност(во умерени граници секако), ама за да се штеди мора да се има од што да се заштеди !
Све е до домашно васпитање. Има и богати па не си го знаат есапот а има и сиромаштија што си води и многу рачун па од ништо прават нешто. Напротив сиромашниот треба повеќе да пази и планира зошто може полесно да си го окрка.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Европејците за планирање на финансии слободно може да дојдат овде и часви да им даваме по финансии. Гледам од нивните планови што испадна, ние и со 6000денари знаеме еден месец да поминеме, ние сме биле неписмени.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Хехехехе... дајте ми 2-3000 евровизиски банкноти месечна плата, па да видите колку ли сум само финансиски писмен...
Ај нека пробат да бидат писмени макар и со официјалната просечна македонска плата де...
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Претерувате малце.Да се преживуваше со по 200 евра немаше секој кафич во центар да е пун и нови коли на сите страни да има ( ова е од Скопска гледна точка ) за остатокот од Македонија во најголем дел се преживува со по 200 евра месечно.
Сите кои имаат големи пари во Ск мање-више се занимават со нелегални бизниси или се заглавени до гуша во кредити. Лажен сјај, половни коли увезени од странство и картички колку сакаш..кога ќе загребеш под површината ќе видиш дека голем дел од нив се снобови кои буквално немаат да јадат дома и се задолжуваат насекаде, ама кога ќе излезат надвор, одат во најскапите кафичи и ресторани. Другата половина вртат нелегални бизниси. Тоа е нашата елита.

Кога станува збор за некакво финансиско планирање, тоа може да си го дозволи само некој кој е добро укотвен во државната администрација (под тоа ги подразбирам оние камелеони кои остануваат на работа без оглед на промената на власта). Оние претходни две категории се повеќе ризични, бидејќи кога-тогаш ќе завршат во апс или на улица, бидејќи ставиле се под хипотека за кредит...нели, да се покажат пред луѓето:)
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210

Силвана Жежова


Поголем дел од граѓаните сметаат дека за да си постават некакви финансиски цели треба да имаат многу пари. Забораваат дека и кога немаат доволно пари, треба да знаат како да менаџираат со својот буџет. Во Македонија, недостасува секаква едукација на тема водење лични финансии

Само 6% од македонските граѓани ги планираат своите финансии за период подолг од една година, покажа истражувањето за управување со лични финансии во кое беа вклучени 369 испитаници. Го спроведе Фондацијата oтворено општество - Македонија (ФООМ) за потребите на пилот-проектот за мудро менаџирање со личните финансии од страна на Фондацијата Евро Центар.
Ова е поразителен податок за македонските граѓани, кој покажува дека тие не водат сметка за своите пари, ни кога ги немаат, ни кога ги имаат.
Според професорката на Економскиот институт, Климентина Попоска, најголем дел од граѓаните, односно 44% планираат на месечна основа, што најверојатно се должи на изедначување на месечните приходи со плаќањето на месечните режиски трошоци.
„Резултатите покажуваат дека 7% од граѓаните планираат за шест месеци, а 6% планираат за период до една година. Во развиените економии, финансиската писменост и личните финансии се дел од формалното образование, што значително помага врз градењето на свесноста и вештините за мудро управување со парите“, вели Попоска, која е сертифициран сениор-тренер на два модули за управување со лични финансии – „Планирај ја својата иднина“ и „Управување со долгови“.
Според неа, за ваквата состојба постојат две причини.
„Прво, нема доволна свесност дека мудрото управување со личните финансии има големо влијание врз сите аспекти на економскиот живот, водење на семејниот буџет, задолжување, штедење, инвестирање, осигурување, а со тоа и ефект врз економијата во целост. Второ, развојот на комплексните инструменти во современи услови наметнува потреба од перманентна финансиска едукација на граѓаните, не само во економиите слични на нашите, туку и во развиените“, вели Попоска.
Финансиската писменост подразбира да се има повеќе знаење и информации кои ќе помогнат мудро да се носат вистински финансиски одлуки во вистинско време. Според Даниела Петрушева-Андонова, директор на Фондацијата Евро Центар, постои огромна заинтересираност кај граѓаните за едукација за управување со личниот буџет. Оваа едукација се изведува во рамките на проектот „Финансиска писменост за возрасни и млади“, које е во тек и е финансирана од ФООМ, а ја имплементира Фондацијата Евро Центар од Свети Николе. Во овие два месеци обуките ги посетиле 204 лица во осум урбани и рурални општини во земјата. Сè поголема е заинтересираноста и на финансиските институции за учество во едукацијата на граѓаните на оваа тема.
„Поголем дел од граѓаните сметаат дека за да се штеди за поставени цели се потребни многу поголеми приходи од основните за задоволување на животните трошоци. Другиот дел немаат доверба во финансиските институции, сметајќи дека нивните пари ќе бидат злоупотребени, проневерени, украдени. Но, по обуката, најголем дел од нив почнуваат да се распаршуваат за начините како да ги намалат долговите и за можностите за поголема пензија, животно осигурување, инвестициски фондови. Голем дел од нив и одбираат одредени услуги кои ги нуди финансискиот пазар во земјата“, објаснува Петрушева-Андонова.
Прашај паталец, не гаталец

Според Коста Мицковски, генерален менеџер на Синергија плус, агенција за финансиска писменост, има повеќе индикатори за недостигот на лична финансиска писменост на граѓаните. Меѓу поважните причини е тоа што нема едукација на темата водење лични финансии во системот на формалното образование.

„Не се учи буџетирање, правилно препознавање и водење на обврските, имотот, трошоците и приходите во ниту едно училиште во Македонија. Нема активни изворни проекти (од наши луѓе за наши луѓе) за зголемување на финансиската писменост, а препишувањето странски методологии во практика не дава никаков позначаен резултат. Ни треба проект чија основна поента ќе биде „прашај паталец, а не гаталец“. Личните финансии може многу помудро и попрактично да се водат доколку секој граѓанин одвои време да се едуцира на темата. Алтернативата е пливање во долгови, трки по жиранти и сè посиромашно секојдневие“, објаснува Мицковски.

Нашиот соговорник вели дека „како со парите“ е незгодна тема во Македонија. Делумно поради претходниот систем, кој активно нè учел да „не размислуваме“ за имотот и финансиските одлуки туку да гледаме кон државата за решение на овие важни прашања. Во друг дел поради ставот „дека сам најдобро знам“, со кој нема никогаш да се дознаат туѓите грешки, а со тоа и нема ништо ново да се научи.

„Фактор е и тоа што недоволно се разговара во јавноста на темата финансиска писменост, нема дебати за корисноста и намената на различните финансиски продукти, нема размена на искуства, од кои граѓаните би можеле да учат“, додава Мицковски.

Според него, отсуството на финансиска писменост на терен значи тишина и глави кои климаат зачудено. Недостасува прилагодување на личните вредности кон обрасци за добар менаџмент на паричниот тек.

„Граѓаните често погрешно си ги дефинираат ставките и не ретко сметаат дека обврските претставуваат имот. Генерално, граѓаните купуваат обврски и имаат заборавено дека создавањето имот е единствениот пат до трајна благосостојба во овој систем. Живееме во време кога европски држави банкротираат поради недостиг од финансиска писменост“, објаснува тој.

http://kapital.com.mk/mk/makedonija/86647/gragjanite_ne_znaat_kako_da_menadzhiraat_so_svojot_budzhet.aspx

Доста вистинито само ректо кој признава сите мислат дека се знаат...Мали финансиски „трикови“ и дисциплина може доста пари да заштедат.
 
T

Tetro

Гостин
Силвана Жежова

Поголем дел од граѓаните сметаат дека за да си постават некакви финансиски цели треба да имаат многу пари. Забораваат дека и кога немаат доволно пари, треба да знаат како да менаџираат со својот буџет. Во Македонија, недостасува секаква едукација на тема водење лични финансии


Доста вистинито само ректо кој признава сите мислат дека се знаат...Мали финансиски „трикови“ и дисциплина може доста пари да заштедат.
Се штеди, како не се штедело.

Дали се штеди со 150 евра месечни примања на четиричлена фамилија?

Како да штедиш кога за сметки оди пола плата од тие 150 евра?


 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Да и го дадам на Силвана буџетов комшиски па таа нека преживее и планира.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom