Европско првенство - Шпанија шампион

Статус
Затворена за нови мислења.
N

n/a

Гостин
Многу тепа бе тој шпанецот...
у уста го ....
мани тоа,него и не прашуе дали е доста.
 
Член од
18 септември 2009
Мислења
49
Поени од реакции
2
Со оглед дека Србија играше со втора петорка и ова преставува одличен успех. Догодина ако биде све како што треба Србија ќе биде уште подобра.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.937
Поени од реакции
23.074
Секоја чест за Шпанија..покажаа дека нема тим во Европа што може да ги победи..
 
the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Обожавам вакви екпертски и конструктивни дебати и не можам да одолеам!!!!!
Mило ми е, и ја не сакам сам со себе да си зборам ; ) ....

Најнапред фала што не поканивте да направиме и ние анализа
(оти нема у FIBa кој тоа да го праи .....се соочуват со недостиг на кадар очигледно!)
Кои сте вие ? Цел стручен тим го пишува ова или имаш алтер его ?

одиме

1. ајде сега ........одма муабетите овие не биле наспани, јадени ....овие не биле пиени .....ги разбудиле среде спиење и одма на утакмица.....итн итн ..........и словенија немаше пауза па што........ама тоа не го кажуваш во твоите анализи.....демек не ми одговара....а за противниците дека не се намачиле во 1/4 и 1/2 они си знаат........само франција и грција за тебе се очигледно гола вода репрезентации.......напротив...имаа најлоша двојка....и плус кога е "спиењето" пред вакви натпревари.....многу често се покажало контрапродуктивно за селекцијата која имала 2.3 дена пауза..врз формата и концентрацијата....
Па види колку се намачи Шпанија во четврт и полуфинале кога ги демолираше Франција и Грчка .Се по 20 разлика, првата петорка во последна четвртина одмара . Франција сама се победи што отиде на нив, а на грците тоа им е максимумот . И двете екипи се далеку по квалитет зад финалистите ...

Колку пати се покажало контрапродуктивно ?
Дај не ме зезај, ти после онакво емотивно празнење ако можеш слична партија да пружиш треба да си гение . И шпанците имаа ден пауза, а не 2-3 . Ден пауза е оптимумот .

2. ова со емоциите ......физички........мизички..... психички.......исто ми звучиш во муабетот со ртс коментаторот..........тој психичкиот аспект на играва на секоја пауза го потенцира по 5 пати......му беше тешко да каже не посраа овие аман бе.........како србите имале големо срце......најголемо............а другиве тимови бескичмењаци ли се??!! они онака механички играат нели....да си поминат од редот ......кај нив стресот го нема они се без мозок....фати шутни ....не им е битно медал или место........кај нив менталитетот е ајде битно е да се учествува??????!!!!!!
Коментаторот многу јасно си кажа и со факти елаборира дека тоа е максимумот, а ако тебе не ти штима тогаш не знам шо да ти кажам . И он , како и јас беше свесен дека Шпанија е посилна селекција, ме виде негде да го оспорам тоа ?

Која репрезентација на 80% од утакмиците изигра со срце ? Кој во сосема небитна утакмица со Турција бркаше продолженија само за да победи и да го земе престижот ? Кој губеше 10 разлика од словенците цела утакмица па на крај со милијарда пресврти успеа да победи ?

И не реков ја дека другите немаат срце туку дека на овие момци им е најголемо . За неколку години тоа и ќе се покаже и тебе те жалам што ќе мораш да ги гледаш како ќе владеат со Европа .

3. за Наваро......"a la tikva" .......човекот со неговите бомби.т.е тикви не го сопреле многу поспремни играчи и што и да правиш ...тој знае да го најде патот до кошот..или преведено знам дека ве пукнал ептен....ама тоа е.....и мене ме нервира тој играч со неговиот начин на игра........а за теоријата твоја за првиот кош.....од гзот квази теории......
Таа теорија 8 години се потврдува на големите натпреварувања . И не ја измислив ја него некој попаметен од мене а мене не ми е тешко да увидам дека ако му влезе првиот шут потоа се иде многу полесно .
И ѓаволски играч е, феноменален, фантастичен и ретко кој поискусен играч може да го сопре а камоли Урош Трипковиќ кој уште не научил дека во став во одбрана треба да ги спушти рацете а не да мафта со нив ...

4. кукање 2 дел во G-dur .........та публиката дувала кон шпанците па одела топката кај нив..магнет имале дресовите на шпанците.....те имало плима и осека ......полна месечина.....итн итн......
Искуство се вика тоа и никој немаше замерки . Погледни ја пак утакмицата и ќе видиш колку коша дадоа шпанците од втора шанса, од втор или трет напад или по почетнички грешки на Србија .

5. ова со просеков за србиве..може да се напише една докторска дисертација веќе.......а другиве тимови русија ...германија..турција...беа по 35г просек нели......или разлика мегу 22 и 24 години се казуе како овие другиве да биле дедовци со лулиња и ветерани ....
Кој имал 24 години бе ? Кога више толку сакаш да бараташ со бројки еве ќе ти илустрирам . Просеци на првите 8 екипи .

Шпанија - 26,3
Русија - 25
Србија - 22,5
Франција - 24,9
Грција - 25,3
Хрватска - 28,4
Словенија - 28,1
Tурција - 25,8

Тебе ако годиштето на играчите не ти е битно за односот на екипата кон играта и самиот пристап тогаш ти си залутал на овој подфорум .

6. ништо не е сигурно.......и не трчај однапред.........
Има ли некоја европска селекција која е понадежна во моментов ?
Не знам ја која европска репрезентација доби 6,7 играчи за наредните 10 години на ова ЕП . Можда знаеш ти ?

7. аман немој само со тие играчи (ептен ги одбра) оти ќе има смешки со тимови како нигериа и ангола.....за ваше добро.......и присуство од постарата постава не еникаква гаранција напротив..покажа минато!!!!!!
Тие играчи исто како Тепиќ,Мачван,Радуљица,Теодосиќ освоија се што може да се освои во помладите категории . Со години владеат таму и логично е од нив да се изградат солидни играчи . Сеа, ако се е во ред , ако нема никој од типот на Миличиќ , тогаш очекувај една страшна генерација .

Ја кажав двајца од постарата генерација мислејќи на наредното СП . Тоа им е последната шанса да освојат нешто и не верувам дека би ја пропуштиле . Саша Павловиќ сигурно не е дел од постарата постава, од него очекувам да биде еден од лидерите на наредните натпреварувања .

И не очекуваш ваљда дека тие помладите што ги набројав ќе заиграат на СП . Дај не ме зезај со буквализам , не се бламирај сам .

8. очигледен страв ...........ама стравот го чува лозјето.......ја незнам со толку се плашите само од шпанија??!......другиве тимови ко да нема таму смена на генерации и подмладување и реорганизација........грција ...русија..франце...германија...италија..литванија...они шах ке играат ...кај нив ке се укине како спорт кошарката.од 2010......ај не ве плашам повеќе.......
Каде има подмладување бе ? Грција со Калатес и Куфос ? Шо покажаа они сеа ? Калатес ајде и играше малце ама Куфос грее клупа .
Германија алоооо ... После Новицки ќе бидат на ниво на Македонија .
Италија е у була во поглед на кошарката, ако следиш малце повеќе ќе знаеш дека сојузот им се распаѓа, никој тренер не сака да ја тренира репрезентацијата , па сиротите не се пласираа на ЕП .
Франција, освен Батум ја не гледам кој би можел кај нив да отскокне со квалитет .

Литванија нема да прави подмладување сигурно затоа што наредното ЕП е кај нив. Очекувај таму да ги видиш Шишкаускас,Мацијаускас, Лавриновичи, Сонгаила,Јавтокас, тешко за Шарас , за последен пат затоа што нема сигурно да пропуштат прилика дома да земат медал .

има тука една добра форумџиска фела од "експерти" самобендисани..кои ни Папата и Ватикан не се осудува да ги прекрсти (тоа е невозможно)...оринетирани кон србија ....и сега треба ние сите другите да кутиме ......и да навиваме за србија така:?
Кој ти рече така ? Збори си, а ја ќе те поправам кога ќе има потреба .
Ама ако пребацуваш муабет на тоа кој е што, кој од каде доаѓа и дали Тито на Македонија и дал независност биди сигурен дека ќе бидеш бришен .

Мене ми е мило да има контра...аргументирана контра, а не лупетање .
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Ти очигледно си ги преспиел 90-те кога СРЈ/Србија освои два светска злата, три европска, една европска бронза. Србија е наследник на СРЈ/СЦГ.
Биди до крај коректен, наброј ги Црна Гора и..Косово.

И на страна пецкањето, меѓутоа колку што е глупаво да се оцрнуваат Србите поради некој наш неисполнет сон, толку е глупаво да се величаат до небесни граници и да се ставаме подоле.

Не се работи само за талент, туку за систематска работа со кадрите, едуцирањето во спортот е исто толку неопходно колку и “учениците“. А Србија може да се пофали со завиден учен кадар, кој секогаш ќе продуцира добри спортисти.

Колку си инвестирал, толку можеш и да очекуваш дека ќе добиеш. Никој нема да ти подари победа или титула.

Дека кошарката на Балканов е на висок степен во сооднос со останатиот дел на Европа или светот, покажа учеството на дури 7 земји од овој регион, од кои дури 4 од екс-Ју републиките.
Тоа само по себе си говори нешто.

Шпанците имаат неверојатна генерација на кошаркари и кој состав и да играше против нив, дали на Србија или којбилонекае, Шпанците ќе беа 1 од два-трите најголеми фаворити на ова првенство.
Играат тотал баскет, нема нешто што не ни демонстрираа од кошаркарски аспект. Затоа и победија.

А секоја им чест и на младите Срби кои влегоа неоптеретени, неискомплексирани, борбени и лојални кон Ивкович кој докажа дека е - ЅВЕР.
 
Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Го гледав само првото полувреме и по тоа што го гледав дефинитивно заслужија.Гинеа на терен.Ги убија со офанзивни.
Европско ко европско ќе беше другаче да играа сите ѕвезди вака уште од старт се знаеше кој ќе освои.
 
the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Дека кошарката на Балканов е на висок степен во сооднос со останатиот дел на Европа или светот, покажа учеството на дури 7 земји од овој регион, од кои дури 4 од екс-Ју републиките.
Тоа само по себе си говори нешто.
На наредното ЕП директно се пласираа Србија,Словенија и Хрватска . Со оглед на тоа дека Црна Гора се пласираше во А-дивизија и дека имаат доста солидна екипа со добар тренер очекувам и они да се најдат на наредното ЕП .
Ние со правилна работа, добар селектор и без повреди на клучните играчи ( и со малце среќа во жребот ) може да се пласираме без проблеми . Истото важи и за БИХ .

Кога ќе стаиш на кантар, на наредното ЕП можеш да имаш 6 екс-ју репрезентации од можни 16 екипи на целото првенство .

Нешто је труло у држави Данској ...
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
173
Поени од реакции
79
Напишано од МАРКО МЗТ
Кои сте вие ? Цел стручен тим го пишува ова или имаш алтер его ?
човек-фирма.....да не мислеше дека е некоја невладина организација....
твојот прв пост беше со наслов "да напишеме"...
многу буквално си сватил.....
..многу тешка анализа .......уште од МАНУ фалат луѓе ...
.бројот на твоите постови и реплики.....кажува многу повеќе за твоето его од колку за твојата улога како модератор!

Напишано од МАРКО МЗТ
И двете екипи се далеку по квалитет зад финалистите ...
така се погоди.....да франција налета на шпанија 1/4 (2005 za bronza kakao go posraa ovoj ist spanski tim so 30 poeni!) ...и после катастрофалната игра на шпанија у прелиминарниот дел
(по циркузот со UK нивниот тренер требаше да си поднесе оставка само зијан видоа од него)
се знаеше дека некој мора да плати за тоа кој и да биде тоа random јасно беше дека ке го ожнее најдобро......и една референтна USA постава u Beijing ги посраа 37 првата....2 та беше сосема друга ситуација.....

......а ако за тебе франција е "далеку po квалитет" со овој тим во однос на србија на ова првенство
по кој знае кој пат покажуваш јаки симпатии кон србија (нема ништо ново и лошо тука)
ама си далеку од реален и објективен и неутрален во било која дискусија кога е србскиот тим у прашање.....
т.е e ova e za mene so твоја терминологија ......лупетање - (руски рулет!)

Напишано од МАРКО МЗТ
Кој губеше 10 разлика од словенците цела утакмица па на крај со милијарда пресврти успеа да победи ?
има утакмици се добиваат со 30 разлика (каде нема никаква дилема) други со исто толку се губат..
....некои се па ептен тесни ....други се тесни и има среќа на едната или другата страна....(среќата рече е составен дел на секое такмичење)

..а има и такви кои се добиваат со mnogu среќа !!!(е со Словенија беше така)

Напишано од МАРКО МЗТ
Погледни ја пак утакмицата и ќе видиш колку коша дадоа шпанците од втора шанса, од втор или трет напад или по почетнички грешки на Србија .
....да речеш дека им се одбивале топките и иделе правец раците на шпанците ......втора шанса се прави со скок.....со еден куп скокови и доминација од тој аспект конкретно so Шпанците утакмицата..
....а искуството ја претвара таа шанса во кош плус......

Напишано од МАРКО МЗТ
Кој имал 24 години бе ? Кога више толку сакаш да бараташ со бројки еве ќе ти илустрирам . Просеци на првите 8 екипи .

Шпанија - 26,3
Русија - 25
Србија - 22,5
Франција - 24,9
Грција - 25,3
Хрватска - 28,4
Словенија - 28,1
Tурција - 25,8
ја не се замарам со бројки . фиба си има статистика ...итн итн...
е добро де сега на пазар сме па ќе се ценкаме околу годините ........не биле 24....биле 24.9.или 25.2!!!!.....до последна децимала.....

јас ти реков не ја прави таа разлика од 22.5 - 24.9(морам да ги вклучам и децималите со да правам) ко да е разлика од 10 години.....

пред првенството 2009 многу во годините и просекот на србија гледаа неуспех дебакл.....биле многу мали....главна причина да не бидат во првите 8.....е сега пак по успехот ма ајде нема веза демек овој тим
и наспроти "мlадоста" стигна до кај стигна.......т.е.........ти.кажав....приссутсвото на постарите ..ништо не значи........покажа историјата

Напишано од МАРКО МЗТ
Тебе ако годиштето на играчите не ти е битно за односот на екипата кон играта и самиот пристап тогаш ти си залутал на овој подфорум
.

залутал ?!
немој со вакви шупливи одговори.....пошупливи и од црна дупка.

Напишано од МАРКО МЗТ
Има ли некоја европска селекција која е понадежна во моментов ?
Не знам ја која европска репрезентација доби 6,7 играчи за наредните 10 години на ова ЕП . Можда знаеш ти ?
ако биде се мед и млеко и се повторуваат успеси...ќе бидат и 15 години ......сега да прогнозирам за наредните 10.....може ако се префрлат другиве репрезентации на пинг понг и ја баталат кошарката!

Напишано од МАРКО МЗТ
Дај не ме зезај со буквализам , не се бламирај сам .
:nesum:

Напишано од МАРКО МЗТ
Каде има подмладување бе ? Грција со Калатес и Куфос ? Шо покажаа они сеа ? Калатес ајде и играше малце ама Куфос грее клупа .
Германија алоооо ... После Новицки ќе бидат на ниво на Македонија .
Италија е у була во поглед на кошарката, ако следиш малце повеќе ќе знаеш дека сојузот им се распаѓа, никој тренер не сака да ја тренира репрезентацијата , па сиротите не се пласираа на ЕП .
Франција, освен Батум ја не гледам кој би можел кај нив да отскокне со квалитет .
ти ме разбра подмладување на тимовите во смисла целосна замена на моменталните состави ......комплет 12/12.
(само улав и некој со сака да експериментира го прави тоа или и самиот не знае што сака!)

ајде кај литванија не делувал толку еликсирот....но од 2003 ги нема зукаускас,стомбергас,јасикевициус,шишкаускас,сонгаила итн....тоа е цела прва постава.....
ќе играат може некои од "старциве" на домашен терен 2011 но има сосема нови луѓе...не се по 22 и дали ќе бидат у наредните 10 години....360 се сврти тимот........

грција.....василопулус,принтезис.перпероглу,дебелото црно тркало.......ги заборави........царцарис,диаман,папалукас,пападопулус......и тука цела 1st 5 не игра.......

германија....не е новитзки само...ами демирел,пасцал роллер,Arigbabu,Nikagbatse,Marko Pesic,Ademola Okulaja кремот на germany.....ајде феемерлинг вампирот дојде ....
...5 играчи имаа 88/89 генерација (дури по 20/21 год)...ама ти пак
не гледаш подмладување

русија........кирил,моргунов,саврасхенко,кријапа,pashutin orelot.....ај црнецов не е нивни......друга cela 1ва постава.фали.....играа со дечки 85/86/87 за кои прашање на време е samo

италија....ти стварно мислиш дека италјанците дигнаа раци....туку така .......ајде доста е...

па и британија.....ако пројават малце повеќе интерес ....тренери од странство платени..и добри програми....на национално ниво да се афирмира повеке баскетот...po stapkite na kina!!!!!

австралија ......колку ти душа сака млади таленти...posebno pslednive i годините што идат.....nba ке се полни со нив....

франција .........нема збор таму...не е само батум.....Antoine Diot одличен организатор на игра /89 ген. i ke ima novi lica!

china.........убиец на џинови....и препотентни тимови....и самите не знаат колку пари инвестира последниве 5 6 години во баскет.....генерално...2010 би требало да имаат најголем успех .и да показат која е кина!

турција ....малда селекција........

оди баскетот....не е ова 89/90 кога се знаеше со ке биде на секое првенство.... нема веке југославија..... овие години последниве...2.3.....се клучни за воскреснување на многу тимови.....дали ке вроди со плод .....тоа е друга работа .само времето ка каже.......така се погодин овој период....се поклопи за многу тимови......многу тимови ке мора да почнат од речиси нула како србија!

а благодарени на овиие случувања и слабото еуро 2009(најслабо последниве 10 и оевек години) и речиси 70% од тимовите кои настапија со буквално 2а постава.....србите дојдоа до победа..да.... играат добро....но за мене не беа мегу најдообрите 3 и не заслужија на 2009 да бидат толку високо........

мој избор топ 3 euro 2009...Шпанија(ne ja sakam ic) ,Словенија,франција (5/6 mesto ja skina croatia ,a predhodno i turcija koja imashe 19 poeni prednost...ama ja prokockaa ....na kraj 80/68)

Напишано од МАРКО МЗТ
Ама ако пребацуваш муабет на тоа кој е што, кој од каде доаѓа и дали Тито на Македонија и дал независност биди сигурен дека ќе бидеш бришен .
кога викам србија...мислам на националниот тим во баскет .....оваа gодина....ни тито ни мито ...ни партии....ни бивша југо.

ни сум против нешто србско......ни србите ....(очигледно ти си премногу опиен со нивниот баскет (и јас бев со југословенскиот....ееее...порано одамна..сега се трезнам кроце кроце)).....

не знам каде гледаш политика во моиве постови........
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013
германија....не е новитзки само...ами демирел,пасцал роллер,Arigbabu,Nikagbatse,Marko Pesic,Ademola Okulaja кремот на germany.....ајде феемерлинг вампирот дојде ....
...5 играчи имаа 88/89 генерација (дури по 20/21 год)...ама ти пак
не гледаш подмладување
:pos2::pos2::pos2:
 
the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
така се погоди.....да франција налета на шпанија 1/4 (2005 za bronza kakao go posraa ovoj ist spanski tim so 30 poeni!) ...и после катастрофалната игра на шпанија у прелиминарниот дел
(по циркузот со UK нивниот тренер требаше да си поднесе оставка само зијан видоа од него)
се знаеше дека некој мора да плати за тоа кој и да биде тоа random јасно беше дека ке го ожнее најдобро......и една референтна USA постава u Beijing ги посраа 37 првата....2 та беше сосема друга ситуација.....
Ја ли сум им крив на французите што не знаат на тактизираат ? Ја ли сум им крив што не му кажаа на дебилон Де Коло да го промаши последниот шут за да ја избегнат Шпанија ? Ако изиграа попаметно може и ќе стигнеа до медал , но не го сторија тоа и сеа им останува да чекаат 2 години .

2005 за Шпанија не играше Гасол, автоматски пола екипа значи .

И пак ќе повторам дека никаде не реков дека Шпанија не е поквалитетна од Србија . Можеш да побараш мој пост пред почетокот на ЕП каде што викам дека се освен злато за нив би било изненадување .

......а ако за тебе франција е "далеку po квалитет" со овој тим во однос на србија на ова првенство
Франција играше со 7 играчи, Србија играше со 10 минимум . Зборам за играчи кои во текот на утакмицата ќе влезат на терен . Франција беше во најлесната група на ЕП, а Србија во најтешката . И далеку е по квалитет, едните завршија втори а другите петти . Шо сакаш повеќе од тоа ?

има утакмици се добиваат со 30 разлика (каде нема никаква дилема) други со исто толку се губат..
....некои се па ептен тесни ....други се тесни и има среќа на едната или другата страна....(среќата рече е составен дел на секое такмичење)

..а има и такви кои се добиваат со mnogu среќа !!!(е со Словенија беше така)
Немаше да биде незаслужено и Словенија да победи . Ама, само еден може да биде победник а во дадената ситуација Србија подобро се снајде . Без помош од судии,со многу храброст во одлучувачките моменти . На 90 секунди до крај Словенија водеше 6 разлика ! Што сакаат повеќе од тоа ?

....да речеш дека им се одбивале топките и иделе правец раците на шпанците ......втора шанса се прави со скок.....со еден куп скокови и доминација од тој аспект конкретно so Шпанците утакмицата..
....а искуството ја претвара таа шанса во кош плус......
Го спомнав односот на скоковите во првото полувреме како меродавен доказ за тоа кој доминирал на теренот . Го спомнав и искуството на шпанците, не знам што е спорно тука .

ја не се замарам со бројки . фиба си има статистика ...итн итн...
е добро де сега на пазар сме па ќе се ценкаме околу годините ........не биле 24....биле 24.9.или 25.2!!!!.....до последна децимала.....

јас ти реков не ја прави таа разлика од 22.5 - 24.9(морам да ги вклучам и децималите со да правам) ко да е разлика од 10 години.....
Ха ! Не се ценкаме, фино ти пишав статистика . И како може искуството да не ја прави разликата ? Озбилен фактор е искуството на една екипа . Југославија 2001 и 2002 како стигаше до злато на ЕП и СП ?. Само благодарејќи на искуството на клучните играчи .

јпред првенството 2009 многу во годините и просекот на србија гледаа неуспех дебакл.....биле многу мали....главна причина да не бидат во првите 8.....е сега пак по успехот ма ајде нема веза демек овој тим
и наспроти "мlадоста" стигна до кај стигна.......т.е.........ти.кажав....приссутсвото на постарите ..ништо не значи........покажа историјата
Не мора да значи, ама има и свој удел . 2005 џабе што беа тука Бодирога,Ребрача,Томашевиќ,Јариќ,Ракочевиќ,Милојевиќ,Павловиќ,Радмановиќ, итн итн , кога се немаше атмосфера . Сеа се отиде на реновирање (почна уште во 2007) и се постигна успех .

.

јајде кај литванија не делувал толку еликсирот....но од 2003 ги нема зукаускас,стомбергас,јасикевициус,шишкаускас,сонгаила итн....тоа е цела прва постава.....
ќе играат може некои од "старциве" на домашен терен 2011 но има сосема нови луѓе...не се по 22 и дали ќе бидат у наредните 10 години....360 се сврти тимот........
Кои се де новите луѓе ? Ако ги знаеш кажи ги и мене ме интересира . У младите категории имаат освоено некој медал ?

грција.....василопулус,принтезис.перпероглу,дебелото црно тркало.......ги заборави........царцарис,диаман,папалукас,пападопулус......и тука цела 1st 5 не игра.......
Папалукас,Пападопулос,Царцарис мислам дека завршија со репрезентација .

Овие другите горе се углавном физикалци кои видовме колку се застапени на ова ЕП . Солидни играчи се, ама ако очекуваш од нив дека може да идат до медал тогаш се лажеш . Нивната игра се базира на Спанулис . Он е мозокот . Просечна репрезентација, ќе видиш и на СП .

германија....не е новитзки само...ами демирел,пасцал роллер,Arigbabu,Nikagbatse,Marko Pesic,Ademola Okulaja кремот на germany.....ајде феемерлинг вампирот дојде ....
...5 играчи имаа 88/89 генерација (дури по 20/21 год)...ама ти пак
не гледаш подмладување
Кои се де тие 5 играчи ? Шо напраија тука на ЕП ? Изгубија од Македонија , а играат у германската лига која е далеку од квалитетна .

И тие горе што ги наброја нема више да играат за Дојчланд .

русија........кирил,моргунов,саврасхенко,кријапа,pashutin orelot.....ај црнецов не е нивни......друга cela 1ва постава.фали.....играа со дечки 85/86/87 за кои прашање на време е samo
Кириленко,Мозгов,Хријапа ... Тоа им е триото , а автоматски ако не игра првиот цела екипа страда ... Не знам дали мислиш дека Курбанов,Фридзон,Ворончук ќе стасаат во големи европски имиња ?

италија....ти стварно мислиш дека италјанците дигнаа раци....туку така .......ајде доста е...
Они можат да бидат среќни ако настапат на СП т.е. ако добијат вајлд -карта . Имаат неколку солидни играчи од типот на Белинели,Манчинели и Барњани ...ама тоа е се што имаат ...

па и британија.....ако пројават малце повеќе интерес ....тренери од странство платени..и добри програми....на национално ниво да се афирмира повеке баскетот...po stapkite na kina!!!!!
Ако ти е клучниот збор ... Додека не пројават не праиме муабет .
австралија ......колку ти душа сака млади таленти...posebno pslednive i годините што идат.....nba ке се полни со нив....

франција .........нема збор таму...не е само батум.....Antoine Diot одличен организатор на игра /89 ген. i ke ima novi lica!
Кај се новите лица ? Или мислиш на генерација 91/92 што најпоштено беше изрендана од врсниците од Србија оваа година на ЕП ?

china.........убиец на џинови....и препотентни тимови....и самите не знаат колку пари инвестира последниве 5 6 години во баскет.....генерално...2010 би требало да имаат најголем успех .и да показат која е кина!
Не коментирам , све зависи од еден човек ...А доста гласини викаат дека поради повреди тој човек може да ја заврши кариерата прерано .

турција ....малда селекција........
Наредната година ќе им биде последната можност да се покажат . Домаќини на СП, солидни се но по СП не очекувам веќе да ги видам Туркоглу,Окур,Онан,Тунчери ... Проблемот со нив е што ќе се случи ако Тањевиќ реши да си отиде ...Да го средат него да остане во турската кошарка и ќе бидат стални четвртфиналисти на ЕП .

оди баскетот....не е ова 89/90 кога се знаеше со ке биде на секое првенство.... нема веке југославија..... овие години последниве...2.3.....се клучни за воскреснување на многу тимови.....дали ке вроди со плод .....тоа е друга работа .само времето ка каже.......така се погодин овој период....се поклопи за многу тимови......многу тимови ке мора да почнат од речиси нула како србија!
Епа тоа е предноста на Србија, што она не треба да воскреснува и затоа што го погоди моментот кога другите се ослабени и во голем стил да се врати на сцената . Тоа го направи Шпанија 2001 година . Додека Југославија освојуваше медали они ги правеа Гасол,Наваро,Калдерон да бидат големи играчи и тоа покасно им се исплати . Финтата е да се работи на долги стази , а не на кратки .

а благодарени на овиие случувања и слабото еуро 2009(најслабо последниве 10 и оевек години) и речиси 70% од тимовите кои настапија со буквално 2а постава.....србите дојдоа до победа..да.... играат добро....но за мене не беа мегу најдообрите 3 и не заслужија на 2009 да бидат толку високо........
Слабо мислиш заради имињата кои фалеа . Ако глеаш така и Србија може да извади петорка која им фалела на првенството а која во секое време би можела некого да згази . Така да, не може да се рече дека другите биле десеткувани а Србија во најтоп состав .

мој избор топ 3 euro 2009...Шпанија(ne ja sakam ic) ,Словенија,франција (5/6 mesto ja skina croatia ,a predhodno i turcija koja imashe 19 poeni prednost...ama ja prokockaa ....na kraj 80/68)
Не испаѓа секогаш како што сакаме, нели ?

ни сум против нешто србско......ни србите ....(очигледно ти си премногу опиен со нивниот баскет (и јас бев со југословенскиот....ееее...порано одамна..сега се трезнам кроце кроце)).....
Па нема ваљда со францускиот баскет да бидам опиен , лол ? Шо постигнале па да им кажам дека ги бива ? Кога они биле на самиот врв ? За земја со таква инфраструктура они не можат една асална екипа у Евролига да пратат а камоли таа екипа нешто таму да постигне . Партизан со буџет од 3 милиони евра стига до четвртфинале на Евролига , секоја година вади минимум 2 играчи , играат ко змајеви по 70 утакмици годишно , се знае бре која е земја на кошарката и каде таа највише се сака .

Не знам што не ти е јасно во однос на Србија и омаловажувањето на нивниот успех . Сосема заслужено се таму кај што се и за тоа можат да му заблагодарат само на Дуда Ивковиќ кој знае да искомбинира,наштелува,истренира,научи . Словенија да го имаше него на клупата они ќе беа прваци , а не да кукаат сеа затоа што се четврти дека демек судиите не суделе за нив .
 
Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442

Не сакав да реплицирам бидејќи постот ти е предолг... во потполност се сложувам со тебе во целиот пост, но ова на крај заслужува зеленко, а посебно тоа болдираното... браво :wink:
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013
Ostaj go be, on uste Pasutin (pazi, Orelot) go ceka na 35 godini...

BTW, Francuzite kje izgubea od bilo koj vo cetvrfinaleto. Debelo preceneta reprezentacija. Samo treba asalen trener od sprotivnata strana da im ja procita taa ednata taktika (Tanjevic, na pr. ako odea na Turcija) sto ja imaat - i tolku.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom