Европско првенство Србија 2012 - генерална дискусија

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Среда, 21 Декември 2011 17:06​
Сподели
23

Споделете ја веста со Вашите пријатели
Голманот на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски, упати повик за целосно сплотување на националниот тим за време на подготовките за Европското Првенство во Србија.

Од денеска македонските ракометари се наоѓаат на подготовки на Златибор. Според Ристовски ова време треба да биде искористено за подигнување на атмосферата во репрезентацијата.
-Она што е најважно за нас е да имаме добри подготовки, не само да влеземе во топ-форма, туку и да се сплотиме во една целина. Она што е потребно е сите да се здружиме во едно, бидејќи репрезентацијата е светост. Времето за клупски обврски и поделеност меѓу тимовите заврши, дојде периодот во кој што треба да се размислува само за националниот тим, сите останати работи треба да се тргнат на страна, изјави Ристовски.
Првиот голман на македонската репрезентација порача и дека не треба да се создава еуфорија со преоптимистички ветувања за ова големо натпреварување.
-Нема потреба да се ветуваат медали или пак пласман на Олимписките Игри, да се избрзува со такви коментари што можат да создадат дополнителен притисок. Ние сме свесни за своите квалитети, за амбициите и сигурно ќе дадеме се од себе на сите натпревари, вели Ристовски.
Од денеска македонските ракометари се наоѓаат на подготовки на Златибор. Според Ристовски ова време треба да биде искористено за подигнување на атмосферата во репрезентацијата.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.606
Поени од реакции
14.446
Цената на билетите за Европското ракометно првенство достигна фантастични 500 евра

Блок од шест карти, 500-тини евра. Како што наближува 15 Јануари, така цените на билетите за европското првенство во ракомет вртоглаво растат. Карти се нудат преку огласи, преку туристички агенции, но и од човек на човек. Сопственикот на овие карти со препродажбата заработил 340 евра. Понудата на карти се намалува, а желбата за влез во салата во Ниш е се поголема.

К5: Имате во оглас дека продавате карти?
- Продадени се за 500 евра двете блок карти. Јас ги купив од туристичка агенција по 80 евра – вели сопственикот на картите.

Тој се офајдил од само две блок карти. Но, некои луѓе вистински се збогатија. Од Организаторот – Српската ракометна федерација, тврдат дека картите ги пуштиле во продажба на интернет. Таму една блок карта за сите три натпревари се продава за 24 евра или 8 евра по натпревар. Поради тоа ретко кој стасал да купи на тој начин затоа што билетите биле веднаш откупени. Кој ги купил, одговор побаравме од Белград.

- Само преку интернет. Кој купил преку интернет, можел да купи колку сака – изјавија за Канал 5 од Ракометната федерација на Србија.

К5: Значи не е ограничено колку карти?
- Не,не, сега може да се купи тоа што е останато. Нема веќе за Ниш, ама има нешто за Белград и малку за Нови Сад. Кој сака може да купи, никој не му брани – велат од Ракометната федерација на Србија.

Карти за првенството обезбедила и Македонската ракометна федерација, велат нивните српски колеги.

- Тој дел е одработен. Тоа го знам. Многу федерации не се обратија на време. Македонците го сторија тоа и тој дел го добија. Не знам точно колкава е бројката, но тоа е завршено - тврдат од Ракометната федерација на Србија.

Претседателот на македонската ракометна федерација Михајло Михајловски немаше многу време за разговор, само рече дека ракометната федерација немала никаква врска со картите и тие не продавале. Го побаравме и генералниот секретар Марјан Начевски, но тој не ни одговори на прашањата кои му ги испративме преку смс. Нашата репрезентација стартува на 15 јануари против Шведска, на 17 игра со Германија, а на 19 јануари со Чешка е последниот натпревар од првата фаза на шампионатот. Распродадени се речиси сите обични карти и по туристичките агенции. Останата е по некоја вип карта. За трите натпревари, агенциите продавале блок билети почнувајќи од 65 евра, па се до 120 евра, во зависност од местата на трибините. Салата Чаир во Ниш собира 6000 гледачи. Ако половина од картите за натпреварите на 15, 17 и 19 ги купиле македонски навивачи, заработката од препродажба е над 200 илјади евра. Но, никој не сака јавно да зборува за овој вносен бизнис.

Неофицијално сите посочуваат кон еден човек, кој и на минатото светското првенство во Хрватска пред две години препродавал карти.

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=84704
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.695
Поени од реакции
6.059

Зар има ненормални да дадат 500 евра за карта од прв круг и после сирмоави ова она ќе се жалиме :D
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.425
Поени од реакции
16.726
У пм, колку само пари ќе земат од нашиве гледачи.
Знаат кои се најзагреани и тоа го искористуваат максимално.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јас морам да си кажам дека уште од сега ме фаќа еуфорија. :vozbud:
Кога и да ја видам темава, пеперутки ми летаат во стомакот.:pipi:
 
Член од
17 август 2006
Мислења
1.531
Поени од реакции
123
Kaj nas Makedoncite navika e da se ceka do posleden den za da se kupat karti, i posle placeme koj ni gi prodava nekoj po 10 pati poskapo. Ja nabaviv uste u Juli karti po redovna cena
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Се напрај невидена еуфорија со кошарката,па одма ги расчапаа картите....
Тоа шо беше за продажба на интернет се даде уште летото,а најголемиот дел од влезниците се зеде уште во септември...
Јас мислам дека ако не беше толкава еуфоријата со кошарката немаше да се расчапаат уште одма картите,ќе се чекаше до декември,и ќе имаше многу слободни карти...
Ете пред 3 години во Хрватска(шо не беше ептен далеку)полу-празна беше салата во Вараждин на нашите први утакмици.....
После по пласманот во втор круг се напрај таа еуфорија и Задар беше полн со Македонци...
Значи народот чека успех...
Не сме ние Англичани па без оглед на резултатите да се следи секаде масовно репрезентацијата...(за жал го неаме сеуште тој менталитет):tapp:
И сеа нормално е шо кренаа цените до небо..
Најголемиот дел од картите ги лапна РФМ,тие им ги шиткаат на дилерите по 20-30 евра поскапо,а пак дилерите на луѓето исто така по 30 евра плус...и нормално е шо карти од 2000 динари(или 20 евра) стигнаа да се продаваат по 70-80 евра..
Ете јас зедов по 70 евра,и тоа на трета класа,во најгорните редови..тоа се картите од 20 евра...
Сега истите тие карти ги шиткаат по 100 евра..:pipi:
Подолните редови сигурно држат повисоки цени,и сигурно цените ќе одат уште погоре,со оглед дека има уште 3 недели до почетокот на ЕП...
Како и да е мислам дека вреди..
Кога можат луѓето да даваат по 50-60 евра за дочек на Нова Година,и тоа во некои локали само ограничено пиење...е па fuck it...:tapp:
И сеа кукаат скапо,неаме стандард-за нова година сите имаат стандард:D ..
Е па којзнае кога повторно толку блиску ќе иаме ЕП,СП...па вреди да се оди,по секоја цена:)
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.695
Поени од реакции
6.059
Ова у Вараждин а у Ниш што ќе биде :vozbud::vozbud::vozbud:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
А да ми каже некој што е фркава со шаториве? :)
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
А да ми каже некој што е фркава со шаториве? :)
После секој меч во Вараждин нашите навивачи заедно со играчите се собираа да слават во шатори и имало луди журки, а паѓале и хрватици... :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom