Европско Првенство 2011 - Литванија (општи информации)

Член од
2 јули 2010
Мислења
5.872
Поени од реакции
7.294
ИГОРЧЕ ЛЕГЕНДО!!!! :cuc::cuc::cuc:
Секоја чест за човеков,сега ќе го побарам на фејс,мора да му кажам некои работи:cuc:
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.805
Поени од реакции
15.884
Иначе незнам дали некој пишал поназад, ама веќе ќе нема дивизии, сите репрезентации од двете дивизии ќе се спојат во едно, и сите тие репрезентации ќе играат квалификации за ЕП во Словенија 2013 година...освен првите шест репрезентации( Шпанија, Франција, Русија, Македонија, Литванија, Грција) од последното ЕП во Литванија, домаќинот Словенија и Велика Британија..
30 репрезентации ќе бидат поделени во 6 групи од по 5 репрезентации.
На ЕП ќе се пласираат првопласираните, второпласираните и четирите најдобри трето пласирани репрезентации, што се прај вкупен број од 16 репрезентации + осумте веќе пласирани, ќе се добие бројка од 24 репрезентации.

Добро што ги избегнавме квалификациите, ќе било заебано.:D
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Па фала Богу им текна да ги спојат, ептен аматерски беше со 2 дивизии. Сега ќе има пунење на некои со +50 разлика али јбг. :D
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.805
Поени од реакции
15.884
Lester leaps in (Lester Young) - Najpametnija priča turnira. Tim koji smo svi na kraju zavoleli. "Ubica divova". Niko, ni u najdivljim snovima, nije tako nešto mogao ni da nasluti. Ali, svi smo uživali. Makedonija je izgubila svoju prvu utakmicu protiv Crne Gore (kako je to davno bilo...). Od tada, sve je bilo takoo dobro. Četvrtfinalna pobeda nad Litvanijom je bila magična. Jedno od najvećih uznemirenja koje pamtim na evropskim prvenstvima. Trojka Ilijevskog biće jedan od "postera" šampionata. Lester "Bo" Mekelejb je bio igrač koji je pravio razliku u grupi entuzijasta i boraca. Antić, Stojanovski... imena su koja će biti deo briljantne istorije makedonske i evropske košarke. Stojeće ovacije za Makedonce.

Повеќе за ова тука.
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Креаторот на македонскиот успех - Врбица Стефанов



Секогаш на располагање на Македонија, со овие зборови спортскиот директор на кошаркарската репрезентација Врбица Стефанов го започна интервјуто за „Курир“. Човекот кој практично е креаторот на македонскиот успех во Литванија.

Неговите врски со Монтепаски Сиена ги обезбедија услугите на Лестер Бо Мекејлеб чиј учинок за Македонија на ЕП во Литванија беше огромен. Американецот со македонски пасош е најдобриот стрелец на првенството, а со помош на неговата игра дојдовме до четвртото место. Стефанов го донесе и кондициониот тренер Сандро Бенкардино.
Врбица Стефанов не’ воодушевуваше со неговите игри за македонската репрезентација, а денеска воодушевува со неговата скромност. Тоа е карактеристика само на големите спортисти кои зад себе оставиле големи успеси, а таков е нашиот Врба.
Очекувањата пред Европското првенство во Литванија
Со освојувањето на четвртото место во Литванија, македонските кошаркари се надминаа себе си. Кога стана јасно со кои селекции ќе играме во првата фаза, нашите амбиции беа ако е можно да се пласираме во следното коло, ако не, тогаш никому ништо. Врбица Стефанов вели дека ниту во сон не помислил дека Македонија може да стигне до полуфиналето или четвртото место.
-Да бидам искрен кај нас проработе оној синдром на недостаток на самопочит и недоверба. Кога ги дознавме противниците во групата во првата фаза, малку се подисплашивме сите. Хрватска, Црна Гора, Грција па се’ се тоа големи кошаркарски сили. Така се чуствувавме и во мое време, односно уште кога јас настапував во репрезентацијата. Но, она што посебно ми е драго е тоа што оваа генерација на овие натпревари се потруди тоа да исчезне. Сега другите селекции ќе имаат и треба да имаат стравопочит кон нас. Овој успех, овој резултат во Литванија е резултат на колективната игра, фантастичните односи во репрезентацијата и другарството кое владееше кај нас. Токму тоа беше нашето најсилно оружје.
Што се случи по поразот од Црна Гора во првиот натпревар?
Македонската кошаркарска репрезентација на првиот меч загуби од Црна Гора, а потоа следуваа 6 победи во низа. Немаше волшебно стапче, но имаше желба за успех и покорување на селекциите во групата.
-Првиот натпревар го загубивме несреќно. Мислам дека клучни беа петте лични грешки на Мекејлеб. Тој мораше да седне на клупата, нешто што влијаеше негативно на нашата игра. Но, мислам дека на тој меч немавме ни среќа. По тој загубен натпревар направивме серија од победи. Навистина ништо посебно не се случи по овој меч, ниту во соблекувалната ниту никаде. Едноставно тренерите си ја завршија својата работа, делуваа и работеа на психолошки план, нешто што донесе резултати.





Лестер Бо Мекејлеб – „несреќа во среќа“
Интересно е тоа на кој начин Лестер Бо Мекејлеб стана Македонец. Тоа практично беше несреќен случај, кој подоцна стана среќен. Илиевски се повреди, на Македонија и беше потребен плејмејкер, а Врбица Стефанов ги искористи контактите. Монтепаски Сиена излезе во пресрет и ни даде играч од НБА класа.
-Мекејлеб е несреќа во среќа. Што значи тоа ќе ви кажам веднаш. Ние пред три години во Фиренца кога игравме на турнир останавме буквално само со еден плејмејкер Мираковски. Во разговор со селекторот видовме дека вака не може да се надеваме на некој подобар успех. Јас знаев дека Монтепаски секогаш ангажирале квалитетни плејмејкери и секако ги искористив моите контакти. Ми кажаа дека веќе цела година следат еден играч, но додека не потпише за нив не можат да ми ветат дека ние ќе може да го ангажираме.
По два или три дена ми се јавија и ми рекоа дека ако сакаме можеме да го земеме Мекејлеб кој штотуку потпишал со Монтепаски. Јас лично не можев да поверувам и бев изненаден бидејќи знаев за каков играч се работи кој според мене е на ниво на Тони Паркер. Но, се испостави дека тоа е вистина дека тие луѓе од италијанскиот тим си стојат на зборот и Бо стана наш репрезентативец. Да бидам искрен, доколку во тоа време Владо Илиевски не беше повреден и можеше да игра без проблеми, денеска Лестер Бо Мекејлеб немаше да постои за нас. Затоа сум многу благодарен на Монтепаски Сиена и така ќе биде засекогаш.
Мекејлеб игра за 10 евра дневница, Сандро Бенкардино работи без пари
Многумина нема да веруваат, но сепак Стефанов вели дека е вистина. Мекејлеб игра за дневница, додека кондициониот тренер работи без пари. Единственото нешто кое го доби Американецот е македонскиот пасош.
-Колку да звучи чудно, сепак е вистинито. Кондициониот тренер Сандро Бенкардино работеше без пари, ниту еден денар не зема. Дури тој самиот се понуди да ни помогне. Кога тоа ми го кажа, јас одговорив дека нашата федерација нема толку средства да плати квалитетен тренер како него. Сандро изјави дека парите не го интересираат туку сака нови предизвици.
Можеби сето ова е тешко за верување, но може лесно да се провери, можете да се јавите во клубот и да прашате. Можете исто така да поразговарате со Илија Мерџановски кој беше заедно со мене кога отидовме лично да се заблагодариме за услугите кои ни ги пружија. Сандро прифати да дојде само на пријателска база, а тоа навистина кај нас е несфатливо. Бенкардино ми е како брат, навистина тој е прекрасна личност и немам зборови да опишам колку сум му благодарен.
Што се однесува до Мекејлеб, тој игра само за дневница. За настапите во Литванија кошаркарите имаа дневници од 10 евра дневно, толку беше за Мекејлеб, толку и за сите останати кошаркари. Јас тврдам дека на Лестер Бо Мекејлеб му е даден единствено македонскиот пасош и оние десет евра дневница додека сме надвор од нашата земја како и за сите останати кошаркари.
Верувајте дека тоа е така, бидејќи секој оној кој би го донел Мекејлеб, особено по она што го направи во Литванија би се фалел дека тој го донел, па толку пари, па волку илјади, но пасошот е единственото нешто кое го има добиено Мекејлеб.





Пречекот во Скопје
Пречекот на кошаркарите во Скопје беше фантастичен. Десетици илјади луѓе излегоа на улиците и на плоштадот „Македонија“ да ги поздрави хероите. Знаеле нашите кошаркари дека ќе имаат пречек, но не знаеја дека во Скопје ќе ги пречека огромен број на луѓе.
-Се уште се чуствувам како да сонувам. Навистина никој од нас не очекуваше дека ќе го види она што се случи по враќањето во Скопје. Навистина бевме воодушевени и среќни. Ние имавме информации што се случуваше во Скопје за време на натпреварите, но она што го доживеавме по враќањето навистина не се опишува. Кога ги гледавме видеата на интернет тоа делуваше мотивациски за сите нас, но по враќањето беше навистина фантастично.
Европското првенство во Словенија и Олимписки игри во Лондон
Македонија се квалификуваше на ЕП во Словенија и обезбеди пласман на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Лондон. Според Стефанов би било добро Македонија да е организатор на овој собир.
-Јас кажав дека успехот во Литванија е заслуга на сите. Така треба и да продолжиме да работиме доколку сакаме во континуитет да постигнуваме успеси. Сите тренери, кои имаат можност да работат надвор од клубовите треба да и помогнат на репрезентацијата. Има играчи кои се на залез на кариерата, кога тогаш мора да се случи промена на генерации, нешто што може секако да го намали, или подобро речено да влијае врз резултатите на репрезентацијата. Но, тоа не смее никако да биде причина за евентуално незадоволство. Како што сега имавме поддршка, така треба да има и тогаш.
Ние имаме квалитетни таленти и треба да се работи со нив, особено со играчите од 16 до 20 години. Се надевам дека ќе успееме да направиме конкурентна селекција која ќе може да постигне успех во Словенија и во квалификациите за Олимписките игри. Е сега, тој квалификациски турнир се уште не се знае каде ќе се игра. Можеби во една ваква еуфорија која во моментов ја има кај нас би било добро тука во Македонија да се одржи бидејќи со сали и хотели имаме капацитет. Само требаат финансии да се организира сето тоа. Доколку нашата држава има можност тоа да го финансира, тогаш зошто да не се одржи и тука.
Но, сепак морам да кажам и дека тие пари наместо за организација на еден таков турнир би можеле да се искористат за финансирање на младинските категории и клубови. По неколку години би имале поголем бенефит од тоа, отколку од организација на еден таков турнир, иако ќе потенцирам дека и со организација на овој собир Македонија многу може да добие.
Четвртото место во Литванија, еден од најголемите успеси
Успехот во Литванија Врбица Стефанов го сместува на врвот на омилените достигнувања во кошарката. Вели дека покрај успесите со клубовите и Фајнал-форот со нив, четвртото место во Литванија е од особено значење.
-Сум учествувал на неколку Фајнал-фор завршници со моите клубови и секако дека тоа се моите успеси кои ги ставам на вровот на листата во мојата кариера. Во нивно друштво е Европското првенство во Литванија и освоеното четврто место. Навистина ова што сега го постигнавме е голем успех на македонската кошарка и за мене лично.
Кошарката ќе доживее револуција во Македонија
Вистинска кошаркарска треска завладеа во Македонија. Каде и да одите ќе видите дека кошаркарските терени, оние маалски се преполни со деца кои ги глумат Антиќ, Мекејлеб, Илиевски, Гечевски, Чековски, браќата Стојановски и останатите. Токму успехот во Литванија може да предизвика револуција во кошарката кај нас, секако во позитивна смисла на зборот.
-Имам пријатели чии деца по Европското во Литванија почнаа да тренираат и играат кошарка, иако претходно се заминаваа со некој друг спорт. Тоа сме го правеле и ние како деца кога на телевизија ќе гледавме некој натпревар или првенство. Сепак, ова е нешто друго, овој успех ќе направи револуција во македонската кошарка, секако на подобро. Искрено се надевам дека овој успех, кој е кошаркарски, но на цела Македонија, ќе придонесе кошарката да доживее експанзија, а со самото тоа и поголеми успеси, како на клупско така и на репрезентативно ниво.
Врбица Стефанов за крај на интервјуто порача дека воошто нема амбиции да стане селектор или тренер. Смета дека тоа е професија која бара многу труд, а засега тој е среќен со функцијата која во моментов ја има. Еден од најдобрите македонски кошаркари вели дека работите се минливи, така и еден ден можеби тој нема да биде дел од репрезентацијата, но сепак потенцира дека што и да се случи во иднина, тој секогаш ќе биде на располагање за македонската кошаркарска репрезентација, бидејќи сака Македонија да има успех во овој спорт и сака светот да не гледа како кошаркарска сила.
Тоа секако, го посакуваме и НИЕ.
 
M

Mario Gómez

Гостин
На ЕП ќе се пласираат првопласираните, второпласираните и четирите најдобри трето пласирани репрезентации, што се прај вкупен број од 16 репрезентации + осумте веќе пласирани, ќе се добие бројка од 24 репрезентации.

Добро што ги избегнавме квалификациите, ќе било заебано.:D
Вака и у фудбал ќе се пласираме.
--- надополнето: Sep 23, 2011 7:39 PM ---
Лестер Бо Мекејлеб – „несреќа во среќа“
Интересно е тоа на кој начин Лестер Бо Мекејлеб стана Македонец. Тоа практично беше несреќен случај, кој подоцна стана среќен. [FAIL]Илиевски се повреди[FAIL/], на Македонија и беше потребен плејмејкер....
:pos::pos::pos:
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.767
Поени од реакции
1.461
Кој шо сака нека вика ама закон беше Игорче :) И беше дел од екипата во Литванија. Плус и не прави толку лапсузи сега како порано ...
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Значи шо ти е спорт, особено кога имаш успех во него. Денес после долго време се одлучив да одам да играм баскет. Стигнувам на игралиштето, како и секогаш меѓународна постава. Играме така и мене за беља ми тргнаа тројките. На пауза идат кај мене неколку дечки дека не ме знаат и од тројките добиле респект и ме прашуват „од кај сум?„, им кажувам „од Македонија„. И такви „ еј абе вие таму сите изгледа играте кошарка„ така ептен со респект. После дојдоа уште двајца литванци со дресови кошаркарски напалени такви кога им кажав дека сум од Македониј и од нив голем респект.
Пред две години на истото игралиште кога ќе кажев од кај сум , повеќето вртеа со очите и се напрегаа да им текне нешто за Македонија.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Значи шо ти е спорт, особено кога имаш успех во него. Денес после долго време се одлучив да одам да играм баскет. Стигнувам на игралиштето, како и секогаш меѓународна постава. Играме така и мене за беља ми тргнаа тројките. На пауза идат кај мене неколку дечки дека не ме знаат и од тројките добиле респект и ме прашуват „од кај сум?„, им кажувам „од Македонија„. И такви „ еј абе вие таму сите изгледа играте кошарка„ така ептен со респект. После дојдоа уште двајца литванци со дресови кошаркарски напалени такви кога им кажав дека сум од Македониј и од нив голем респект.
Пред две години на истото игралиште кога ќе кажев од кај сум , повеќето вртеа со очите и се напрегаа да им текне нешто за Македонија.
А кај ова,кај се наоѓаш?
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881
http://www.idividi.com.mk/sport/kosarka/712248/index.html
Она што беше од суштинско значење за Македонија од страна на Антиќ е дефанзивниот скок и фактот што може да игра на која било позиција и да нападне од кое било место на теренот. Можеби шутот за три поени беше мал проблем за него, но сето тоа тој го надополни со фантастична борбеност што ја симболизира и неговата душа и душата на сите жители на оваа балканска држава.:)
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
Ништо од Доктор Марин нема да биде повеќе селектор бар според неговите последни изјави.
..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom