Европско Првенство за жени 2012 - Србија | 4 - 16 декември |

Статус
Затворена за нови мислења.

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.152
Поени од реакции
2.754
Карта од каде купи? Се продаваат на билетара во Чаир?
Да да се продаваат на билетара.Има карти уште,а најефтината е 600 динари или 330 денари наши.
Да напоменам дека сите карти се за двете утакмици тој ден.Денес после Македонија останав малце ги погледав Шведска-Данска.Јас пак би идел во сабота ајде кој е за да се организираме.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.838
Поени од реакции
15.990
Да да се продаваат на билетара.Има карти уште,а најефтината е 600 динари или 330 денари наши.
Да напоменам дека сите карти се за двете утакмици тој ден.Денес после Македонија останав малце ги погледав Шведска-Данска.Јас пак би идел во сабота ајде кој е за да се организираме.
Jaс и leandra сме за. Па ќе знаеме утре на сигурно. :)
 
P

PewDiePie

Гостин
видоа дека за криво дрво не ги бива ракометарките , па ај нема потреба од фаланги, нема потреба од слики за на ФБ, ќе си седиме дома и така ќе си дојдат и тие у недела.
Епа нас не ни е тоа во крвта да имаме доверба во наши спортисти на големи натпреварувања,најчесто оправдано секогаш разочарувале. Освен кошаркарите и ракометарите никаква радост немаме осетено на репрезентативен план.
За овие 20 години не е лошо 5-то место ракомет и 4-то место кошарка на Европски,за следните 20 ќе почекаме дали некој ќе направи нешто.

Реално за ракометаркине не вреди ни пари ни време да трошиш. Јас разбирам дека Франција е сила,ама за цело полувреме 3 гола да дадеш ? Ало ? Да не играше онаа Николиќ не сакам ни да помислам со колкава разлика ќе изгубеа.
И не е точно дека ние како народ не знаеме поддршка да дадеме,ние малку да видиме дека некоја од нашиве репрезентации ја бива или може да направи успех одма добива поддршка и пречеци и се. Ние во overload одиме со поддршка за нашите ако видиме капка надеж дека може да се направи успех. Оние бре не вредат,нека ми извинат ама со ништо не ме убедиле во споротивното.
 
Член од
13 октомври 2011
Мислења
29
Поени од реакции
13
Ако некому треба карта за во сабота нека пише
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.838
Поени од реакции
15.990
Ракометарките на сеанса со психолог, атмосферата пак е на највисоко ниво пред дуелот со Шведска


„Девојките разговараа со психолог, тоа е вообичаена пракса во репрезентацијата веќе неколку години наназад. Веднаш потоа одржавме и тимски состанок и слободно можам да кажам дека атмосферата е на највисоко ниво. На сите им е јасно дека поразот од Франција не е страшен ниту пак срамен бидејќи станува збор за една од најсилните европски селекции. Треба да се фокусираме на следните мечеви, најпрвин на дуелот со Шведска бидејќи станува збор за ривал против кого што можеме да играме и да се надеваме на победа“ - истакна македонскиот селектор Гино Стрезовски.Кормиларот на македонскиот национален тим не е премногу изненаден од прикажаното од шведскиот национален тим на дуелот со Данска.

Тие форсираат високо темпо на игра, дури и во период кога е очигледно дека прават премногу грешки. Сигурно ќе играат идентично и против нас, но и на сите останати средби до крајот на шампионатот. Тие ќе ја играат својата игра, на нас е да го наметнеме сопственото темпо. Како што реков, за разлика од Франција, Шведска е селекција со која што можеме да се надигруваме и да веруваме во победа“ - порача Стрезовски.
--- надополнето: 5 декември 2012 во 18:54 ---
Црногорките ги убиваат Русинките. 8 разлика моментално, 35 минута.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Адутот на Професорот е Индира Кастратовиќ, сигурно ќе игра на наредните два натпревари, е сега за понатака, се зависи од нашиот пласман.
Од кај ти се овие доверливи информации?:icon_lol:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom