Европско Првенство за жени 2012 - Србија | 4 - 16 декември |

Статус
Затворена за нови мислења.

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Црногорките заслужуваат титула. Утре тепаме и тоа со голема разлика (претчуство :rolleyes:).
 

wgt

Член од
30 август 2011
Мислења
280
Поени од реакции
92
На Европското првенство во Србија очекувањата дека нашите навивачи познати под името’Македонска фаланга” ќе биде најбројни не се остварија но за да србите не се разочарат тука се унгарските фанови кој се најбројни на ова ЕП.

Во групата во Нови Сад каде што игра унгарската репрезентација во салата Спенсер има најмногу странски навивачи ако се исклучат домашните навивачи.
Епитетот за најбројни навивачи на ЕП засега го држат фановите од Унгарија кој благодарение на близината на Унгарија и Нови Сад овие денови ги има во голем број.
Унгарците на првиот натпревар против Германија од трибините во салата Спенсер имаа подршка од 2000 нивни навивачи а вечерва на дуелот од второто коло против Шпанија кој Унгарија го доби со 32-31 имаае подршка од над 3000 нивни навивачи.

Се очекува како одминува првенството и пласманот во другиот круг, бројот на фанови од Унгарија да се зголемува.Исто така на ова ЕП има доста фанови и од Романија благодарение на близината со Србија.
http://sportcorner.com.mk/ракомет/во-србија-на-еп-недостигаат-нашите-нав
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
Ќе има еден автобус Чкембари утре....(ГАГА)...;)
Ќе фрлат некоја пара од влада за да не бидиме резил...очекуваа навивачка фаланга,а едвај 100 ина наши навивачи имаше во Ниш....
Уште еден доказ дека сите одат за успеси,кога ќе имаме шанса за некој пласман,а ракометарките однапред беа осудени на неусех од сите.....
Нејќам да бидам песимист,ама да гледаме реално на работите...
Немаме шанса утре со Данска,дај боже да грешам,ама со онаква аматерска игра нема шо да бараме против Данска,иако и тие не се на нивото од времето..
Ако има добра атмосфера којзнае можеби ќе изиграат нашите нешто шо барем личи на игра достојна на едно ЕП...во спротивно не ни бега убедлив пораз....бидете сигурни во ова...
Иако имаме доста конкуренција,многу слаб ракомет се игра...
Одамна неам гледано толку слаб ракомет,со толку малку голови,со толку технички грешки...денес Хрватска-Германија,која мизерија,леле,леле...очај како Македонска лига да гледам.....:D .со секоја чест на Унгарија,Франција,Шпанија и Црна Гора...Норвежанките некако се резервирани засега,се чуваат изгледа за втор круг....се друго тапа....
Данска и Шведска се солидни,иако многу варираат,непредвиливи,ќе ги видиме утре Швеѓанките со Франција.....
Русинските не знам дали се чуваат или толку им е силата,не ми се верува....сигурно имаат некој ас во ракавот за втор круг,иако само со 1 бод во втора фаза тешко дека ќе се докопаат до полуфинале.....
Ќе видиме,можеби првиот круг е само загревање за еден подобар ракомет во втората фаза од шампионатот....
 
M

MrzaRules

Гостин
Ја слабо го пратам женскиов ракомет па може ќе испаднам смешен со прашањево...ама шо се случи со таа црнчугата шо се врткаше едно време во Македонија?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.900
Поени од реакции
73.082
Ја слабо го пратам женскиов ракомет па може ќе испаднам смешен со прашањево...ама шо се случи со таа црнчугата шо се врткаше едно време во Македонија?
Јас колку што памтам прво имаше некои тешки повреди што ја оддалечија од теренот со години, па мислам дека и крај на кариерата стави...
Нека потврди некој друг.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.001
Поени од реакции
5.635
Јас колку што памтам прво имаше некои тешки повреди што ја оддалечија од теренот со години, па мислам дека и крај на кариерата стави...
Нека потврди некој друг.
Играше до пред една сезона во Франција... ама не можам да најдам нешто ново за неа.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.536
Поени од реакции
17.951
Имаше некоја повреда,после тоа мислим дека не одби,и не сакаше да игра више за нас.
 
P

PewDiePie

Гостин
На повидок голем срам: Македонија, најслаба во историјата на ЕП
Слабите резултати на Македонија на првите две средби на шампионатот во Србија придонесе сега се помалку да се говори за евентуално чудо во последниот меч со Данска, туку како да биде избегнато ново фијаско што би придонело „црвено-жолтите“ да го урнат рекордот како најслаба селекција во историјата на европските шампионати. Имено, фактот дека на првите две средби загубија со вкупно 24 гола разлика ги става македонските ракометарки близу до уривање на неславниот рекорд на Словенија, селекција што на ЕП 2010 претрпе три порази со вкупна гол-разлика од минус 35.

Тогаш Словенките го почнаа шампионатот во Норвешка со пораз од 19-28 од Унгарија, следеше фијаско од 16-32 против домашната селекција, за во последното коло да бидат убедливо поразени и од страна на Франција. На избраничките на Гино Стрезовски мора да им биде јасно дека доколку повторно потфрлат, како што тоа беше случај на првите две средби, се соочуваат со сериозна опасност да останат запаметени како најслаба репрезентација во историјата на натпреварувањата на „стариот континент’.

За тоа да не се случи, „црвено-жолтите“ треба да се погрижат да не го загубат вечерашниот натпревар со 12 гола разлика, односно да не се предадат дури и доколку противникот стигне до солидна предност по првото полувреме. Македонија вообичаено најмногу потфрлаше во вторите полувремиња од натпреварите, кога во самиот финиш нашите ракометарки играа демотивирано, но такво нешто овојпат би можело да биде уште попогубно за Гино Стрезовски и неговите избранички.
Ако не се приберат малку Пецевска и Црвенковска да се јават ДОЛУ на рецепцијава.
Им ебам тоа гзовите и се близу гзовите....мрднете ги малце !
 
R

Rigel Kent

Гостин
Aux armes, citoyens,
Formez vos bataillons,
Marchons, marchons !
Qu'un sang impur
Abreuve nos sillons !
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.270
Поени од реакции
6.988
ајде МАКЕДОНИЈА але але........ајде МАЊЕ од 21,5 голови !!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom