Ќе има еден автобус Чкембари утре....
(ГАГА)...
Ќе фрлат некоја пара од влада за да не бидиме резил...очекуваа навивачка фаланга,а едвај 100 ина наши навивачи имаше во Ниш....
Уште еден доказ дека сите одат за успеси,кога ќе имаме шанса за некој пласман,а ракометарките однапред беа осудени на неусех од сите.....
Нејќам да бидам песимист,ама да гледаме реално на работите...
Немаме шанса утре со Данска,дај боже да грешам,ама со онаква аматерска игра нема шо да бараме против Данска,иако и тие не се на нивото од времето..
Ако има добра атмосфера којзнае можеби ќе изиграат нашите нешто шо барем личи на игра достојна на едно ЕП...во спротивно не ни бега убедлив пораз....бидете сигурни во ова...
Иако имаме доста конкуренција,многу слаб ракомет се игра...
Одамна неам гледано толку слаб ракомет,со толку малку голови,со толку технички грешки...денес Хрватска-Германија,која мизерија,леле,леле...очај како Македонска лига да гледам.....
.со секоја чест на Унгарија,Франција,Шпанија и Црна Гора...Норвежанките некако се резервирани засега,се чуваат изгледа за втор круг....се друго тапа....
Данска и Шведска се солидни,иако многу варираат,непредвиливи,ќе ги видиме утре Швеѓанките со Франција.....
Русинските не знам дали се чуваат или толку им е силата,не ми се верува....сигурно имаат некој ас во ракавот за втор круг,иако само со 1 бод во втора фаза тешко дека ќе се докопаат до полуфинале.....
Ќе видиме,можеби првиот круг е само загревање за еден подобар ракомет во втората фаза од шампионатот....