Евровизија 2012

R

Rigel Kent

Гостин
Многу ми е мило што Албанците се фалат со песна и глас а чувствувам дека ги боли што е малку повеќе грдичка Рона :P
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Многу ми е мило што Албанците се фалат со песна и глас а чувствувам дека ги боли што е малку повеќе грдичка Рона :P
Па у Косово е родена каква да биде? :icon_mrgr:
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.172
Поени од реакции
3.719
Да соберевме по некој глас од бившите мажи на Калиопи ќе имавме бољи пласман :P
 
Член од
15 јуни 2011
Мислења
409
Поени од реакции
304
Преѕбава беше....едноставно ...скромно но моќно....и тука сите гласања паѓаат во вода
 
Член од
20 мај 2010
Мислења
78
Поени од реакции
78
Не сум некој фан на Евровизија, ниту на Калиопи... али ја почитувам зошто се прерадува златната што ќе оди на Евровизија.... и заради тоа што се гледаше дека и значи тоа што ќе пее таму, и затоа што (ако не се лажам) не мрчеше дека нема спонзори, пари итн како секој друг кандидат. И на крај типка испадна, ги изгнорира сите што се смееа за нејзиниот лош англиски и дури си правеше хумор на своја сметка... и сакав да земе некое подобро место за да не ја замаарат тие кретените за кои првпат прочитав пред 3 дена тука на форумов, Бекстејџ или така нешто...
 

О|ивер シ

Анти.
Член од
14 октомври 2011
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.018
Евровизија = Политиковизија = Соседовизија !
Се карале, се тепале соседите пак си гласаат меѓу себе што е најтапа во целиот избор на песна.
Најмногу ме изнервира што сите не викаа со ова грдото зборче на F .
На Албанците им дадовме 12, тотален промашај - автогол !
Не сум некој експерт ама на Евровизија се се бира освен најдобра песна !

 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Не сум некој фан на Евровизија, ниту на Калиопи... али ја почитувам зошто се прерадува златната што ќе оди на Евровизија.... и заради тоа што се гледаше дека и значи тоа што ќе пее таму, и затоа што (ако не се лажам) не мрчеше дека нема спонзори, пари итн како секој друг кандидат. И на крај типка испадна, ги изгнорира сите што се смееа за нејзиниот лош англиски и дури си правеше хумор на своја сметка... и сакав да земе некое подобро место за да не ја замаарат тие кретените за кои првпат прочитав пред 3 дена тука на форумов, Бекстејџ или така нешто...
абе каква евровозија. треба да се вика комшилувизија... гледате дека никој не се замара со оваа тн. манифестација, освен нас. сите си праќаат некој си анонимци, само кај нас сите звезди музички се тепаат да појдат на евровизија и то го сметаат за круна на нивните кариери! не е евровизија то шо била пред 15-20 години. од ова се гледа какво е нивото на музиката кај нас и колку добри пејачи/пејачки имаме...
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.067
Поени од реакции
23.514
Ако се врати стариот систем ЕСК ќе изгуби на гледаност и популарност.Не се глупи да укинат телевоутинг.
има многу работи кои не чинат на евровизија.
и незнам каква е таа победа кој си ја добил ради број на население ,дијаспора или соседни земји а не ради тоа за што си отишол на натпревар. како го викаа тоа пирова победа!!!
кога сам во душа знаеш дека не те бива туку ај те наместија.
друга работа гласањето. нека има телефонско гласање, еден борј еден глас и пријатно создравје. нека влијае во некој смешен процент за поените колку да се речи.
вака поголеми шанси има да им се намали гледаноста кога сите знаат дека ова нема допирни точки со квалитетот на песната.
па само гледајте какви песни праќаат. русите жив пример за другите нејкам ни да зборувам. си се заебаваат.
а тие постојаните членки што се пласираат секоја година без пардон, тие што посојани членки се во советот за безбедност.
ова треба да е музички натпревар или генерално собрание на советот за безбедност?? от тука само тргни.
трета работа е јазикот на кој се пее.
сепак треба да се претставува земјата а не да се промовира англискиот јазик. порано не смееше да има ни процент повеќе од 30 % во песната на друг јазик.
и да како за крај песната прв пат се слуша на евровизија, а не да се промовира цела година. каков натпревар е тоа и што е поентата на таков натпревар.
и како за крај заклучок од цела работа, нема потреба да се трудиме повеќе. или да не праќаме никој или прати некој таму безвезе колку да се речи ете сме биле, да ги реметиме.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.067
Поени од реакции
23.514
Само 500 000 Македонци имаш во Австралија, Торонто преку 200 000 со многудетни семејства, а само во околината на Берлин ги имаш 20 000 .Македонците имаат многу голема и бројна дијаспора , ама само по потекло, инаку во душа се пичкетини либерални.Само прошетај по Србија колку Македонци има потекло ќе се запрепастиш, а само ситен процент од нив се декларираат Македонци, а кај нас и сито и сакато сака да се декларира Србин, Хрват.Сум бил и сум ги видел.Македонци низ светот како од шала можеш да собереш 4-5 милиони, ама по потекло, гени, инаку во душа Македонци неможеш ни 300 000 да собереш со се Македонија.Тоа е разликата помеѓу нас и Србите.Јас сум сигурен дека пола Македонци од Германија, Швајцарија, Австрија, Данска гласале за Жељлко Јоксимовиќ.Јас не сум сигурен, туку знам дека е така.Особено Македонците во Германија коишто се многу подложни на Србите.
ова е жива вистина која и јас ја имам искусено на своја кожа.
можеби нема везе со евровизија ама при мојата последна посета на германија онака во друштво играме карти( бељот во случајот). двајца македонци и двајца хрвати. сега незнам колку сте запознаени ама има две верзии на играта и најтрагично хрватите играат со некој нивни карти маџарици или како ги викаат кој везе немаат со нормалните карти. домакинот македонец ајде да не им крши атер по дифолт се сложи да играат по нивни правила и со нивни карти. се прашувам зошто двајца на двајца бевме, што не се сложија тие да играат по наши правила. и од кога им го направив кефот некоја партија реков доста е. ако играме по ваши правила ке играме со нормални карти или обратно.
е после беше друга борбата, од кога изгубија со незнам колку на колку, македонецот ме нарече националист и инаетчија:facepalm: оти хрватите се навредиле дека изгубиле, а јас не сум попуштал.
а кога тепаа тогаш не им пречеше дека играме по нивни правила и дека тепаат.
да си пукниш од мака, а вие очекувате да гласаат за нас.
се е тоа со испран мозок таму.
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
хахах многу интересно беше кога нашата коментаторка рече....Реден број 6,Рона Нишлиу со "СУУУУС" - хаха жити се така во Берово на свињите се обраќаат...
-Хаххаа друго смешно ми падна со Жељко Самарџич
.Многу ме изненади тоа што Албанците дадоа 12 поени на Грција а нам ни велеа дека Грците ни се заеднички непријатели, а ние како можевме да им дадеме 12 поени ним за таа проста квачка незнам ...Незнам колку 12 ки добивме мислам дека една од Босна и другата незнам...
Сепак Бугарите си го покажаа своето лице,само 2 поени и тие 2 поени сигурно од пиринскиот дел само...срамота!
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
^
^
Две 12ки добивме....од Босна и од Србија.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Лелеле грчево досадно
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Само 500 000 Македонци имаш во Австралија, Торонто преку 200 000 со многудетни семејства, а само во околината на Берлин ги имаш 20 000 .Македонците имаат многу голема и бројна дијаспора , ама само по потекло, инаку во душа се пичкетини либерални.Само прошетај по Србија колку Македонци има потекло ќе се запрепастиш, а само ситен процент од нив се декларираат Македонци, а кај нас и сито и сакато сака да се декларира Србин, Хрват.Сум бил и сум ги видел.Македонци низ светот како од шала можеш да собереш 4-5 милиони, ама по потекло, гени, инаку во душа Македонци неможеш ни 300 000 да собереш со се Македонија.Тоа е разликата помеѓу нас и Србите.Јас сум сигурен дека пола Македонци од Германија, Швајцарија, Австрија, Данска гласале за Жељлко Јоксимовиќ.Јас не сум сигурен, туку знам дека е така.Особено Македонците во Германија коишто се многу подложни на Србите.
Потпис на горе напишаното.
На евровизиското гласање буквално можеш да направиш попис на Срби и Албанци, буквално овие две земји да ќутат 3 минути пак ќе бидат меѓу првите 10. Македонците тоа е што е. Но не сме само ние еве на пример и Хрватите и Бугарите уво не ги боли за евровизија.
Многу позитивно ме изненади што од Босна и од Србија добивме 12 бода, одлични бе бодовите од Хратска, од Словенија и Црна Гора.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom