Евровизија 2012

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Значи, таков налив на неконтролирани солзи одамна ме нема фатено. Појма неам од кај тие чувства! Прекрасно беше да се види нашето знаме и не последно, за да не ни прекине срце од исчекување:pos:
Изведбата на Калиопи и беше премоќна, како и секогаш. Успеа, дефинитивно успеа да направи да и се заборават глупирањата со интервјуата и сл. Не дека беа којзнае колку важни и дека ги забележа цел свет колку ние, но сепак не ми се свиѓаа. Но, мора малку да посеириме и да да поплукаме де, а подобро на такви ситници, отколку на гласовни можности или песни.:oops::icon_lol:
Се надевам и од срце и посакувам да се искачи на самиот врв со нејзината преголема енергија! Впрочем и само тоа е важно и само тоа го посакува и таа и ние! А не е, секако не е недостижно нешто, како за сите, така и за нас!!! И доколку не стигне до таму, сепак ќе е најзаслужна за оваа среќа која ни ја предизвика на сите вечерва. А тоа очигледно е исто толку тешко, колку да се победи во финалето.:P
На страна ѕверкава наша... криво ми падна за Бугарија. Добра беше и пејачката и песната и требаше да влезат. Дефинитвно повеќе од Босна или Литванија, па дури и од Турција. Како можело Турција без плесачици? Многу сакав да испаднат уште денес за тој кикс!:place:
Ах кој ќе дочека сабота... да гледам финале после толку години. Калиопиии:love:
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Backstage@Backstage3
Ете и тоа се случи.. Калиопи се појави на евровизиската сцена! Од овој момент ништо друго не е важно! Можеме да здивнеме! Алелуја и нека и е

Expand
Backstage@Backstage3
Да не се расправаме... Вечерва VOISE FOR KALIOPI!

Expand
Voise а? Што е тоа? сам себе го убијал?
Voice,не voise.Ако веќе плукаат бар да не праат вакви грешки.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.734
Поени од реакции
8.749
И откако ги преслушав поголемиот дел од песните (некои одма ги гасев, почнував да зевам, како на пример на Коала или Куала whatever) фаворит ми е Босна, Србија не ни слушав (као што би рекли наши ,,брача,, веч виџено), Нина Бадриќ ме разочара крајно, Покахонтас ми беше најепик момент, Турците ми се супер, Словенците исто така.
Шведската песна не ми е баш нешто најпосебно, а и не ја бендисувам ,,кореографијата,, на девојката. Ама има моќен глас, нема што.
Исто и Данска прави мерак.
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Шведската песна не ми е баш нешто најпосебно, а и не ја бендисувам ,,кореографијата,, на девојката. Ама има моќен глас, нема што.
Исто и Данска прави мерак.
Danska e blisku, ama Svedskava podobra mi e :D
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
183
Поени од реакции
90
Јас сите песни денес за првпат ги слушнав, намерно за да бидам пообјективен.

Најквалитетна песна беше Босанската. Чист стил, балада со оригинали мотиви, доволна сложеност, соодветен глас и текст. Веднаш се познава кога изведувачката е и самата музичар и има талент - безпрекорна изведба, студиски. Одлично ниво. Ми лајк вери мач. Ама за жал мислам дека не е материјал за евровизија.

Шведската песна е слично добра ама изведбата не, многу мрмљаше во паузите измеѓу ништо не разбрав. Србинот исто така прилично добро ама слаба оригиналност.

Песната од Калиопи не ме бендиса, мислам дека има премногу клишеа, премалку варијација во мелодијата а и мислам дека не и одговара ваква мешавина на стилови. Високите тонови и крикови што и се типични (во позитивна смисла) овојпат не требаше да ги користи, немаше потреба. Изведбата инаку беше добра, не ни очекував нешто друго.

Разочаран сум од тоа што не влезе Словенија, тоа беше исто така квалитетно.

Турците беа репулзивни. Бугарката за срамота, резилаци. Хрватската песна беше клише и оправдано не влезе. Литванецот на крај беше добра изведба но со слаба оригиналност во мелодијата. Словачкиот микс на death metal со Bon Jovi ми беше лично одвратен иако ми изгледаа дека се добар бенд.

Покахонтас наша не знам како можеше да излезе со тие перјата, стопати и беше речено на изборот кога се правеше дека тоа не може. Инаку таа беше избор на публиката овде во Холандија, жирито сакаше некој друг (и оправдано ако ме прашаш мене). Изведба нула, фалш бе аман!

Никој од другите не ми остави некој впечаток, не знам што да кажам. Првата вечер многу малку гледав и немам ништо посебно да напишам. Шиптарката само ја памтам во некаков обид да спои опера и поп ама на сељачки начин. Одвратно ама тоа е вкусот на евровизија и политиката.

Фаворити ми се БиХ и Италија, ако оваа вторава направи добра изведба. Француската песна е исто така многу квалитетна ама ќе видиме за изведба. Германците немаат оригиналност овојпат. Англичаните се чист срам, тие како намерно да сакаат перверзии да прават. Шведска ако победи ќе биде од добра промоција (така и се добиваат гласови, ако ги имаш веќе неколкупати слушано песните) и солидна песна но со слаба изведба - не знам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom