Јас сите песни денес за првпат ги слушнав, намерно за да бидам пообјективен.
Најквалитетна песна беше Босанската. Чист стил, балада со оригинали мотиви, доволна сложеност, соодветен глас и текст. Веднаш се познава кога изведувачката е и самата музичар и има талент - безпрекорна изведба, студиски. Одлично ниво. Ми лајк вери мач. Ама за жал мислам дека не е материјал за евровизија.
Шведската песна е слично добра ама изведбата не, многу мрмљаше во паузите измеѓу ништо не разбрав. Србинот исто така прилично добро ама слаба оригиналност.
Песната од Калиопи не ме бендиса, мислам дека има премногу клишеа, премалку варијација во мелодијата а и мислам дека не и одговара ваква мешавина на стилови. Високите тонови и крикови што и се типични (во позитивна смисла) овојпат не требаше да ги користи, немаше потреба. Изведбата инаку беше добра, не ни очекував нешто друго.
Разочаран сум од тоа што не влезе Словенија, тоа беше исто така квалитетно.
Турците беа репулзивни. Бугарката за срамота, резилаци. Хрватската песна беше клише и оправдано не влезе. Литванецот на крај беше добра изведба но со слаба оригиналност во мелодијата. Словачкиот микс на death metal со Bon Jovi ми беше лично одвратен иако ми изгледаа дека се добар бенд.
Покахонтас наша не знам како можеше да излезе со тие перјата, стопати и беше речено на изборот кога се правеше дека тоа не може. Инаку таа беше избор на публиката овде во Холандија, жирито сакаше некој друг (и оправдано ако ме прашаш мене). Изведба нула, фалш бе аман!
Никој од другите не ми остави некој впечаток, не знам што да кажам. Првата вечер многу малку гледав и немам ништо посебно да напишам. Шиптарката само ја памтам во некаков обид да спои опера и поп ама на сељачки начин. Одвратно ама тоа е вкусот на евровизија и политиката.
Фаворити ми се БиХ и Италија, ако оваа вторава направи добра изведба. Француската песна е исто така многу квалитетна ама ќе видиме за изведба. Германците немаат оригиналност овојпат. Англичаните се чист срам, тие како намерно да сакаат перверзии да прават. Шведска ако победи ќе биде од добра промоција (така и се добиваат гласови, ако ги имаш веќе неколкупати слушано песните) и солидна песна но со слаба изведба - не знам.