Втората проба на близнаците
Инаку на почетокот бев скептичен за тоа дека оваа година има слаби нумери, дека нема да биде онака како лани, али како доаѓа 12- ти и како се повеќе на плеерот ги вртам нумерите од овоодинешниот избор, слободно ќе кажам дека ќе имаме што да чуеме, ако не бар 40 % од нумерите се солидни да не речам добри за уши (а ако земеме предвид дека ова е Евровизија, парада на суетата и кичот, сепак не е мал процент за да се чуе сагламна музика). Инаку за фаворитите ги ги одвојам моите, но нема да ги бодувам, туку ќе ги набројам оние десет кој мене ми се закачија за уво и верувам дека ќе стасаат до финалето на 16- ти. Имам само една мала забелешка, а тоа е фактот што годинава песните се делат на две фази, песни кои потсетуваат на победничката од лани Belive и онаа на високопласираната ерменка Qele, Qele. Ќе почнам по ред :
-Албанија: певлива нумера со доста принеси на денс и албански мелос. Нот ту мач- ако ме прашувате мене, певлив рефрен кој влегува во уво, но излегува одкако ќе се ислуша нумерата.
-Андора: слатка песничка у стилот на скандинавско/Аба/бојбенд нумера. Песнава би влегла во финале да не се работеше за Андора, вака кој ќе гласа за неа?!
-Ерменија : почнува и со дланките ги притискате ушите, не знаете дали ќе ви пукнат тапанчињата или со спејс машин сте претрчале до Блискиот Исток. Премногу мешавина на национални инструменти, премногу свадбарско, премногу неслушливо...Која разлика од минатогодишната Сирушо со Qele, Qele. Ова не иде у финале!!!
-Азербејџан: Eдна од моите фаворити годинава. Певлива нумера која без сомнеж ќе биде хит низ кафичите у Скопје после 16- ти мај.Песнава е дует со брз ритам кој е просто заразен, не те остава рамнодушен. Сигурен влез во финале и можна победа.
-Белорусија: Веќе чуено, веќе видено, што би рекла Саша Фиерс (пардон, Бијонси): baby I swear is Dejavu!!! Типов сите го знаеме кога дојде во Скопје и ја испеа Полско цвеќе од Тоше. Одличен вокал, промашена нумера, можен влез во финале ако и само ако соседите си додадат поени.
-Белгија : почнува песната и го очекувата воскреснувањето на Елвис на сцената во Москва, но наместо него излегува Патрик вона би Елвис ин сикстис. Ова не иде у финале, мајке ми.
-Босна и Херцеговина : Песна која веќе најверојатно сите сте ја чуле по радијата, нова верзија на Лејла, Молитва и Лане моје. Очекував нешто пооригинално од Регина за на Евровизија. Загарантиран влез во финале (за жал фазонот Жељко сеуште пали низ Европа и дијаспората пред се)
-Бугарија: Лошо, многу лошо, болно за уши, очи и за секаков коментар.
-Хрватска : момчето кое на сите ни е познато (бар на оние кои кон крајот на минатата година билдаа мислења на темата Операција Тријумф, со мене на чело). Хрватите оваа година одлучија да го пратата младиот и неискусен Игор Цукров и погрешија! Песнава не само што се наоѓа на самото дно на сите обложувалници, туку е неубава за слушање. Цукров се дере и се што го разбираш е дека изговара Тенаааааааааааа. Многу лош избор на Хрватската радио телевизија со Тончи Хуљич на чело.
-Кипар :Песна која е одмор за уши по небулозните преслушувања на останатите претставници. Убав нежен глас ала вона би Мараја, исконбиниран со мелодична балада која сигурно ќе се пласира високо.
-Чешка: Се сеќавате ли на серијата која жареше во раните 90- ти Трст- Виа - Скопје?! Ако не, Џипси од Чешка ќе ве потсетат. Небулозна нумера со ромале ритам и циркуски ефекти. Катастрофално!!!
-Данска: Започнува песната и почнува магијата. Преубава балада која лесно може да биде искористена во некој Холивудски филм кој завршува со страсен бакнеж на главните карактери, под силен пороен дожд. Песнава ме освои на прво слушање и дефинитивно ми е фаворит за победа. :back:
-Естонија: Ништо посебно, не не е ни лошо. Онака лесна песна за чиј настап најверојатно ќе тркнете до веце или ќе им пишете смс на пријателите , бидејки ќе имате мисла дека ништо не пропуштате, а и навистина е така. Фини инструментали на крајот, но пак ништо посебно.
-Финска: Уште еден од моите фаворити. Финците оваа година наместо за хард рок или за депресивна балада, се решија да пуштат песна ала
фри-стајлер, која лесно влегува во глава и те тера цело време да си го потпевнуваш рефренот. Би сакал да ги видам високо на листата.
- Франција: Додека ја слушате песната која французите решија оваа година да ја испратата како нивен претставник во Москва, ќе имате чуство како да ја гледате Амелија Пулен на малиот екран, типична француска шансона која не ветува многу.
-Македонија : Нема да коментирам бидејки секој коментар за нашиве е веќе кажан и чуен. Само ќе им посакам многи среќа и се надевам на влез во финале (иако обложувалниците викаат дека е тешко
![Тажен :( :(](/styles/default/xenforo/smilies/frown.png)
)
-Грузијаерманија : Aко ги пратевме Нокаут, Туна и Џамбазов во Москва ќе можевме на сцена да ги пуштиме со грузијциве, бидејки песните се копи пасте една со друга. Типична диско нумера ала 90- тите.
-Германија: Кис-кис, бенг- бенг. Не е по мој вкус.
-Грција : Сакис ис бек! Верувале или не , педеракис од нашето соседство се враќа на Евровизиската сцена да ги замрда одново своите колкови (и верувајте, судејки по порбите, тоа го прави многууууу попедерастично од било кога). Пената е благо речено шит кој најверојатно ќе се продаде на напалените хомичи и неизживеаните девојчици. Знам дека ќе иде у финале, па нема ни да коментрам за тоа.
-Унгарија : истиот случај како кај Естонија, ако ви се примоча додека гледате Евровизија, одете слободно, ништо не сте пропуштиле.
-Исланд: фина балада која најверојатно ќе се продаде. Уште еден саундтрак за филм ала "Another Cinderela story".
-Ирска : Ова да не знаев дека е за Евровизија ќе помислев дека е новиот хит на Мајли Сајрус (или како и да се пишува) а.к.а Хана Монтана. Толку тинејџерксо, толку иритантно, толку непријатно за уши...толку нема да влезе во финале!
-Израел : Уште една тема која ни доаѓа од онаа страна на барата, а опејува за мир во светот. Е до кога веќе вака?!Више пукнав
-Латвија: е ова е песна како бугарската, тешка за било каква конзумација.
-Литванија: шо знам, онака ни трагично, ни генијално. Веќе ми делува чуено и видено, но нели тоа и е целта на Евровизија, па може да догура до финале.
-Малта: Е ова е нешто убавоооооооо!!!Женава мислам дека по трет пат ја претставува својата земја на овој натпревар и тоа секој пат успешно. Не се сомневам дека и овој пат ќе биде така. Моќен вокал, одлична нумера, моќна изведба (судејки по пробите). Ова ќе догура високо на скалата.
-Молдавија: Почнува со завивање (мешавина на џамија, грекање на кози & co.), а продолжува во стилот на подзаборавен српски турбо фолк. Пробајте да одиграте оро на песнава, ќе ви оди, сериозно.
-Црна Гора: Кога прв пат ја чув песнава знаев дека е веќе чуено, но за жива среќа, лесно влегува во уво, особено рефренот кој е баш кечи
just get out of my life...Црногорците за прв пат имаат шанса да влезат во финале (да, никад немаат влезено), затоа нека ја искористат оваа можност и нека направат спектакал на сцена!
-Холандија : срено жалосно со принеси накај трагично. Ова не иде у финале, trust my word!
-Норвешка:...and now something completely different!!!Најверојатно идната година Евровизија ќе се сели во Осло, барем така прогнозираат сите обложувалници, форумашите кои го пратат натпреварот, така велам и јас. Зашто?! Затоа што песната освојува на прво слушање! Пенсата не потсетува на ниедна нумера која некогаш победила или била испеана на истиов натпревар! На сцената одзива звукот на виолината, се појавува дечко со ангелски глас и милозвучен глас... и бајката може да започне! Мојот најголем фаворит за победа! Go Alexander Rybak!!!
-Полска: Фина балада со убав текст, но малку ми е млака целата таа атмосфера околу оваа композиција. Ја не им давам зелена карта за финале, верувам нема ни Европа.
-Португалија : Еве уште едни мои фаворити! Песнава ме фати на прво слушање. Не знам дали е до шмекот и мелосот на португалскиот јазик (во кој сум буквално заљубен), дали е до оној фавела ритам кој го има истата, но ќе славам ако Португалија оди во финале!!!
-Романија : Песнава зборува за девојките од Балканот (се надевам не за оние од серијата Матријошки :smir
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
и е баш типична балканска! Турбо елементи, безвезе текст, прилично згодна девојка (која патем мислам е макдонка, не ме фаќате за збор).
-Русија: Не знам што им требало на русите да изберат вакво чудо!Пенсата е посветена за мајките се вика МАМО, и одвратна е!Дно на табела, I'll say
-Србија: Страшно!(точка)
-Словачка :
WARNING!!!: Процентот на самоубиства нагло може да нарасне при конзумација на песнава!Балада која убива во поим! Ова ниту ќе оди во финале, ниту ќе добие поен од некого.
-Словенија: E ова е добро! Нема многу текст, но има инструментали кои се пријатни за уши.
-Шпанија :Доста добра нумера која е кечи и влегува во уво. Шпанците по многу години имаат шанса за висок пласма, евентуално победа. Моќен глас и заразен ратино ритам.Bravissimo!
-Шведска : Oпера!Кој воли нек повели, јас нејќум и нема ни да коментирам!
-Швајцарија : По ланската нумера која просто беше совршена, оваа година очекував повеќе од швајцарците. Поп рок композиција која тешко дека ќе освои некого.
-Турција : типична туркса мелодија која ќе биде и те како вртена по радијата. Мене лично не ми е ништо посебно и ми е копија на Touch my fire (Џавин, Велика Британија- 2005) али Вил Хил & со. тврдат дека ова ќе котира високо. Кога луѓето платиле за тоа, кое е моето мислење тука?!
-Украина: мене ми е лоша песнава, не знам за другите. Ја не би сакал да ја гледам во финале.
-Велика Британија : E ова е баш пријатно, иако не ми е нешто wow, продукцијата е на ниво, се е на свое место, вокалните способности на пејачката, текстот, музиката...Малку ми е повеќе ко за на Бродвеј, но се јаде.