Не е точно дека нема примери или докази, молекуларната еволуција се бави со тоа и има безброј примери каде точно се детектираат кои се мутациите помеѓу единки од различни степени на денешното филогенетско стебло.Интересно сознание што го стекнав од дискусииве што ги имав досега е дека убедените атеисти се далеку подогматични и понеспособни да сфатат нови гледишта дури и од најфанатичните верници. Знам дека и ти си атеист па би можеле да продискутираме и на таа тема. Секако не тука.
А за ова овде мислам дека не си во тек а и веќе ми е банално да повторувам едноставно и јасно кажани ставови. Не се работи за сомневање дали еволуцијата постои или дали видовите произлегуваат еден од друг. Се работи за начинот на кои еволуцијата се извршува. Едниот би бил недокажаната спора еволуција чија причина би требало да бидат случајни мутации. Другиот начин е неколку примери на брза еволуција кои за само неколку генерации создаваат драстични промени кај организмите со цел на нивно брзо прилагодување кон новонастанати животни услови. При тоа јасно е дека во овој случај не би можело да се работи за случајни мутации а тоа значи дека треба да се бараат други причини за прилагодувањето и еволуцијата воопшто.
Буквално мутации кои се и во кодирачката и во некодирачката ДНА и промени кои може да се следат низ цела таксономска систематика чекор по чекор и да се класифицираат каде настанале.
Она што ти дискутираш е сосема нешто друго, сите промени се постепени. Еволуцијата се обидува да објасни како настанува генетскиот дрифт во популацијата, бидејќи тоа е важното, промената на фреквенцијата на гените во популацијата под дејство на фактори кои ги викаме „селекција“.
Тоа „брзо“ може да се однесува на неколку стотини илјади години за да се пропагира една мутација. И има многу предложени механизми како се одвиваат тие промени во фреквенцијата и тие се предмет на дискусија и истражувања.
Како прифатен механизам е градуализмот и како негов поттип, она што ти го дикскутираш, punctuated equilibrium, мали промени кои се случуваат постојано кај мал процент или индивидуално, цело време, но доаѓаат до израз при нагла промена на условите и факторите од околината кога побавно или побрзо се зголемува нивната фреквенција во популацијата и настанува нивно стабилизирање.