Еволуција

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Не беше тоа поентата. Спората еволуција воопшто не е докажана. Зошто сметаш дека е почеста појава?
Би рекол дека е докажана, ама ќе заглавиме во семантичка дупка наместо дебата за темава. Па за да го избегнеме тоа ќе те прашам директно, и со свои зборови опишано, ако може да ми кажеш - На кој начин не е докажана?
 
З

Зорт

Гостин

Нема факти. Ги нема оние преодни форми што би требало да ги има. Како и кај брзите еволуции изгледа дека аддаптациите се случуваат "по кратка постапка".
 
SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Нема факти. Ги нема оние преодни форми што би требало да ги има. Како и кај брзите еволуции изгледа дека аддаптациите се случуваат "по кратка постапка".
Има преодни форми во фосилните карпи и тоа за извоз. Илјадници примероци, генетски материјал итн итн.
 
Не знам што подразбираш под преодни форми. Колку што мене ми е познато нема ниту фосилни ниту живи преодни форми. Тоа што го има се само целосно оформени видови, повеќе или помалку добро прилагодени на условите во кои живеат. Доколку имаш некои поинакви и понови информации напиши ги - моиве се, морам да признаам, од поодамна.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279

Сите сме ние преодни форми, денес на пример една од преодните форми кај луѓето е недостаток на заби петки, еволуциски тие исчезнуваат и за неколку века воопшто ќе ги немаме, денес се ретки тие појави но има деца на кои нема да им израснат петки, воопшто ги немаат само млечни му се а стални нема да имаат, тоа е пример да денес постоење и на преодна и на постара форма, тоа можеби во иднина и ќе донесе до малце поинаков облик на челуста и изглед на лицето, а еве ти и преодни форми на коњот како се развивал до денешен облик:

Equine_evolution.jpg
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Не знам што подразбираш под преодни форми. Колку што мене ми е познато нема ниту фосилни ниту живи преодни форми. Тоа што го има се само целосно оформени видови, повеќе или помалку добро прилагодени на условите во кои живеат. Доколку имаш некои поинакви и понови информации напиши ги - моиве се, морам да признаам, од поодамна.
Нешто се буниш на пола пат помеѓу дефинициите за преодна форма и целосно оформен вид. Тоа пречи за понатамошна дискусија.
 
З

Зорт

Гостин
Сите сме ние преодни форми, денес на пример една од преодните форми кај луѓето е недостаток на заби петки, еволуциски тие исчезнуваат и за неколку века воопшто ќе ги немаме, денес се ретки тие појави но има деца на кои нема да им израснат петки, воопшто ги немаат само млечни му се а стални нема да имаат, тоа е пример да денес постоење и на преодна и на постара форма, тоа можеби во иднина и ќе донесе до малце поинаков облик на челуста и изглед на лицето, а еве ти и преодни форми на коњот како се развивал до денешен облик:

Прегледај го приврзокот 127546
Сликичкава што си ја прикачил несомнено докажува дека коњите во минатото биле посимпатични. Доколку си прикачел сликичка од питекантропи, неандерталци, австралопитекуси итн. тоа тврдење (за симпатичноста) веројатно не би било точно!

Инаку во право си дека сите сме преодни форми. И самиот факт дека сите луѓе се помалку или повеќе различни укажува на тоа дека природата сака да и биде позабавно и поинтересно. Меѓутоа јас и не ги негирам постојаните промени на се што постои. А верувам и дека за да постои човек нужно е претходно да постои мајмун (а и свиња за да има што да јаде). Само од постојните докази некако не сум премногу убеден дека случајностите се причина за сето тоа. Ми изгледа дека "случајностите" се само средство а не главната причина.[DOUBLEPOST=1440836780][/DOUBLEPOST]
Нешто се буниш на пола пат помеѓу дефинициите за преодна форма и целосно оформен вид. Тоа пречи за понатамошна дискусија.
Немам баш многу воља во моментов да гуглам, да барам дефиниции и да изигрувам експерт за еволуција.
Само разменуваме лаички мислења. А за мојот став види погоре.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
. А верувам и дека за да постои човек нужно е претходно да постои мајмун
Немам баш многу воља во моментов да гуглам, да барам дефиниции и да изигрувам експерт за еволуција.
Само разменуваме лаички мислења. А за мојот став види погоре.
Се гледа дека немаш познавања од еволуција, на човекот не му предходеше мајмунот и мајмунот не е предок на човекот, таа верзија на еволуција ја пропагира црквата со цел да ги плаши верниците. Човекот и мајмунот се сродни но не потекнуваат еден од друг, башка гранки на еволуција се тие
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Немам баш многу воља во моментов да гуглам, да барам дефиниции и да изигрувам експерт за еволуција.
Само разменуваме лаички мислења. А за мојот став види погоре.
Па како очекуваш да продолжиме со дискусија кога имаш поматена слика за овие два поими?

Археоптериксот што е?
 
З

Зорт

Гостин
Се гледа дека немаш познавања од еволуција, на човекот не му предходеше мајмунот и мајмунот не е предок на човекот, таа верзија на еволуција ја пропагира црквата со цел да ги плаши верниците. Човекот и мајмунот се сродни но не потекнуваат еден од друг, башка гранки на еволуција се тие
Не ми пречи да е така како што велиш ама небитно е за мојата претпоставка дека спората еволуција темелена на случајни мутации е причина за промените.[DOUBLEPOST=1440923715][/DOUBLEPOST]
Па како очекуваш да продолжиме со дискусија кога имаш поматена слика за овие два поими?

Археоптериксот што е?
Очекувам да почнеш да дискутираш односно да ги образложуваш твоите тврдења. Еве ти едно кратко потсетување за досегашната дискусија:

Мојот став беше дека брзата еволуција не може да биде сметана како помалкузначајна од спората затоа што не е ни докажана односно ги нема преодните форми кои би ја докажале. Причина за овој мој став е неверувањето дека случајни мутации се основа на еволуцијата.Под преодни форми подразбирам постепена градација од еден докажан вид во друг зашто тоа е суштината на спората еволуција.

Повели, почни со твоите докази.
 
Последно уредено од модератор:

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Очекувам да почнеш да дискутираш односно да ги образложуваш твоите тврдења. Еве ти едно кратко потсетување за досегашната дискусија:

Мојот став беше дека брзата еволуција не може да биде сметана како помалкузначајна од спората затоа што не е ни докажана односно ги нема преодните форми кои би ја докажале. Причина за овој мој став е неверувањето дека случајни мутации се основа на еволуцијата.Под преодни форми подразбирам постепена градација од еден докажан вид во друг зашто тоа е суштината на спората еволуција.

Повели, почни со твоите докази.
Помалку значајна е само затоа што е ново-обзервиран феномен. Имало претпоставки и претходно, но има само шака примери сега за сега и се уште се истражува. Додека спората еволуција е поистражена, и се чини природата ја преферира како механизам. Не знам зошто си запнал за брзата еволуција кога и така и така не го докажува креационизмот? Нема доволно време се да се стави во 8000 години опсег, па не знам колку сака нека е брза еволуцијата.

Да, случајности се најчест мотор во универзумот. Така и кај еволуцијата. Самата интелигенција што ја поседуваме или нашата исправена форма е резултат на серија околности кои се случиле во блиски временски интервали па како рецепт да не создадат како вид кој исправената форма и интелигенцијата не дефинира како вид. Ако имаш проблем со коенциденции и случајности, тогаш џабе дебатираме. Нити некој друг ќе убедиш дека не е случајност, нити ние тебе ќе те убедиме дека е.

За преодните форми - ете те прашав, ама не одговори. Археоптериксот што е?
 
Креационизмот никаде не го спомнав ниту пак мислев на него. Кога би се покажало дека еволуцијата се случува преку низа брзи прилагодувања тоа би отворило можност за многу поинакви претпоставки од досегашните.Сево ова што го образложуваш е без доказ што значи обична логичка претпоставка.

Археоптериксот е небитен. Сакам докази за спора еволуција, чекор по чекор, мутација по мутација.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Археоптериксот е небитен. Сакам докази за спора еволуција, чекор по чекор, мутација по мутација.
Океј. Чим е небитен и дискусијава со тебе е небитна. Имај убав ден.
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
471
Поени од реакции
462
Археоптериксот е небитен. Сакам докази за спора еволуција, чекор по чекор, мутација по мутација.
Целиот денешен биодиверзитет е генетски доказ за еволуцијата.

На пример еволуцијата на китовите нели е доказ за спора еволуција?
http://evolution.berkeley.edu/evolibrary/article/evograms_03
 
Интересно сознание што го стекнав од дискусииве што ги имав досега е дека убедените атеисти се далеку подогматични и понеспособни да сфатат нови гледишта дури и од најфанатичните верници. Знам дека и ти си атеист па би можеле да продискутираме и на таа тема. Секако не тука.

А за ова овде мислам дека не си во тек а и веќе ми е банално да повторувам едноставно и јасно кажани ставови. Не се работи за сомневање дали еволуцијата постои или дали видовите произлегуваат еден од друг. Се работи за начинот на кои еволуцијата се извршува. Едниот би бил недокажаната спора еволуција чија причина би требало да бидат случајни мутации. Другиот начин е неколку примери на брза еволуција кои за само неколку генерации создаваат драстични промени кај организмите со цел на нивно брзо прилагодување кон новонастанати животни услови. При тоа јасно е дека во овој случај не би можело да се работи за случајни мутации а тоа значи дека треба да се бараат други причини за прилагодувањето и еволуцијата воопшто.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom