Почетокот на металот генерално: Black Sabbath
Друже знам дека ги сакаш Блек Сабат , Ама металот започнал пред нив , и Џудас Прист го објавиле албумот подоцна од Блек Сабат , ама тоа не значи дека не ги напишале песните порано од Блек Сабат..
Како и да е металот се појавил во `60 под влијание на
The Rolling Stones и
The Yardbirds а како прва вистинска Хеви Метал песна се смета
Purple Haze од Џими Хендрикс.
Glam Metal:
Понатаму после Хеви Металот се развил Глам Металот каде што карактеристика биле изведувачите кои се облекувале како девојчиња .
Black Metal:
Исто така во 80тите под влијание на
Venom се развил и Блек Металот но сепак како создавачи на Блек металот се сметаат
Bathory.
Doom Metal:
Исто така се појавил во `80 и од него се развиле
Gothic, Stoner и
Sludge Metal. Kako први бендови се посочуваат
Pentagram , Saint Vitus и Candlemass.
Folk Metal:
Создаден бил во раните 90ти во Европа под влијание на хеви металот и некој од бендовите биле
Skyclad , Fintroll и други.
Gothic Metal:
Се појавил во средината на 90те во Европа и вклучува темни елементи превземени од Хеви и Доом Металот . Како пример за бендови се :
Tristania , Paradise Lost и други.
Groove Metal:
Исто така познат како Нео-Траш или Пост-Траш грув металот се одликува со споро темпо и со ниски треш рифови . Одличен пример за Грув металот претставува
Pantera како и
Machine Head . Се појавил во доцни 90те
Industrial Metal:
Вклучени се елементи од Хеви Метал и инструиал муииката како и од хаусот или останатата електронска музика. Пример за Индустриал Метал се
Rammstein , Ministry , Nine Inch Nails и др.
Math Metal:
Се смета за комплексен метал со полиритмички премини и често се меша со Хардкор панкот. Исто така го поврзуваат и со Прогресив Металот и пример за ваков вид метал се
Cynic , Escape Plan и др. Се појавил нешто подоцна од Грув Металот.
Metalcore:
Металкорот комбинира елемнти од Хардцоре панк со Хеви ,Треш и Екстрим Метал. Металкор гитаристите се обидуваат да го достигнат најнискиот глас со отворени жици и се разликува од Трешот по тоа што се концентрираат повеќе на мелодијата отколку на агресијата. Познати металкор бендови се :
Killswitch Engage , Caliban , Shadow Falls , All That Remains и др.
Neo Classical Metal:
Комбинација на елемнти од класичната музика со хеви метал звукот. Се смета за Некомерцијален метал и е многу ретко изведуван , Познат изведувач е
Tony MacAlpine .
Nu Metal:
Њу металот е стил кој комбинира хеви метал со елемнти од Алтернативен рок и фанк , како и од хип-хопот. Почетоците на Њу металот се од 90тите од страна на
Public Enemy , Rage Against The Machine но целосниот изглед како посебен стил го добил подоцна. Пример за Њу-Метал изведувачи се
Korn , Slipknot , Linkin Park и Limp Bizkit.
Power Metal:
Со влијание на хеви металот и спид металот бил создаден Пауер металот . Тој е поагресивен и побрз од повеќето метал жанрови. Тој се смета за чист и мелодичен метал кој е најчесто придружуван со двоен бас , брзи тапани и мелодична гитара. Како примери за Пауер Метал Бендови се :
Helloween , Blind Guardian , Hammerfall и мн други.
Progressive Metal:
Прогресив металот е мешавина меѓу прогресив рок и хеви метал. Тој е еден од покомплексните видови на метал поради неговите необични и динамични временски потписи.Композициите се исто така комплексни и бараат виртуозност во свирењето на инструментите . Често го сметаат за Спиритуелен , филозофски или политички метал. Примери за ваков вид на метал се :
Queensryche , Dream Theather , Opeth...
Sludge Metal:
Како мешавина на Дум металот со хардкор панк и елемнти од северниот рок бил создаден Слаџ металот. Се одликува со споро темпо , длабоки ритми и темна ,песимистичка атмосвера на дум метал со голема агресија на гласот на вокалот. Тапаните се слични како кај екстрим металот и затоа често се мешаат овие два вида. Познати Слаџ бендови се
Crowbar, Eyehategod , Acid Bath ...
Speed Metal:
Спид металот во основа ја има истата структура како и хеви металот , само што во песните се забележуваат побрзо темпо и побрзи рифови. Некогаш е многу тешкло да се определи дали некој бенд е Спид или традиционален Хеви метал бенд. Некој од бендовите кој свират ваков вид на метал се :
Motorhead, Annihilator , Accept...
Stoner Metal:
Стонер металот е мешавина од блуз рок со психаделик музиката и дум металот, најчесто инспириран од Џими Хендрикс , Блек Сабат и Пинк Флојд. Првата појава на ваков метал била во 1990 од страна на
Kyuss но не доживеал голема популарност. Иако името овој вид на метал го добило по претпознатливото за тогашните бендови - Марихуана , не ја користат сите кој што практикуваат Стонер метал.
Thrash Metal :
Треш металот се смета како почетна форма на Екстрим Металот , и е карактеризиран со брзо темпо , комплекснос и агресија. Вокалите често викаат или пеат агресивно. Првата форма на треш металот се појавила во 1980 иако подоцна била проширена од страна на бендовите како :
Metallica , Slayer , Anthrax , Megadeth и други.
Горниот пост по грешка го пратив додека го ппишував целосно