Почетокот на металот генерално: Black Sabbath
За thrash метал големо влијание има Judas Priest, меѓутоа и панкот исто. Многу Thrash бендови на времето слушале панк, како Ramones и Misfits. Johnny Ramone го има тој Thrash гитарски стил.
Death металот е понова работа. Начнат е со Sepultura со албумот Bestial Devastation од 1985, каде што пеат за антихристи, некромансери, и трупи на смртта.
Иако многу луѓе ги сметаат Venom и Mercyful Fate за black metal, многу грешат. Venom имаат удел и во black, и во thrash. Со нивните текстови го започнуваат сатанистичкиот имиџ кој што го имаат бајаги black бендови, додека со начинот на свирење, е тотален speed/heavy metal. Додека кај Mercyful Fate истото се случува со текстовите, само што тие и го воведуваат corpse paintot, меѓутоа музиката им е само обичен heavy metal.
Но затоа првиот вистински black metal банд, и музика, доаѓа со Bathory кој што подоцна воведе комплетно нов жанр, Viking metal. Тука доаѓа и Celtic Frost кој што пак по два black албуми се сврте на glam-от за момент. И понатаму доаѓаат Mayhem, Darkthrone, Immortal......
Doom metal може да се нарече и најстар поджанр, иако почнува да се развива во средината и кон крајот на 80тите. Black Sabbath ги воведуваат стандардите за doom со првиот албум во 1970. Неможе никој да ме разубеди дека Black Sabbath не се татковци, дедовци, кумови, пионери...во металот. Они СЕ МЕТАЛОТ. Значи понатаму doom-от се до 80тите не се појавува, се до бендовите како Candlemass, богови во doom-от (кој сака doom овие е ожелно да ги има), па понатаму Trouble, Saint Vitus.... Candlemass имаат специфичен стил, кој што прерасна во нов поджанр, односно нова финеса која се додава на одреден жанр, а тоа е Epic. Вокалистот е најзначајниот момент во Candlemass, поседува вибрирачки вокал, или вибрато. Тој после преминува во Solitude Aeturnus, уште еден гигант во doom metal, и го има скоро истиот стил како Candlemass. Со се поголемата еволуција на doom-от, тој почна да се меша со death. Први бендови што го започнаа тоа се My Dying Bride, Paradise Lost и офкорс Anathema. Подоцна тој се меша и со gothic, и ме мрзи да објаснувам многу, само ке пишам еден од првите gothic/doom бендови: Type O Negative (види потпис). Како и да е ке пишам бар нешто хехе, карактеристика на gothic/doom е женски и машки вокал заедно. Type O Negative тоа го немаат (првата и единствена песна во која имаат жеснки вокал е helloween in heaven, и тоа на најновиот албум dead again од оваа година). Претставниците на gothic/doom горе доле ги знаете сите...Theater of Tragedy и останатите.
Doom-от има многу комбинации како Traditional doom, Stoner doom, Sludge doom бла бла....а мојот најомилен е Funeral Doom, и Drone Doom, најекстремните што излегле од doom. Пионер во Funeral Doom е Thergothon, а во Drone Doom е Earth, бенд во кој што има настапувано и Kurt Cobain.
Е сега, Helloween се доста познати како почетници на power жанрот. Иако power во глобала е слично на speed, си има свои карактеристики, и не за џабе еволуирал како посебен стил. Helloween, Blind Guardian, Gamma Ray, Lost Horizon, Hammerfall, Rhapsody of Fire, тоа се најпознатите Power бендови.
Power-от ми е многу интересен и искрен стил. """""Правите""""" металци највеќе јадат гомна за него. У миљон наводници ги ставив, зашо нема ни п од прави кај нив. Сите се прашувате Children of Bodom што свират. There you go, power metal, и то екстремен. Најинтересни за слушање ми се symphonic и epic, и melodic, бем га, сите се добри. I love metal, у сите негови форми.
останаа уште gothic, folk, и progressive како дел од овие главни жанрови на металот, ама ме мрзи веќе да пишувам.
еве ја како ГЕНЕРАЛНО гледам на еволуцијата. За детали неможам сам да пишувам, ми треба предизвикувач.