Еволуцијата на металот

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Pison не се ни метал, ама јебига фуријата на све што има гитари во 80тите го повлече како метал.
 
U

UnholY

Гостин
Glam metal: vid na metal koj se pojavi vo 80 i vo koj site metalci licea ko
devojcinja.najpoznati grupi se : Twisted Sister,Poison...
poveketo metal mainstream grupi od 80 bea glam.(G'n'R tuka ne spagaat)
spored mene tuka pocna da truli metalot vo ovoj period od 20 vek.
Tолку ми е одвратен Глам Металот, шо не сакам да коментирам.Меѓутоа со почетокот на 90те и пред се со зачетокот на гранџот вкусот се променува кај многу луѓе
 
Член од
15 март 2008
Мислења
546
Поени од реакции
63
Друже знам дека ги сакаш Блек Сабат , Ама металот започнал пред нив , и Џудас Прист го објавиле албумот подоцна од Блек Сабат , ама тоа не значи дека не ги напишале песните порано од Блек Сабат..

Како и да е металот се појавил во `60 под влијание на The Rolling Stones и The Yardbirds а како прва вистинска Хеви Метал песна се смета Purple Haze од Џими Хендрикс.

Glam Metal:

Понатаму после Хеви Металот се развил Глам Металот каде што карактеристика биле изведувачите кои се облекувале како девојчиња .
Black Metal:
Исто така во 80тите под влијание на Venom се развил и Блек Металот но сепак како создавачи на Блек металот се сметаат Bathory.

Doom Metal:
Исто така се појавил во `80 и од него се развиле Gothic, Stoner и Sludge Metal. Kako први бендови се посочуваат Pentagram , Saint Vitus и Candlemass.


Folk Metal:

Создаден бил во раните 90ти во Европа под влијание на хеви металот и некој од бендовите биле Skyclad , Fintroll и други.

Gothic Metal:

Се појавил во средината на 90те во Европа и вклучува темни елементи превземени од Хеви и Доом Металот . Како пример за бендови се : Tristania , Paradise Lost и други.

Groove Metal:

Gde ti je Trash i Death
 
U

UnholY

Гостин
Трешот произлегува од хеви металот и се карактеризира со побрзи рифови и поагресивен вокал за разлика од хеви металот.
А, дет металот еволуирал од трешот
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Почетокот на металот генерално: Black Sabbath

Друже знам дека ги сакаш Блек Сабат , Ама металот започнал пред нив , и Џудас Прист го објавиле албумот подоцна од Блек Сабат , ама тоа не значи дека не ги напишале песните порано од Блек Сабат..

Како и да е металот се појавил во `60 под влијание на The Rolling Stones и The Yardbirds а како прва вистинска Хеви Метал песна се смета Purple Haze од Џими Хендрикс.

Glam Metal:

Понатаму после Хеви Металот се развил Глам Металот каде што карактеристика биле изведувачите кои се облекувале како девојчиња .
Black Metal:
Исто така во 80тите под влијание на Venom се развил и Блек Металот но сепак како создавачи на Блек металот се сметаат Bathory.

Doom Metal:
Исто така се појавил во `80 и од него се развиле Gothic, Stoner и Sludge Metal. Kako први бендови се посочуваат Pentagram , Saint Vitus и Candlemass.


Folk Metal:

Создаден бил во раните 90ти во Европа под влијание на хеви металот и некој од бендовите биле Skyclad , Fintroll и други.

Gothic Metal:

Се појавил во средината на 90те во Европа и вклучува темни елементи превземени од Хеви и Доом Металот . Како пример за бендови се : Tristania , Paradise Lost и други.

Groove Metal:
Исто така познат како Нео-Траш или Пост-Траш грув металот се одликува со споро темпо и со ниски треш рифови . Одличен пример за Грув металот претставува Pantera како и Machine Head . Се појавил во доцни 90те

Industrial Metal:
Вклучени се елементи од Хеви Метал и инструиал муииката како и од хаусот или останатата електронска музика. Пример за Индустриал Метал се Rammstein , Ministry , Nine Inch Nails и др.

Math Metal:

Се смета за комплексен метал со полиритмички премини и често се меша со Хардкор панкот. Исто така го поврзуваат и со Прогресив Металот и пример за ваков вид метал се Cynic , Escape Plan и др. Се појавил нешто подоцна од Грув Металот.

Metalcore:

Металкорот комбинира елемнти од Хардцоре панк со Хеви ,Треш и Екстрим Метал. Металкор гитаристите се обидуваат да го достигнат најнискиот глас со отворени жици и се разликува од Трешот по тоа што се концентрираат повеќе на мелодијата отколку на агресијата. Познати металкор бендови се : Killswitch Engage , Caliban , Shadow Falls , All That Remains и др.

Neo Classical Metal:
Комбинација на елемнти од класичната музика со хеви метал звукот. Се смета за Некомерцијален метал и е многу ретко изведуван , Познат изведувач е Tony MacAlpine .

Nu Metal:
Њу металот е стил кој комбинира хеви метал со елемнти од Алтернативен рок и фанк , како и од хип-хопот. Почетоците на Њу металот се од 90тите од страна на Public Enemy , Rage Against The Machine но целосниот изглед како посебен стил го добил подоцна. Пример за Њу-Метал изведувачи се Korn , Slipknot , Linkin Park и Limp Bizkit.


Power Metal:
Со влијание на хеви металот и спид металот бил создаден Пауер металот . Тој е поагресивен и побрз од повеќето метал жанрови. Тој се смета за чист и мелодичен метал кој е најчесто придружуван со двоен бас , брзи тапани и мелодична гитара. Како примери за Пауер Метал Бендови се : Helloween , Blind Guardian , Hammerfall и мн други.

Progressive Metal:
Прогресив металот е мешавина меѓу прогресив рок и хеви метал. Тој е еден од покомплексните видови на метал поради неговите необични и динамични временски потписи.Композициите се исто така комплексни и бараат виртуозност во свирењето на инструментите . Често го сметаат за Спиритуелен , филозофски или политички метал. Примери за ваков вид на метал се : Queensryche , Dream Theather , Opeth...

Sludge Metal:
Како мешавина на Дум металот со хардкор панк и елемнти од северниот рок бил создаден Слаџ металот. Се одликува со споро темпо , длабоки ритми и темна ,песимистичка атмосвера на дум метал со голема агресија на гласот на вокалот. Тапаните се слични како кај екстрим металот и затоа често се мешаат овие два вида. Познати Слаџ бендови се Crowbar, Eyehategod , Acid Bath ...

Speed Metal:

Спид металот во основа ја има истата структура како и хеви металот , само што во песните се забележуваат побрзо темпо и побрзи рифови. Некогаш е многу тешкло да се определи дали некој бенд е Спид или традиционален Хеви метал бенд. Некој од бендовите кој свират ваков вид на метал се : Motorhead, Annihilator , Accept...

Stoner Metal:

Стонер металот е мешавина од блуз рок со психаделик музиката и дум металот, најчесто инспириран од Џими Хендрикс , Блек Сабат и Пинк Флојд. Првата појава на ваков метал била во 1990 од страна на Kyuss но не доживеал голема популарност. Иако името овој вид на метал го добило по претпознатливото за тогашните бендови - Марихуана , не ја користат сите кој што практикуваат Стонер метал.

Thrash Metal :
Треш металот се смета како почетна форма на Екстрим Металот , и е карактеризиран со брзо темпо , комплекснос и агресија. Вокалите често викаат или пеат агресивно. Првата форма на треш металот се појавила во 1980 иако подоцна била проширена од страна на бендовите како : Metallica , Slayer , Anthrax , Megadeth и други.

Горниот пост по грешка го пратив додека го ппишував целосно :)
 
Член од
15 март 2008
Мислења
546
Поени од реакции
63
Sve ok , ama ova Math metal , nekoj poarno da objasni , ja mislam deka
nepotrebno e da postoi ko poim
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Math Metal се состои од хармонија на тегнички рифови , комплексни временски потписи и енергични вокали. Најчесто песните се долги , дури и подолги од 15 минути. Ако сакаш слушни нешто како The Fall Of Troy или The Dillinger Escape Plan а исто така можеш да го сретнеш и како Mathcore или пак Grindcore ..
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Blind кои тоа песни ги напишале порано, Рока Рола песните?

Рока Рола покрај што не е целосен метал албум, помек е дури и од песните на Лед Цепелин од тогаш, скоро и нема метал рифови, потврди од типот на Сабат од 70та година, нити дисторзии, и згора на тоа издаден е во 74та.
Прист се формирани на крајот на 60тите, во 68ма мислам, и воопшто не ти држи тоа дека и да ги напишале порано, они се првиот метал бенд.

-Да претпоставиме дека ги напишале порано песните (само да потсетам дека Халфорд не е ни оригинален член, со друг вокал биле одредено време), и што со тие песни? Кога воопшто не ни биле издадени, и народот ги нема слушнато. Тоа е како јас да имам нешто направено за кое тврдам дека е прво во музиката, а воопшто никој не го слушнал.
Тоа е како првична работа по која ти паѓа во вода муабетот.

Ко второ видовме дека првите песни не им се ни метал, они се метализираат тек на вториот албум. Значи со сета почит кон Џудас Прист, кои што се големи влијатели на трешот, ама сепак се само вториот метал бенд.

Повели спореди го првиот албум на Сабат од 70та (или ако сакаш двата што им се истата година) со првиот на Џудас од 74та, и одлучи си сам кој има поголема тврдина во музиката.

До ден денес на класиката од риф на Black Sabbath песната можат да му јадат гомна многу бендови кои се сметаат за метал.

_____________________________________

И нешто во врска со Math metal, ствари/термини ко street metal, love metal, math metal, како и nu metal кај некои по тврдокорни поборници на метал звукот не се признаени како метал, или како металот треба да звучи. Тоа се сепак звуци кои што повеќе припаѓаат веќе под оние термини кои што ги имаме установено, него ли да вадиме нови имиња за секоја групација од помалце од 3 бенда со сличен звук.
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Гижо друже да не се караме , имало бендови кој не се комерцијализирани и пред Блек сабат , а метал песни имале и Рок`н`Рол Бендови .. И Тие се првите метал песни , а како целосен прв метал бенд можеш слободно да ги наречеш Блек Сабат .. :)
 
U

UnholY

Гостин
Math Metal се состои од хармонија на тегнички рифови , комплексни временски потписи и енергични вокали. Најчесто песните се долги , дури и подолги од 15 минути. Ако сакаш слушни нешто како The Fall Of Troy или The Dillinger Escape Plan а исто така можеш да го сретнеш и како Mathcore или пак Grindcore ..

Grindcore е нешто сосема друго.
Според мене правец настанат под влијание на дет металот и и воопшто не се карактеризира со технички рифови и енергични вокали.
Едноставни рифови произлезени од високо дисторзираните гитари, екстремна брзина на тапаните и ненормални growl и scream вокали :vozbud:
Tематиката на гриндкорот може да биде од социјална, политичка, може да биде црн хумор како и брутализам.
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Гижо друже да не се караме , имало бендови кој не се комерцијализирани и пред Блек сабат , а метал песни имале и Рок`н`Рол Бендови .. И Тие се првите метал песни , а како целосен прв метал бенд можеш слободно да ги наречеш Блек Сабат .. :)
Мрзам вака... коа ке напишам малку поголем пост не се карам, и немора да бегате сите :pos:
Чисто си ги бранам ставовите.

Не ти го сфаќам муабетов со комерцијализирање. Познато е све што искочило во музиката а што оставило белег. Значи џабе ти да ми генерализираш дека имало бендови кои што имале метал призвук, а демек не биле познати. Слободно наброј кои се.

Воопшто не се сложувам дека метал песни имале РнР бендовите пред Сабат. Имале по хард звук, ама целосна метал песна никој немал пред тоа. Пак ке ти кажам слободно спореди која што мислиш песна дека е метал со официјалното искачање на металот, знаеш на кое мислам.
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Па и денешниот метал нема исти звук како оној од блек сабат , иако и двата можеме да ги сместиме во хеви метал . :)
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Затоа се вика Еволуција. Само незнам што има врска ова што го спомна. Зборевме за тврдината на музиката пред Блек Сабат, и Блек Сабат. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom