Немам намера да навлегувам во безпотребни предлабоки дебати.Абе не ти е ова маалска екипа во школски па мора да игра Аце затоа што имал најјак шут.
А иначе ајде кажи кои се тие одредени квалитети кои отскокнуваат над просекот? Или ај, ќе те поштедам од куцање зашто очекувам да го повториш она што го кажа, односно дека има завидна техника, знае да дрибне и да отвори простор.
Како бе не игра во Мајорка прва постава ако има толкави натпросечни квалитети или Мајорка во напад ги имаат Левандовски и Кејн па разбирливо е што Трајковски е 5та опција?
Имаше многу потенцијал во него уште кога играше за Интер З. и Зулте, ама одредени одлуки во кариерата ќе го направат само еден просечен играч низ историјата. Добро му тргна и првата сезона во Серија А, ама од тогаш само во надолна линија. Ова со Мајорка му е дно и секој поминат ден таму му е изгубен ден во кариерата. Ама Аце не мисли така. Море, сонце, плажа, кафица, плата си тече а и што и да се деси кај Мрме има загарантиран статус.
Али еве, пак, на кратко.
Точно, дека нема конзистентност (тоа ваљда го кошта асална клупска кариера).
Ама доволно е, посебно во натпревари во кои имал моментум, да се примети дека има фудбалска интелегенција, знае да сецне, да направи потег да ослободи простор и пред се што е очигледно, силен и технички дотеран шут.
Конзистентноста е проблем.
Иначе, баш намерно пишав, да влезеше некои од шутевите (пред се тој споменатиот, со Украина), пошто знаеме во какви импулсивни времиња живееме, и како атрактивен гол/настап на Европско/Светско знае да дигне цена на играч.
Што се мене тиче, ни ја никогаш не би носел одлука поради еден постигнат гол/потег, ама да не се лажеме дека таков гол на вакво натпреварување ќе привлечеше пажња и понуда од некое асално клупче.