ЕУРО 2020 - Група Ц (Холандија, Украина, Австрија, МАКЕДОНИЈА)

Македонија ќе се пласира во нокаут фазата како...?


  • Вкупно гласачи
    162
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.600
Поени од реакции
11.622
На никој не му се иде од ПМФЛ ради одбивност на навивачи ама штом дојде поатрактивен противник на градски сите се први и не им сметаат ни навивачи ни гужва битно е да се биде виден, чекиран!


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.587
Поени од реакции
13.954
Нашиов народ е кафе шема народ, тотално антиспортски насочен. Повеќе од половина воопшто не пратат фудбал, ни англиско ни шпанско, што остана пак за македонска лига. Еве Вардар ракометот да го земеме за пример, екипа во врвот на Европа, салата повеќе од половина се полнеше со луѓе надвор од Скопје, ако воопшто се наполнеше. Е толкав е интересот за спорт во МК.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
4.077
Поени од реакции
10.053
Македонските стадиони се празни пред се поради мизерниот квалитет на македонската фудбалска лига, односно изгубена е довербата на македонскиот фудбалски фан да иде на стадион и да гледа фудбал. Тука влага и недовербата во местенките на лигата, мизерните судии, ужасната инфраструктура, никаквиот маркетинг итн. Да посочуваш страв од навивачки групи како главен фактор поради кој стадионите се празни е смешно. Под број еден, каква навивачка сцена има Македонија?? Тоа не можат ни да се наречат навивачки групи ако бидеме реални. Се собрале мнозинство копиљаци со 5 до 10 повозрасни членови и терај. Од распадот на бившата држава и некои 10 години од функцинирањето на Македонија може да се каже дека имавме добра, ајде да кажема добра навивачка сцена. Меѓутоа бидејќи тогаш фудбалиот се уште држеше квалитет пред се од работата и функционираето на клубовите во бившата држава и целиот тој систем, перцепција и верба на гледачите во фудбалот, имавме прилично полни стадиони ако ништо друго на дерби натпреварите. Значи на тифо сцена која 10 класи беше позаебана од смешкава денес, ништо не ја спречуваше публиката да иде на стадион. Да не праиме муабет во земји каде има стравични ултрас сцени, навивачи кои убиваат, па статионите се полни игла нема кај да падне. Муабетот ми е, не можеш да посочуваш навивачки групи ( посебно во Македонија) како главен фактор дека нема гледачи на стадионите. Да има добар фудбал, да има резултати, да има ривалство, добар маркетинг и се што е потребно за добра фудбалска лига, полека но сигурно ќе се врати и поголемиот број гледачи на стадионите. Тоа е долг процес и ќе биде потребно многу време да се случи нешто такво.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.540
Касно е за клупски фудбал во РМ, готово е, нема надеж. Како може да има публика на "стадиони" каде изреката nesedi na cimento добива реална димензија, два саати и кусур да седиш на влажен бетон ќе оставиш некој орган таму. Само два стадиони во РМ имаат рефлектори. Смрди корне на моч и влага.
А конкуренција е ТВ со ПЛ, Ла Лига, Серие А и остали лиги. Готово е. Подобро да ја направат аматерска лига grassroots football па ако некое дете има талент да го скаутираат на 15-18 години од појака лига и нек се развива таму.

Види брат, се сложувам со повеќето ама ФФМ и те како треба да инвестира во македонскиот фудбал.

Треба да помага на клубовите да подобруваат инфраструктура итн. Значи клучно е тоа "помага".
Убаво член погоре ја пиша и Хрватска како пример.

Ние сме утепана земја, и 1 000 000 евра кај нас е цело богатсво. ФФМ мора да покрене иницијатива и некако да им потпомогне на клубовите и да наметне форсирање на млади таленти. Со што и за Х години ќе добиеме се подобра и подобра сениорска репрезентација. А и нормално ПМФЛ би се дигнала доста.

Газдите, Општините и се тоа нормално е да вложуваат исто така, но ФФМ треба да биде некое непристрасно тело коешто ќе помага на сите и ќе се грижи за Македонскиот Фудбал пред се. Од општинска лига до А Репрезентација.
Кај нас барем малце пари требаат за многу да се дигне квалитетот на првенството.

Криво ми е што немаме барем 2-3 клуба што се фокусираат на вадење на квалитетни играчи од младински школи.

Ако сакаме напредок тогаш ќе мора да се средат работите и паметно да се работи, да се стегнат клубовите, да почне да се планира долгорочно итн.

Види ги и Србија и Хрватска како работат со клубовите, колку играчи даваат низ европа и слично. Власта и ФФМ мора да соработуваат за да може да има напредок. Само очигледно е кај нас дека ич qр не им чуе и на едните и на другите.

п.с малце оф топик но никогаш не ми стана јасно зашо ниту еден наш клиб не работи со скаути и не собира таленти млади за ич пари од Африка, Ј. Америка итн. Сигурно "работните дозволи", пасошите и сл не биле проблем. Можеби немањето визија и долгорочен план. Не знам.
За трибината збориш за БТ?




Забораваме дека и во Ц можеме да се квалификуваме. Ако некој клуб фати место преку нормални квалификации тогаш друг од истата група го заменува.
Исто и колку подобар ранк толку "полесна" група за европско/светско квалификации.

Секогаш треба да се иде на боље, шансите да се квалификуваме за Еп или Сп ни се исти, подобро почесто да си го мериме против јаки репки него да ствараме лажна слика дека не бива и вакви глупи ријалити чекови да ни се дешаваат. :)
Пласман на СП е дупло потежок него пласман на ЕП па и повеќе. На СП одат 13 од Европа а на ЕП 24 од кои 4 преку куп на нации каде екипа може да се пласира победувајќи со глувонеми противници од калиброт на Гибралтар, евентуално во финале нешто Грузија а-у.
Најверојатен учесник од Д групата за 2024 ќе бидат Фарски Острови, видов распоредот и тимовите.

За СП одат само првопласираните од групите а сите втори освен најслабиот втор играат бараж.

тек од 2026 Европа ќе има 16-17 екипи на тоа чудото со 48 учесници.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
За СП одат само првопласираните од групите а сите втори освен најслабиот втор играат бараж.

тек од 2026 Европа ќе има 16-17 екипи на тоа чудото со 48 учесници.
Не е вака. Ова е по стариот систем.

Сите второпласирани ќе играат во бараж заедно со две најдобро пласирани од ланската Лига на нации кои не обезбедиле пласман преку квалификации. Овие 12 репрезентации ќе се поделат во три групи од четири. Во секоја група ќе има полуфиналиња и финале. Трите победници во финале одат на СП.

Конкретно ние сега немаме шанса преку Лига на нации. Треба да бркаме прво или второ место во групата.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.540
Не е вака. Ова е по стариот систем.

Сите второпласирани ќе играат во бараж заедно со две најдобро пласирани од ланската Лига на нации кои не обезбедиле пласман преку квалификации. Овие 12 репрезентации ќе се поделат во три групи од четири. Во секоја група ќе има полуфиналиња и финале. Трите победници во финале одат на СП.

Конкретно ние сега немаме шанса преку Лига на нации. Треба да бркаме прво или второ место во групата.
Значи уште потешко, првите во група немаат гајле, останатово ќе треба да се испоти јако, наместо еден ќе играат по два баражи.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.029
Поени од реакции
7.131
Сега читам коментари и се смеам, навивачите биле проблем што немало фудбал у Македонија и публика :pos::pos::pos:.
Јас ќе кажам обратно, во Македонија кога се гледаше фудбал повеќето публика оди токму да ги гледа навивачките групи а не смртно досадниот фудбал, најдобро тоа може да согледа во кошарката, активни навивачки групи значеа полни сали, Македонија 4 на Европско Првенство, уништување и повлекување на навивачките групи од кошарката, не може да се тепа факинг Естонија а не пак да бидеме некој фактор во европската кошарка, нема излезено цитирам еден асален играч кошаркар а салите се празни, а играчите и квалитетот е горе доле истиот низ годините во лигата.

Ќе го земам пример баш Ливерпул, кога Рома гостуваше таму римските ултраси се тепаа со кој ќе стигнат и се приближи до нив, еден навивач на Ливерпул заврши у кома повеќе од 9 месеци па не видов да се потресат и да се намали посетеноста на Енфилд Роуд, напротив, а посебно што секоја утакмица на Ливерпул има повеќе инциденти околу стадионот отколку што има во цела една сезона во смртно досадниот макфудбал.

Причините за слабата лига и мизерната посетеност може да се барат на милион места ама најмалку во навивачите, да не сме цвеќе за мирисање не има од најразлични профили, ама за нешто што не с(м)е виновни не може да се правиме на тошо и да викаме е така е.


п.с. Само да се надополнам со примерот од овогодишното финале ЛШ помеѓу Челзи и Манчестер Сити, со најмизерна бројка на навивачи Порто го претворија во воена зона во кој не се знаеше кој со кого се тепа, а сум сигурен сите што тука мрсите муда за макнавивачите да ви дадоа шанса бесплатно да одите и да го гледате финалето ЛШ во Порто кур ќе ве боли за инцидентите кои ќе ги има цел ден во градот, едноставно ќе одите и ќе уживате во фудбалот на стадион и нема ни да приметите што се случува околу него.
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
@RickyLFC9 Абе мене ми е јасна причината зошто имаш одбивност, почитувам твоето мислење, исто како кога ќе те пецне медуза во море ко мал и имаш трауми после да влезеш да се бањаш со денови, можe и со години. Ама аргументиве не држат вода ако размислиш, мора да бидеме искрени. И сам гледаш дека во Македонија веќе со години празни се трибините, нема никакви навивачи ниту бесни хулгиани кои се шефови, ниту нарко картели на трибините (тука малку не измеша со Србија ама небитно), тогаш зошто немаш мотив ти да се вратиш и да ги поддржиш фудбалерите? Ајде нека не се фудбалерите, цело време има атлетски митинзи на стадион бесплатни каде што наши се борат да фатат норми на Олимписки игри да може да се радуваме и чекаме наш претставник, дали таму одиш? Не. Дали таму има хулигани шерифи навивачи дилери? Не. Ајде оди друг спорт, одбојка, дали таму пратиш лигашки натпревари, еве женска одбојка колку натпревари си прател? Ти тврдам дека е 100 пати поинтересно кај нас да пратиш од машки фудбал. Ама ти наоѓаш само изговор зошто да не одиш, а вистинската причина е тоа што не ти се оди, што не ти е интересно и што ти е глупо да одиш на натпревари каде што единствена публика си ти и играчите би се прашувале меѓусебно кој е овој. Не сакаш да си ти тој што го прави првиот чекор, првото движење, туку чекаш да се дигне еуфорија па да се приклучиш на неа, најчесто натпревари ко Италија и Шпанија, каде што одиш практично за противникот. Не е ли малку пологично да сакаш да има што повеќе навивачи кои им значи клубот и ќе се трудат да дигнат атмосфера и да им дадат крилја во грб на играчите, отколку свесно да бојкотираш и онака празните трибини, само поради тоа што во 2010-2013 биле активни млади од навивачки групи кои правеле проблеми навечер.
Џиберчиња бе. Само коментираат низ социјални мрежи за сите неправди низ светот. А на дело ги нема нигде.
Ете они сега од нигде никаде се загрижени за спортот во Македонија односно за публиката на тие спортски дешавања. Небаре ова е Египет па ако отидеш на утакмица 80% се шансите дека нема да се вратиш дома жив или неповреден.

Што вика @vidooq квалитетот на фудбал кај нас е на мизерно ниво и нема никакво натпреварувачко ниту пак квалитативно ниво за некој рандомец да отиде на трибини да гледа. Умрени се екипите и како прво немаш медиумско покритие за малце да ти го испере мозокот и некако да те натера да идеш да гледаш фудбал. Не те влече ништо.

Еве нема да идеме во Полска, Турција, Египет, Мароко и Аргентина... ќе погледнеме најблиску, во Србија, каде владее 50 пати пострашна тифо односно хулиганска атмосфера па јас не гледам дека стадионите и покрај тоа им зјаат празни.
Играат Партизан-Ѕвезда и неутрална, обична публика има повеќе од двете групи заедно... зошто? Затоа што има добар и натпреварувачки фудбал.
И не само на дербито, публика има на сите утакмици на српска прва лига.

Од хулигани не иделе на утакмици.. дај бе ви се молам. Не идете оти поима немате ни кои екипи играат нит знаете играчи нит ништо за тимовите што играат.
И јас спаѓам во тој кош нормално, не пратам македонско првенство, не навивам за ниедна екипа пошто не ме интересира едноставно, нема квалитет и не ми се иде на стадион. Нема што да гледам.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.319
Поени од реакции
5.663
Можда, не ја исклучувам можноста дека е комбинација од двете, сепак најчесто не е еден фактор што зависи за било каков случај од овој тип. Ја си зборам од мое опкружување луѓето, и според мене причината им е валидна. Али ете, мислам дека тие луѓе би иделе доколку не би имало таков пристап, однос и инциденти у минатото.

А тие што ги збориш за кладилница и кафана, не знам тие како се мотивираат за да идат на трибини јбг. Немам многу такви.


Коа ќе ти се деси еднаш, почнуваш да обраќаш внимание и на други луѓе со слични исксутва, така функционираме јбг. Аргументот „абе еднаш се десило и од тогаш имаш таков став“ ти е еднакво ко сестра ти да ја силуваат и ја да те заебавам зашто и е страв надвор да искочи пак сама навечер.

Али добро, ќе го зеам Работнички предвид штом сте се запнале, не сум ја тука тој што не е отворен на аргументирање и променување на ставот. Обично оваа групава од спротивнава страна е потврдоглава и води инат :)
А би идел у Дортмунд да гледаш Борусија - Баерн или Борусија - Шалке дерби? Или у Холандија - Фејнорд - Ајакс? Пред 3 години кога освои ПСВ дојде ВАК 410 во Ајндховен лом направија на стадионот и погоди што, следна сезона имаш пак полн стадион на прво коло од Ерстедивизие ПСВ против некоја мики маус екипа.

Тебе у маало да ти вржат еден шамар ќе станеш прв амбасадор на #СедиДома кампањава за заштита од Ковид. Башка дома почист е воздухот него надвор, на кој му треба искачање.

Навивачите се срж на спортот, без нив ќе немало клубови и се денес што го познаваме како спорт.

Друг е проблемот со нашата лига, местенки, неинвестирање во фудбалот, двојни аршини и слично,

П.С Ако навивачите се проблем прати го Тиквеш следна сезона да доживееш демант од прва рака, цел град си го сака клубот од старо до младо од навивач до обичен гледач
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.092
Поени од реакции
6.048
Нашиов народ е кафе шема народ, тотално антиспортски насочен. Повеќе од половина воопшто не пратат фудбал, ни англиско ни шпанско, што остана пак за македонска лига. Еве Вардар ракометот да го земеме за пример, екипа во врвот на Европа, салата повеќе од половина се полнеше со луѓе надвор од Скопје, ако воопшто се наполнеше. Е толкав е интересот за спорт во МК.
Точно.Не случајно странците од западноевропските држави кога ќе дојдат во Скопје и бараат место да седнат некаде на кафе ни го поставуваат прашањето:Се жалите дека сте сиромашни,немате пари а сите кафичи и ресторани ви се полни!
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.326
Поени од реакции
5.434
Не дошле за џабе, туку си се пласираа регуларно, ја победија Грузија НА ГОСТИ.

Франција како светски шампион во 2002 испадна од групи, се посрамоти и изрезили со еден тон супер ѕвезди во тимот, па сега за нас ќе јадеме гомна како дебитанти и како најслаба репка на првенството од квалитативен аспект. И тоа сосема достојно се претставивме и бевме конкурентни во двата меча. Доста со ваквите селски коментари, џабе дошле бла бла. :tapp:
Да не заборавиме како се распаднаа како екипа во 2010 во Јужна Африка.
За разлика од нив кај нас владее одлична хемија меѓу играчите можеби и најдобра од сите репрезентации.
Ова ќе ни се исплати понатаму сигурно сега само уште Боби Милевски на клупа у да пробаме да се пласираме на светско иако ќе биде многу тешко.

:oleee:
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.319
Поени од реакции
5.663
Да не заборавиме како се распаднаа како екипа во 2010 во Јужна Африка.
За разлика од нив кај нас владее одлична хемија меѓу играчите можеби и најдобра од сите репрезентации.
Ова ќе ни се исплати понатаму сигурно сега само уште Боби Милевски на клупа у да пробаме да се пласираме на светско иако ќе биде многу тешко.

:oleee:
Искрено ја не би Боби на клупу на сениори, ако може да се собере Муслин како знаев и умев
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305
Точно.Не случајно странците од западноевропските држави кога ќе дојдат во Скопје и бараат место да седнат некаде на кафе ни го поставуваат прашањето:Се жалите дека сте сиромашни,немате пари а сите кафичи и ресторани ви се полни!
А да им кажеш дека кредити зимаат за да идат на одмор, ќе се отрујат на лице место ко оној хрватон у хаг :D
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.092
Поени од реакции
6.048
А да им кажеш дека кредити зимаат за да идат на одмор, ќе се отрујат на лице место ко оној хрватон у хаг :D
Поарно да не знаат за кредитите зашто ќе почнат да вршат истраги од каде доаѓа приливот на пари на овој сиромашен народ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom