- Член од
- 9 април 2007
- Мислења
- 1.277
- Поени од реакции
- 977
Ниту пак јас не ги разбирам. Ги пратам уште од квалификации за Франција 98, ја тепавме Ирска дома 3:2 и исто се крена еуфорија ќе играме бараж ама требаше Литванија да ја тепаме и дома и гости, и многу брзо не акнаа од земја и таму и ваму. Поготово таму уште до ден денешен Хаџиевски по интервјуа вика викторија сме играле пред нивен гол ама ете сме немале среќа и изгубивме 2:0, ја се сеќавам топката ни ја скрија неможевме да ја најдеме кај е, но ете Хаџиевски може на друга утакмица бил селектор тоа време. Таков ни е менталитетот, Јонуз селекторот викаше не се сеќава колку изгубивме со младите тогаш мислам скри 2 гола каков лешпер.Како да ги оставам Французите? Па тие не постигнаа ни гол ако не се лажам во групната фаза, а беа едни од главните фаворити за титула. Што очекуваше ти од Македонија, медал? Сам си кажал на почетокот на постот, дојдовме од Лигата на Нации, од најдолната група, така да логично е да сме аутсајдери на ова ЕП и најслаба екипа. И како се претставивме? Според мене сосема пристојно, порано бевме топовско месо за екипи ко Австрија и Украина а сега играме егал мечеви со нив, што повеќе? Најбитно од се е да не застане процесот овде, имаме одлично јадро на екипата кое треба да се надградува во иднина. Ете Пандев оди во пензија, Елмас треба да преземе како најталентиран играч од оваа генерација.
Жими се не ги разбирам ваквите како тебе, чудни луѓе сте.
Муабетот ми е дека убаво е да се сонува ама реално кај бевме и кај сме сум презадоволен, идеме у експоненционален раст што е супер.
Неможе со искривена перцепција за нашата репрезентација да се очекува да играме ко Италија, тоа е првпат сме по сплет на околности тука.
Супер ќе биде освен голови што постигнавме и некој бод да земеме.
Да не постирам резултати од квалификации назад по годиниве па да не ги лупне дамла. А сите глеаме квалификации е едно првенство е друго, тука се гине.