ЕУРО 2020 - Група Ц (Холандија, Украина, Австрија, МАКЕДОНИЈА)

Македонија ќе се пласира во нокаут фазата како...?


  • Вкупно гласачи
    162
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.038
Поени од реакции
74.469
Ја ти кажувам зашто мнозина луѓе што ги знам не се заинтересирани за гледање домашен фудбал, буквално ова си е причината. Дали е изговор или не, не знам. Факт е дека куртонската багра од навивачките групи е одбивна и никој нејќе у нивна близина да биде, само самите си мислат дека се јаки, интересни и битни.

Не планирам да се убедувам, нека си тераат, нека се тепаат едни со други, и со куртоните џандарски од другата страна, па нека се чудат зашто никој не иде на фудбал тимот да им го глеа. Дури и поинтересно е така од страна да глеаш како се у заблуда :)
Де бе Рики, уште градиш ставови врз основа на случка во која го истепале другар ти во парк пред 150 години. Баш пред некое време читав стари конверзации и налетав на пораката :D

Апсолутно никаква поврзаност немаат навивачките групи со посетеноста на натпреварите. На 95% од натпреварите нема ниту една навивачка група, а и кога има нивната бројка е смешна. Патем, навивачите не седат до обична публика. Во 5 години има 2-3 троа поопасни натпревари каде што може да настрада и случаен гледач, а сите тие натпревари одамна се знаат дека ќе бидат ризични и ако толку ти е страв, можеш да ги прескокнеш.
Не биди ко Шура, не се плаши од болест што потепа цел свет, ја негира дека постои, но се плаши од wosite navivaci.

Па да отидеш 20 пати во кафана/дискотека во годината, 5 пати е поголема шансата да испиеш залутана флаша во глава, отколку да те истепа некој на натпревар.
Навивај за Работнички, немаш ни навивачи, ни обична публика, само родителите и менаџерите на играчите.
Смешни изговори.
 
Последно уредено:

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Види никаде не викам дека навивачите биле цвеќе за мирисање и жал ми е што си имал ужасно искуство. Лично и јас сум имал негативни искуства. Ама работата е што си го познавам градот и таа “нормална раја”. Се знаеме кој сме. На крај ко што спомнав ете го ФК Работнички без навивачи и често со добри резултати. Кој е проблемот што има 30 души на трибина сосе роднините на играчите?
Јас би бил пресреќен ете кај Работнички да има луѓе на стадион, ама реалноста е друга. Во Скопје кладилницата и кафаната царува.
Можда, не ја исклучувам можноста дека е комбинација од двете, сепак најчесто не е еден фактор што зависи за било каков случај од овој тип. Ја си зборам од мое опкружување луѓето, и според мене причината им е валидна. Али ете, мислам дека тие луѓе би иделе доколку не би имало таков пристап, однос и инциденти у минатото.

А тие што ги збориш за кладилница и кафана, не знам тие како се мотивираат за да идат на трибини јбг. Немам многу такви.

Де бе Рики, уште градиш ставови врз основа на случка во која го истепале другар ти во парк пред 150 години. Баш пред некое време читав стари конверзации и налетав на пораката :D

Апсолутно никаква поврзаност немаат навивачките групи со посетеноста на натпреварите. На 95% од натпреварите нема ниту една навивачка група, а и кога има нивната бројка е смешна. Патем, навивачите не седат до обична публика. Во 5 години има 2-3 троа по опасни натпревари каде што може да настрада и случаен гледач, а сите тие наптревари одамна се знаат дека ќе бидат ризични и ако толку ти е страв, можеш да ги прескокнеш.
Не биди ко Шура, не се плаши од болест што потепа цел свет, ја негира дека постои, но се плаши од wosite navivaci.

Па да отидеш 20 пати во кафана/дискотека во годината, 5 пати е поголема шансата да испиеш залутана флаша во глава, отколку да те истепа некој на натпревар.
Навивај за Работнички, немаш ни навивачи, ни обична публика, само родителите и менаџерите на играчите.
Смешни изговори.
Коа ќе ти се деси еднаш, почнуваш да обраќаш внимание и на други луѓе со слични исксутва, така функционираме јбг. Аргументот „абе еднаш се десило и од тогаш имаш таков став“ ти е еднакво ко сестра ти да ја силуваат и ја да те заебавам зашто и е страв надвор да искочи пак сама навечер.

Али добро, ќе го зеам Работнички предвид штом сте се запнале, не сум ја тука тој што не е отворен на аргументирање и променување на ставот. Обично оваа групава од спротивнава страна е потврдоглава и води инат :)
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.834
Поени од реакции
11.971
Може не е главна причина за празните трибини, ама има врска муабетот на Рики. Спортот за разлика од Европа, тука на Балканот е зона на самракот и е киднапиран од банди и дилери кои себе си се претставуваат како „вистински“ навивачи, а сите други само обични фанчина. Плус, спортот на балканот секогаш се користи за политички препукувања, говор на омраза, чести бодења помеѓу ривалски навивачи (читај дилери), а речиси секогаш се затчинети со фашистички и нацистички извици на „навивачите“.

Мислам видете само што се дешавало низ минатото на мрачниот балкан, Црвена Ѕвезда - Динамо Загреб ја кутна Југославија во уште во поголема криза и е голем жар за она што следувало понатака, Србија-Албанија летање дронови и нереди, Бугарија - Англија расистички извици и наци гестови и безброј други примери за „вистинско навивање“ видени на Балканов за кој ме мрзи да пребарувам, а ги има милион. Ако за вас натпревари од висок ризик, припремање на истите како воени состојби се нешто нормално и добро, на обичните луѓе тоа му е одбивно и ги брка од трибини.

Цела среќа што со Косово се погоди да се игра пред празни трибини, инаку сигурно ќе беше проблематичен натпревар кога ќе дојдеа цела група орки од Косово и сигурно ќе имаше големи притисоци врз фудбалерите од албанско потекло во нашиот состав. Може да ставате хехенца на постов, но факт е дека тоа е реалната слика за спортот на Балканов.
 
Член од
9 април 2007
Мислења
1.277
Поени од реакции
977
На коњаникот му е смешно ете, викам јас не контаат у тоа тимбата различно ги гледаме работите и сами си се бодрат сами си се најаки. Требаше да ни дојат шкотите да сфатиме дека може и другшие ама ајт. Не разбираат дека службите тријат раце од такви будалетинки. А па другите ни ги рачунам за луѓе не се поарни.

Абе 1000 примери иам до сабајле да постирам ќе ви се одмили живот
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Ovoj Bogdanovikj slepec, drvo nedodelkano, za nego Makedonija zalutala na Euro, demek bila Alisa vo zemjata na chudata. Shto e negovata Srbija... Zaspana ubavica drvo edno nedodelkano. I ushte ova, i Albanija i Srbija i Grcija i Bugarija ovaa godina mozhat samo da ni se fatat':oeoeoe:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.038
Поени од реакции
74.469
Можда, не ја исклучувам можноста дека е комбинација од двете, сепак најчесто не е еден фактор што зависи за било каков случај од овој тип. Ја си зборам од мое опкружување луѓето, и според мене причината им е валидна. Али ете, мислам дека тие луѓе би иделе доколку не би имало таков пристап, однос и инциденти у минатото.

А тие што ги збориш за кладилница и кафана, не знам тие како се мотивираат за да идат на трибини јбг. Немам многу такви.


Коа ќе ти се деси еднаш, почнуваш да обраќаш внимание и на други луѓе со слични исксутва, така функционираме јбг. Аргументот „абе еднаш се десило и од тогаш имаш таков став“ ти е еднакво ко сестра ти да ја силуваат и ја да те заебавам зашто и е страв надвор да искочи пак сама навечер.
Патем, случката не се случила на стадион, ниту пак во време кога имало натпревар. По тоа што го читав, што сме збореле пред 10 години, дечкото изел ќотек на вечерно излегување во парк, затоа што група деца од ЦПБ и Комити го помешале со некого од Шверцери.

Случка каква што може секаде да ти се случи. Кога сме биле мали сме јаделе ќотеци и ако бркаш/фатиш женска од друго маало, што требало да направиме да се затвориме дома за навек? Рекети во основно се пукале на секое излегување.

Врска ти нема муабетот, се гледа дека не следиш македонски фудбал. Споредба со околни држави е илузорна, затоа што во Македонија систематски се уништени сите поголеми навивачки групи, а забрана за гостување има во 99% од случаите кога домаќинот има навивачка група.

Публика нема поради односот на ФФМ и хоштаплерското водење на клубовите, без никаков долгорочен план. Публика нема затоа што квалитетот е очаен, да те донесам на стадион ЌЕ МОЛИШ да си одиш уште на полувреме. Публика би имало баш поради ривалството на навивачките групи и тоа е тоа што ги прави попосетени натпреварите во соседството. Фудбалот се игра за навивачи, вака ни самите играчи немаат мотив за игра пред празни трибини.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Абе сте погледнале какви навивачи имаат многу клубови во светот? Па ете да ги земиме навивачите на Бока и Ривер, било која навивачка група на Балканот се мали бебиња за нив. Па гледам стадионите полупразни им се поради навивачите.
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.602
Поени од реакции
6.333
Не знам зошто мислите дека бевме кадарни да ја поминеме групата, со Мрме или без него. Максимален домет беше нерешено со Австрија. Украина е многу подобра од нас, а Холандија за Македонија во моментов е старшип Ентерпрајз. Имаме среќа што нема да бидат максимално мотивирани со нас.
Холандија беше и старшип Ентерпрајз и двата дуели со нив во минатото па со нив немаме пораз и дома и гости ,каде имаа далеку појак состав од овај сега ..
Австрија дома кај нас и таму многу не надиграа и тие не ни одговарат ни најмалку ( јас бев песимист за нив ),мада изгубивме ради Мрме и неговите измени...
Украина се виде второ полувреме кога ги намести сите на свои позиции дека сме егал негде ...
А дали бевме кадарни или со друг тренер , нема да дознаеме ... Ама јас не видов еден наш тренер или бивши фудбалер да не кажи дека Мрме ги измеша лонците...
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Патем, случката не се случила на стадион, ниту пак во време кога имало натпревар. По тоа што го читав, што сме збореле пред 10 години, дечкото изел ќотек на вечерно излегување во парк, затоа што група деца од ЦПБ и Комити го помешале со некого од Шверцери.

Случка каква што може секаде да ти се случи. Кога сме биле мали сме јаделе ќотеци и ако бркаш/фатиш женска од друго маало, што требало да направиме да се затвориме дома за навек? Рекети во основно се пукале на секое излегување.

Врска ти нема муабетот, се гледа дека не следиш македонски фудбал. Споредба со околни држави е илузорна, затоа што во Македонија систематски се уништени сите поголеми навивачки групи, а забрана за гостување има во 99% од случаите кога домаќинот има навивачка група.

Публика нема поради односот на ФФМ и хоштаплерското водење на клубовите, без никаков долгорочен план. Публика нема затоа што квалитетот е очаен, да те донесам на стадион ЌЕ МОЛИШ да си одиш уште на полувреме. Публика би имало баш поради ривалството на навивачките групи и тоа е тоа што ги прави попосетени натпреварите во соседството. Фудбалот се игра за навивачи, вака ни самите играчи немаат мотив за игра пред празни трибини.
Ти објаснија другите зашто постои одбивност. Мојот случај што го спомнав е тотално минорен и небитен, исто као ја што сум. Се десило, прошло, оставило некоја трага ете, индивидуално е. У право си, знае да се деси и на други полиња, така се градат човечки искуства и импресии. Ама другите членови подобро ти ја доловија поентата зашто никој нејќе да иде на утакмици и да се посвети на давање локална поддршка, дури и без лично искуство со инциденти.

Брат, ќе ти речам најискрено еве. Ја ти дадов мислење и моја гледна точка, и тоа не со цел да јадам гомна, туку стварно да си дадам мое мислење како потенцијален потрошувач на билети за македонскиот фудбал, нели, нешто што им е од корист на клубовите. Па сеа дали ја неам појма што зборам, дали не сум у право, уопште не ми е битно нит ме тангира. Као, дури и да не сум у право нели, сепак не сум засегнат пошто дали трибините се празни или полни, гајле ми е онака. Али ете ти си у такво опкружување и си засегнат пошто имаш далеку позначителен интерес за македонскиот фудбал, и тебе треба да ти биде битно мислењето на тие што не сакаат да одат и да гледаат. Сакам да кажам, од тебе зависи дали ќе го уважиш или не. Па сеа ако си убеден дека причинава што поише луѓе ја спомнаа (очигледно не сум само ја што демек нема појма што збори) не фигурира никако у пресметките, тоа би требало да ти иде у прилог. Така да, ќе се одјавам од темава и ќе ви посакам среќа у носењето на нови луѓе на трибини, на кои претходно не сте им го убиле меракот за гледање на еден или друг начин :)
 
Член од
9 април 2007
Мислења
1.277
Поени од реакции
977
Нема разбирачка. Коњаникот добро ги знае фамозните тунели што нема врска со навивачки групи. Сега би го прашал што очекува покрај досегашните тунели и овој новиот у прва лига у автокоманда и кој е главен таму убаво знае он. Па да не зборам со соблекувални и немање топла вода низ годиниве, лошо портфолио имаме не сакаат да слушнат да дојдат квалитетни фудбалери, а младите добри си одат и тука картеливе од тетовас се главни и службиве со самс можат само да си дозволат тим да склепаат зашо буквално можат пари да принтаат колку сакаш. И останатото некои пијаници и аматери нешо играат.


Пс: 1624057819215.png
Еве ги најдобрите кариоки шо играле кај нас у лига, од кое маало се, Скопје им било невиден плус.

Офф топик многуу за црвен сум сам се одјавувам.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Ти објаснија другите зашто постои одбивност. Мојот случај што го спомнав е тотално минорен и небитен, исто као ја што сум. Се десило, прошло, оставило некоја трага ете, индивидуално е. У право си, знае да се деси и на други полиња, така се градат човечки искуства и импресии. Ама другите членови подобро ти ја доловија поентата зашто никој нејќе да иде на утакмици и да се посвети на давање локална поддршка, дури и без лично искуство со инциденти.

Брат, ќе ти речам најискрено еве. Ја ти дадов мислење и моја гледна точка, и тоа не со цел да јадам гомна, туку стварно да си дадам мое мислење како потенцијален потрошувач на билети за македонскиот фудбал, нели, нешто што им е од корист на клубовите. Па сеа дали ја неам појма што зборам, дали не сум у право, уопште не ми е битно нит ме тангира. Као, дури и да не сум у право нели, сепак не сум засегнат пошто дали трибините се празни или полни, гајле ми е онака. Али ете ти си у такво опкружување и си засегнат пошто имаш далеку позначителен интерес за македонскиот фудбал, и тебе треба да ти биде битно мислењето на тие што не сакаат да одат и да гледаат. Сакам да кажам, од тебе зависи дали ќе го уважиш или не. Па сеа ако си убеден дека причинава што поише луѓе ја спомнаа (очигледно не сум само ја што демек нема појма што збори) не фигурира никако у пресметките, тоа би требало да ти иде у прилог. Така да, ќе се одјавам од темава и ќе ви посакам среќа у носењето на нови луѓе на трибини, на кои претходно не сте им го убиле меракот за гледање на еден или друг начин :)
А, дали и во Англија не сакаш да одиш да гледаш утакмица поради дебилот што го нокаутираше Грилиш на пример?
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.162
Поени од реакции
13.388
@RickyLFC9 Абе мене ми е јасна причината зошто имаш одбивност, почитувам твоето мислење, исто како кога ќе те пецне медуза во море ко мал и имаш трауми после да влезеш да се бањаш со денови, можe и со години. Ама аргументиве не држат вода ако размислиш, мора да бидеме искрени. И сам гледаш дека во Македонија веќе со години празни се трибините, нема никакви навивачи ниту бесни хулгиани кои се шефови, ниту нарко картели на трибините (тука малку не измеша со Србија ама небитно), тогаш зошто немаш мотив ти да се вратиш и да ги поддржиш фудбалерите? Ајде нека не се фудбалерите, цело време има атлетски митинзи на стадион бесплатни каде што наши се борат да фатат норми на Олимписки игри да може да се радуваме и чекаме наш претставник, дали таму одиш? Не. Дали таму има хулигани шерифи навивачи дилери? Не. Ајде оди друг спорт, одбојка, дали таму пратиш лигашки натпревари, еве женска одбојка колку натпревари си прател? Ти тврдам дека е 100 пати поинтересно кај нас да пратиш од машки фудбал. Ама ти наоѓаш само изговор зошто да не одиш, а вистинската причина е тоа што не ти се оди, што не ти е интересно и што ти е глупо да одиш на натпревари каде што единствена публика си ти и играчите би се прашувале меѓусебно кој е овој. Не сакаш да си ти тој што го прави првиот чекор, првото движење, туку чекаш да се дигне еуфорија па да се приклучиш на неа, најчесто натпревари ко Италија и Шпанија, каде што одиш практично за противникот. Не е ли малку пологично да сакаш да има што повеќе навивачи кои им значи клубот и ќе се трудат да дигнат атмосфера и да им дадат крилја во грб на играчите, отколку свесно да бојкотираш и онака празните трибини, само поради тоа што во 2010-2013 биле активни млади од навивачки групи кои правеле проблеми навечер.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.797
Поени од реакции
67.135
Не ми се верува дека никој не го спомна квалитетот фудбалот што се игра во лигата :D.

Мене ми прекриво што Куманово нема своја екипа во прва лига од и сам не помнам кога, а фудбалот се игра и сите игралишта за мал фудбал се полни нон стоп.

Мене ми пречи тоа што екипи се испреплетени со политика, и одредени екипи се туркаат по секоја цена напред. Не може никој да ме убеди дека ова пропаѓањево на Вардар не е политичка одмазда. Бедно е за името Вардар, брендот Вардар да бидат користени во вакви цели.
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Znae li nekoj shto pari ke dobie FFM od uchestvoto na Euro.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom