ЕП 2022

Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.169
Поени од реакции
3.467
Толку од Унгарија, а мислев далеку ќе тера. Ова и отвора шанса и на Португалија, која ако победи со 3+ ќе оди во втор круг (ако победи од 1-4 разлика, Унгарија завршува последна во групата).
Холандија ќе тепа вечер :D
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Ситауцијата за 13-18 место изгледа вака
13. Чешка
14.
15.
---
16.
17. Словенија (со тоа што можат максимум 16-ти да бидат)
18. Словачка

Србија не може под 15-то место, така да веројатно и тие ќе бидат во привилегираните подоброрангирани екипи во баражот.

Имаат една од најдобрите лиги во светот,стабилни клубови,тренери и играчи од цела Европа ама изгледа се е џабе.
Џабе, ама па и среќа што не можат да ни паднат (уствари може, да не заречам непотребно). Екипа која е толку непредвидлива и никогаш не ни одговарале. Ќе бидат гаден противник од вториот дел во баражот (освен ако не паднат како привилегирана екипа)
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.743
Поени од реакции
2.665
Холандија каков атомски ракомет играат, секоја чест.
Тешко Португалија да им парира на оваа страшно брза игра која ја играат Холанѓаните.
Овој изборник од Исланд на Холандија го има пресликано скандинавскиот стил на игра до перфекција. :bravobe:
Стеинс и Смитс убиствена двојка. :D
 
Член од
10 јануари 2022
Мислења
231
Поени од реакции
436
Kirca neka im pušti na našive natprevar od Holandjanive, čisto da naučat kako treba da podavaat i dvižat rakometarite koga napadjaat protivnička odbrana. Od reprezentacija koja do včera nemaše pojma što e toa rakomet.
Џабе, тоа се учи на самиот почеток кога ќе се запишеш на тренинг 10, 11, 12 години.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
13. Чешка
14. Србија
15. Унгарија
---
16. Словенија
17. Белорусија
18. Словачка
19. Португалија (-6)
20. Австрија (-13)
21. Литванија (-13)
22. МАКЕДОНИЈА (-16)
23. Босна и Херцеговина (-24)
24. Украина (-34)
 
Член од
10 јануари 2022
Мислења
231
Поени од реакции
436
Eee da. Ama vidiš i deka ne se uči:))
Можеби скокале одделенија. :D
Шала на страна, срамота е да си во репрезентација а да не знаеш елементарни работи. Во репрезентација се стига како готов производ, не може таму на 4 собири годишно да те учат како да додаваш топка, да не правиш чекори и т.н.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.134
Поени од реакции
10.477
Холандија ми е фаворит на ова првенство. Навивам за нив и активно ќе ја следам секоја нивна утакмица до крај. Вистинско освежување ми се. Се надевам дека добро ќе се пласираат и дека конечно Хансен ќе биде сменет од листата најдобри стрелци.
 
Член од
11 август 2017
Мислења
417
Поени од реакции
342
Маџариве на која дрога се :ROFLMAO:
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.916
Поени од реакции
9.521
Барем не се ко нас уфилмани дека се којзнае шо а се во суштина дно
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Kirca neka im pušti na našive natprevar od Holandjanive, čisto da naučat kako treba da podavaat i dvižat rakometarite koga napadjaat protivnička odbrana. Od reprezentacija koja do včera nemaše pojma što e toa rakomet.
Тој можи до задутре да им пушта такви видеа, за такви движења треба физички предиспозиции, не е до гледање видео или до тренирање на тие движења во сала.

Дел од проблемот е што ние генерациски заостануваме со селекција на играчи. Кога ракометниот свет се фокусираше на 2 метраши што можат да шутнат од 10 метри, ние вадевме ниски бекови. Кога светот почна да ја убрзува играта со пониски но побрзи и поексплозивни играчи, ние почнавме да бараме 2 метраши под дрво и под камен во нашата генетски потпросечно висока Македонија. Или како што некој тренер неодамна спомна, ние уште кога ги селектираме децата тераме по старата школа - дебелите голмани и пикери, ниските крила, повисоките бекови.

Мора фокус на селектирањето на играчи да биде атлетост, експлозивност, должина на екстремитети... Па ова веќе за сите спортови е најважно, ама особено за ракомет, кошарка, одбојка... И да се направи се што може за да се извади максимумот на атлетскиот потенцијал на секого. Тоа фали кај нас. Тоа во светот што со еден збор се вика "Sport Science".

Мала држава сме, генетски не сме баш надарени за спорт, но сето тоа не може да ни биде изговор. Мора да се бараат начини како на маргините да правиме предност во однос на другите. Кога веќе се вложува во ракометот, треба да се вложи и во школо кај нас, во нови идеи, иновации... Вака само слепо копирајќи нешто што функционира за други земји со многу подруг физички профил на играчи, неизбежно ни е да бидеме лимитирани.
Автоматски споено мислење:

Маџариве на која дрога се :ROFLMAO:
Види од една страна се во право: Сите репрезентации напредуваат и конкуренцијата сега е многу поголема од порано.

Ама и дека се им беше наместено за да имаат добар резултат дома им беше. Реално голем неуспех.
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.916
Поени од реакции
9.521
Ковидов му го начука на Исланд а баш играа добра ракомет
 

Kajgana Shop

На врв Bottom