- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
ЕВН ги повлекува инвестициите
Игнорирањето на ЕВН од страна на Владата и спорот со ЕЛЕМ, ја чинеа Македонија да загуби инвестиции во висина од над милијарда евра. По влошените односи со Владата, ЕВН парите за проектите како што се гасификацијата на Скопје, на Куманово и за изградбата на ТЕЦ Неготино ги пренасочил кон Германија, Хрватска и Албанија. Згора на тоа, бидејќи не е изградена новата термоцентрала во Неготино чиј капацитет требаше да биде 800 мегавати, Македонија ја пропушшти можноста од увозник да се претвори во извозник на електрична енергија, велат од австриски ЕВН.
„Со оваа термоцентрала Македонија од увозник би станала извозник на електричната енергија, имавме планови за изградба на ветерници со капацитети од 160 мегавати и гасификација на неколку градови во Македонија. Сево ова би го реализирале во случај на подобрување на односите со Владата“изјави Питер Лаер – заменик претседател на управниот одбор на ЕВН ЕГ Австрија .
Околу проблемот со ЕЛЕМ и со Владата, заменик претседателот на управниот одбор на австриската компанија, Лаер изјави дека ЕВН во текот на своето 87 годишно постоење надживеала многу кризи, војни и Влади кои веќе не постојат.
„ЕВН постои веќе 87 години. Сме претрпеле кризи, војни и многу Влади. Многу нешта веќе не постојат, но ЕВН се уште постои. Мислам дека ова со Македонија е минлив период, а ако се најде решение многу брзо ќе се случи напредок“.
Лаер откри кои услови ги поставувала Владата за да бидат решени недоразбирањата.
„Предлогот на Владата беше исполнување на сите нивни барања“.
Раководството на ЕВН најави дека тужбата против Македонија поднесена пред арбитражата во Вашингтон ќе биде повлече само ако се постигне договор за решавање на проблемите и ако биде потпишан од двете страни.
Невзат Мамути
http://alsat-m.tv/mk/ekonomija/14339.html