Државната матура предизвика проблем на правниот факултет!

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.840
Поени од реакции
5.666
Полагањето на државната матура предизвика проблем кај матурантите кои конкурираа на Правниот факултет на Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје.

Повеќе од стотина идни студенти, наместо странски јазик, го полагале предметот математика кој не е потребен при уписот на овој факултет. Од управата на факултетот велат дека конкурсот е дециден и е навремено доставен до средните училишта.

Родителите нема да ги повлечат документите. Вината ја бараат во факултетот и во професорите од средните училишта.

Квотата за упис на Правниот факултет е веќе пополнета. Во вториот уписен рок дисперзирани студии ќе има во Велес каде матурантите можат да се запишат без оглед на предметите кои ги полоагале со државната матура.
можно ли е учениците кои се запишуваат на правен факултет да се изгубени случаи до толку и да идат да полагаат математика на матура и после тоа да сакаат со математика да се упишат на Правен?

исто и родителите како може да ја бараат вината во факултетот не ми е јасно??
 

foxy roxy

~!@#$%^&*()_+
Член од
22 јуни 2006
Мислења
471
Поени од реакции
7
Потполно во право се од факултетот листата за кои предмети да ги одбереш ако сакаш да одиш на одреден факултет беше изваена од март месец ако не грешам е сега овие пак тереа по свое и сега нека :tapp::uvo::pusk::drk::salut:
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Полагањето на државната матура предизвика проблем кај матурантите кои конкурираа на Правниот факултет на Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје.

можно ли е учениците кои се запишуваат на правен факултет да се изгубени случаи до толку и да идат да полагаат математика на матура и после тоа да сакаат со математика да се упишат на Правен?

исто и родителите како може да ја бараат вината во факултетот не ми е јасно??
Pa mnogu jasno. Kazi mi eve, kako, mene kako ucenik vo treta godina sredno ne mi e kazano ni koi predemeti za koi fakulteti trebaat, ni dali trebaat nit nisto. Ne se samo so matematika, drugarka imam mesto matematika imase zemeno na matura informatika i uste 300 drugi razlicni slucai ima. Ali Makedonija kako Makedonija, samo nesto da se napravi, a vo spat dur toa se napravi ke se napravaat uste 300 idiotski raboti i radi tie raboti ke se nervirame pak nie.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.840
Поени од реакции
5.666
Pa mnogu jasno. Kazi mi eve, kako, mene kako ucenik vo treta godina sredno ne mi e kazano ni koi predemeti za koi fakulteti trebaat, ni dali trebaat nit nisto. Ne se samo so matematika, drugarka imam mesto matematika imase zemeno na matura informatika i uste 300 drugi razlicni slucai ima. Ali Makedonija kako Makedonija, samo nesto da se napravi, a vo spat dur toa se napravi ke se napravaat uste 300 idiotski raboti i radi tie raboti ke se nervirame pak nie.
а вака ај сеа ти мене кажи ми логички малку ако размислиш дали можеш со математика/информатика/физика на правен да конкурираш??? значи не за џабе е извршена поделба на природни и општествени науки.и дали некој нормален ако полагал на државна матура социологија или историја би идел да се упише на електро/машински??
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Ејјј јас знам еден што заврши средно воено па се запиша на вајарство на факултет :pos2: :tapp: ....инаку за проблемов во право е Димче...добро бе толку не знаете кои предмети со кои факултети одат :toe: па ние не сме биле до толку изгубени :jaj:
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Кој им е крив на студентите и на родителите?Треба да си будала да полагаш некој предмет, а да се запишеш на факултет на кој тоа не се бара.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не е крив факултетот се разбира.
Повеќе од јасно е дека математиката апслолутно не е потребна на правниот факултет, кадешто се изучуваат ОПШТЕСТВЕНИ науки кои немаат врска со математика.
Се разбира треба да се примаат оние кои полагале предмети кои соодветстуваат со факултетот. За другите...ако има место, евентуално.
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
А да речеме, ако некој сака да се запише оваа година на факултет (паузирал или се префрла од друг факултет на пример), а нема полагано државна матура, како ќе се запише на факултет?

Не слушнав никаде такво објаснување да дадат, а сигурно има и такви случаи.
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.548
Поени од реакции
2.737
А да речеме, ако некој сака да се запише оваа година на факултет (паузирал или се префрла од друг факултет на пример), а нема полагано државна матура, како ќе се запише на факултет?

Не слушнав никаде такво објаснување да дадат, а сигурно има и такви случаи.
Тие гарант ке полагаат приемен како ние што полагавме кога немаше државна матура.Не верувам дека има некој друг начин :helou:
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Тие гарант ке полагаат приемен како ние што полагавме кога немаше државна матура.Не верувам дека има некој друг начин :helou:
Ама приемен само за неколку луѓе да се организира? Не спомнаа такво нешто.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.960
А да речеме, ако некој сака да се запише оваа година на факултет (паузирал или се префрла од друг факултет на пример), а нема полагано државна матура, како ќе се запише на факултет?
Ги селектираат според бодовите од оценките во текот на сите 4 години или ќе полагаат приемен испит.
А за тоа што се бунат студентите и родителите не се во право затоа што имаше на интернет листа со факултетите и кои предмети се бараат да се полагаат во зависност од поврзаноста со материјалот што ќе го изучуваат идните студенти.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Листа имаше и по тоа списанијата по трафиките, и на интернет. И каква врска има правото со математиката бе? Проста раја.
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Листа имаше и по тоа списанијата по трафиките, и на интернет. И каква врска има правото со математиката бе? Проста раја.
Уште нешто ме интересира. Ако некој мисли да се откаже од правен па сака да иде, што знам, на некој трет факултет за кој требале други предмети од државната матура? Тој што ќе прави?
 
Член од
4 март 2008
Мислења
261
Поени од реакции
10
Тоа што имаме прост народ не значи дека матурата и министерството заебале работа.
Се знае на Правен кој предмет се бара, како другите знаеле!?
Какви луѓе! :tapp:
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Во основа можеа и порано да ги објават предметите кои ќе бидат потребни за упис, не мораа да чекаат баш во март, ама сепак беа објавени пред да ги пополнуваме пријавите за матура. Значи знаевме кои предмети ни се бараат кога пишувавме пријава, така да не се виновни факултетите, туку неписмените деца.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom