Се зачленив на форумов пред неколку години и сега прв пат пишувам во оваа тема.Не дека имав некоја амбиција да станам јак форумџија,него темата за економски факултет ми беше доста корисна па си викам ајде.
Денес сфатив неколку работи па си викам ај да си ја испразнам душата...па макар и тука.
Сфатив дека не е битно оделото кое се носи на работа колку што е битна удобноста на старите тренерки после 8 часа работење нешто што и не ти е баш толку по мерак.
Сфатив дека не се битни тие 15к плата,колку што е битен моментот кога на брат ти ке му дадеш некој денар...онака...без причина.
Сфатив дека стравот и всушност непостои,постојат само нерешени прашања кои ги имаме сами со себе.
Сфатив дека новите работи и новите луѓе во животот се она што се памти,не неверствата и разочарувањата од "старите пријатели".
Сфатив дека не е битно дали е сфати или свати,битно е навистина да сфатиш...
До следен пост...во оваа или некоја друга тема.