лани паметам , по фармерки си појдов јас и другарот на прв работен ден, како изгубени германци не знаевме ни за што точно аплициравме, ни рекоја лесна работа во катастар и добри дневница. на крајот на април ми се чини ко да беше прилично жешко ко за пролет, се видовме шо се видовме и почнавме прва линија на патот кон битола пред с. лагово, пука жешко бидејќи почнавме од 11-12 попладне, паметам го гледав знакот кај шо пишуваше Лагово и си мислев ''абе кој кур барам овде, теренска работа не е за мене, плус кога еден од одговорните ми кажа дека ќе работиме низ цел регион ми идеше пешки преку трупа дома да си појдам на пола работа.
денеска точно една година од кога прекинав да работам таму и можам да да речам дека најдобро потрошени 2 и пол месеци во мојот живот.
никогаш во животот немаше да посетам толку места и немаше да видам толку од македонија да не беше работава, шефовите беа премногу фер, кој дојде наше друштво ќе омекне и ќе примеше наше влијание и ќе си тргнеше по наш ум
имаше и срање денови ама имаше премногу позитивни денови за да можам да се сетам на негативните.
паричка собрав од 2 и пол месеци да појдам грција, хрватска на концерт, да појдам на одмор во охрид и да купам нешто за мајка ми за дома.
ме пука носталгија пошо таков однос помеѓу вработен и раководител тешко дека ќе начекаш некаде, притисок скоро нула а резултатот си беше одличен.
но како и многу работи и ова си имаше крај, и си остана само сеќавање и спомен
вечерва ќе се напијам едно пивце, за добрите стари денови