Случувањава со независноста на Шкотска ме поттикнаа да истражам какви биле резултатите од референдумот на Албанците во Македонија (автономија на т.н. Илирида) веднаш по прогласувањето на нашата независност и првите признанија од останатите земји. Знам дека бил неуспешен бидејќи Македонија како држава не го признала референдумот, но дали воопшто се одржал некој таков референдум, доколку се одржал, на каков начин се одржал, каде гласале гласачите, во кои области од Македонија и нормално колкава била излезноста и кои биле резултатите?
Ако некој знае нека ми пише
При барањето на информации за овој настан, неизбежно беше да налетам на "конфликтот" (војната по нашки) од 2001 година.
Што и како се случуваше во текот на војната ми е веќе познато, па и со оглед на тоа дека не сум бил толку мал, сепак имам некои сеќавања. Интересно ми беше да видам како размислувале Македонските политичари во тој период, како размислувале жителите на Македонија (без разлика на националноста), како се однесувале странските фактори особено во зачетокот на војната.
Нормално, нашите секогаш со крајно лоша проценка на настаните, попустливи кон останатите со цел да си ги задржат фотељите...
Се започнува со
нападот врз полициската станица во Теарце кон средината на јануари 2001.
Убиен еден Македонски полицаец, ранети тројца. Од МВР првите сознанија се дека:
И понатаму бомбашките напади се поврзуваат со акцијата што била спроведена во јануари, годинава, во непосредна близина на граничниот премин Јажинце кога бил спречен илегален дотур на големо количество оружје од Македонија за Косово. Како одмазда за тоа, лицата што биле засегнати со недистрибуираната пратка, потпомогнати од нивни истомисленици од околните села, возвратиле со бомбашки напади
Како и за секое село со различна етничка структура, се јавува дека се живеело мирно, без провокации меѓу жителите од различен етникум, но сепак мислењата се различни.
Македонецот вели:
Еден од нив кој ни се престави како нивен роднина тврдеше дека овој настан бил очекуван. "Полицијата често пати преземаше акции и вршеше рации по борделите од околните села, а не преземаше никакви мерки самата да се заштити. Пред полициската станица нема стражарска куќичка, а полицајците стражарат криеќи се зад дрвјата",појасни тој.
Албанецот вели:
Жителите на Терце од албанската националност велат дека нападот е политички мотивиран. Ова тие го појаснуваат со фактот дека за командир на оваа полициска станица пред неколку месеци било поставено лице од албанска националност и сето ова се прави со намера тој да се дискредитира.Тие стравуваат од евентуална полициска рација.
Сценарио изрежирано од Српските тајни служби I guess...
Набрзо стига телефакс до неколку Македонски медиуми и
одговорноста за настанот ја превзема ОНА, организација досега не позната за Македонската јавност.
Во рацијата на Македонската полиција низ селата од Полошкиот регион
се уапсени дел од сторителите, секако странските служби се
загрижени за рацијата, а не толку за убиството.
Чудна и непозната реакција за нас од сегашен аспект, нели?
Напаѓачите тврдат дека акцијата била ограничена и има предупредувачки карактер до "македонските окупатори и нивните соработници Албанци". Соопштението завршува со заканата дека терористичките напади врз македонската полиција ќе продолжат с&ицирц; додека "не се ослободи албанскиот народ", повикувајќи ги припадниците на македонската полиција "да се вратат во нивните семејства и да не се жртвуваат залудно за илузорните македонски планови за доминација врз мнозинското албанско население".
Заканите од ОНА не се сериозно сфатени очигледно, судејќи по периодот кој следува.
На 16 фебруари,
киднапирана е новинарска група на А1 која подоцна е ослободена. Веста е несериозно сфатена, што дури не е ни ударна вест. Од
Македонска страна се изнесуваат првите заклучоци од настанатата ситуација, неколку дена подоцна.
Павле Трајанов дава неколку предупредувања, особено по изјавите на нашипт тогашен министер Пауновски дека Македонија не е загрозена и дека терористите само се групираат на нашата страна од граничниот премин со Јужна Србија, а се работи за војници на ОБПМБ кои се борат исклучиво во Прешево-Медвеѓа-Бујановац. Сличен став дели и ДПА.
Ексминистерот Трајанов вели дека споменатите собирни центри не ги користат само борците на ослободителната војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац, туку во нив се регрутирани и се обучуваат и голем број Албанци од Македонија. "Дека тие центри постојат е познато уште од поодамна, но малку е познато дека постои премолчан договор меѓу ВМРО - ДПМНЕ и ДПА да не се преземаат никакви чекори против нив, затоа што тие не се опасни за безбедноста на Република Македонија. Образложението на ДПА е дека во нив само се собираат "агресивците", кои немаат цел да ја дестабилизираат Македонија, туку се подготвуваат за борба во јужна Србија, каде што и се испраќаат", кажува Павле Трајанов.
Работите стануваат посериозни во
наредните денови, додека
претседателот веројатно во знак на немоќ се обидува да ја смири ситуацијата, нагласувајќи дека бара поддршка и од сите политички партии околу активностите на АРМ, можеби јасно посочувајќи дека владее страв кај нашиот врв дека со евентуална поддршка на ОНА од страна на одредена Албанска политичка партија, голем дел од Албанското население во Македонија ќе се приклучи на паравоената организација.
Веќе наредниот ден стига
демант на говорот на Борис Трајковски.
Одново, главна дилема кај нашите функционери е дали е подобро да се премолчи присуството на ваква организација на наша територија или да се реагира прописно, но со опасност дека тоа ќе доведе бура од незадоволства кај Албанското население ширум земјава.
" Состојбата во Танушевци е статус-кво. Но нема да да трае долго. Интенцијата е со сите расположиви дипломатски средства да се расчисти ситуацијата и да се убеди меѓународната заедница дека легитимно право на Македонија е да го брани својот интегритет и суверенитет. Доколку изостане поддршка за одбрана на суверениетот и интегритетот на земјата, останува воено да се интервенира, велат високи државни извори. Заканата не е воената моќ на терористите. Македонија има моќ и капацитет да се справи со нив. Во прашање е влогот што Македонија може да го изгуби со интервенцијата, во контекст на меѓуетничките односи, односно реакцијата на етничките Албанци и нивната лојалност кон државата. Се проценува дека возвраќањето со сила може да значи, губење "на десетгодишното градење на демократијата и граѓанската ориентација, на имиџот изграден пред светот".
Доколу од наша страна има дилема, од противничка нема. Со доаѓањето на месец март, почнуваат секојдневните напади од страна на ОНА врз Македонските сили во регионот околу Танушевци, и после неколку денови стигнуваат
првите жртви од Македонска страна.
Во тој период типично за нас, претседателот е вон државата или поконкретно се наоѓа во Франција. Додека Трајковски е вон државата, нашите функционери сеште само размислуваат, но не делуваат.
Министерот за одбрана Љубен Пауноски, веднаш по завчерашниот напад на караулата Танушевци, најави дека се размислува на терористите да им биде упатен ултиматум, да ги напуштат заземените позиции во селото. Вчера Трендафилов вели дека ќе се чека да се врати претседателот Трајковски од Франција, за да се разгледа идејата и евентуално да се донесе одлука за упатување ултиматум од наша страна. Трендафилов појаснува дека "не може до негоглед да се толерира опсадата на селото Танушевци и нападите врз АРМ од страна на вооружените терористички групи".
Првите жртви од наша страна во пресметките во Танушевци, ги тераат нашите функционери да посочат кој е виновен за ситуацијата.
Според Георгиевски:
До ова немаше да дојде, ако не беше индолентниот однос на КФОР, кој со месеци го немаШе на границата.
Можеби со право, а можеби и не, Македонските граѓани се запрашаа дали вака ни враќаат Косоварите откако претходно им ги отворивме границите за да не пцовисаат во борбата против силите на Милошевиќ.
Архиепископот г.г. Стефан вчера присуствуваше на опелото на починатиот Тодор Стојановски, во црквата "Св Спас" во Драчево. Тој упати утешни зборови до семејството на загинатиот војник и запраша дали ова е начин на кој ни возвраќаат нашите северни соседи за гостопримството што им го пруживме пред неполни две и пол години. "Ако во Танушевци од некаде е дојдена некоја вооружена група, каде е реагирањето за несогласувањето со нивното доаѓање, најпрвин од жителите на селото, дека некој божем непоканет им дошол, па каде е и реагирањето на албанското население во Македонија и на Косово, на чело со нивните партии и лидери", рече Архиепископот г. г. Стефан на вчерашниот погреб.
Рани куче да те лае, Македонецот ниту тогаш знаел да оцени кој му претставува опасност, а богами ниту сега.
КФОР
ја смирува ситуацијата, наведувајќи дека групата се повлекла во Дебалде на Косовска страна.
Веста не исаднала точна бидејќи всушност настанало
прегрупирање долж целата граница, за потоа да следи
најжестокиот судир во Танушевци, за истото понатаму да биде
ослободено.
Додека се сумираат заклучоците дека Танушевци не се случи
ненадејно, ДПА најавува митинг и порачува дека решение на кризата е
Европа и независно Косово. Митингот во Скопје минува мирно, но
митингот во Тетово претставува и
официјален почеток на војната.
По војната, интересна е
изјавата на Шаќири.
Ќе издвојам неколку делови од кои секој може да си извади соодветен залучок:
Во Танушевци бевме 64 борци. Мендух Тачи веднаш испрати преговарач, неговиот партиски војник Керим Лита и нe убедуваше да ја вратиме камерата одземена од А1 телевизија и дека Владата ќе соопшти дека новинарите на А1 телевизија не знаеле каде одат и дека залутале во село Дебалде. Јас му реков дека не го земавме оружјето за да кажеме дека сме во Дебалде и затоа не ја вративме камерата веднаш, туку подоцна, со посредство на КФОР. Подоцна, истиот тој Керим Лита се пазареше дека ќе ни изгради патишта или амбуланти, само да се повлечеме. Тоа е политиката на ДПА. Се пазарат со сe и сешто, нив само пари ги интересираат. Го запрашавме тој господин, „Ајде извади им лични карти на луѓево, веќе 10 години не смеат да одат ни во Косово ни во Македонија”. Во тоа време, ако се сеќавате, премиерот Љупчо Георгиевски изјави дека имаат висок функционер на владата кој преговара. Тоа беше лично Керим Лита, чиј татко на времето го уби директорот на Кумановското училиште Бајрам Шабани и, подоцна, како награда, од УДБА доби цели 8 хектари земја без пари.
Мендух Тачи ќе одговара еден ден пред народот за предавството што го изврши на тетовското Кале. Ние тука имавме вистинска војна, во Липковско постоеше фронт и тешка артилерија. А во Тетово целата работа беше камај-камај. Ноќе војуваш, а дење пиеш макијато во рестораните низ градот. Такви се комадантите на Мендух. Народот тоа го знае.
Има уште една интересна статија од тој период за дувлото на криминалот -
Арачиново , како и изјавите на локалното Албанско население по убиството на
полицаец на Бит пазар.
Интересно да се напомене е тоа што и покрај тоа што престрелката се случила пред очите на многу граѓани и продавачи од тезгите на Бит Пазар никој не сакаше да зборува за тоа. Нивниот единствен одговор беше дека ништо не виделе.
Убаво е да стои постов во темава иако не е баш најсоодветна, убаво е жителите на Македонија да ја знаат хронологијата на настаните во 2001...