Морам некаде да си ја испразнам душава, па ќе си пишам овде. Не пишувам во врска со љубовта пошо ова не е таква љубов каква што повеќето мислат. Необична е. Некако цело време бевме толку блиску, ама толку проклето далеку. Цела година ми требаше за да увидам дека згрешив, дека избрав погрешно. И таман кога решив да ја поправам грешката, собрав храброст, се соочив со сите факти кои беа против мене, им соопштив на сите и....ништо. Не е дека немам храброст да продолжам со тие услови што ми беа поставени. Би се откажала од се. Ама и тоа не е доволно. Ми треба многу, многу повеќе од она што сега го имам. Треба да го ставам на ризик не само мојот живот, туку и животот на сестра ми. А и доволно ми беше да ги слушам сите како велат дека сум себична. Не сум себична, јас само одам по тоа што го сакам. Сакам да се свртам за 15 години и да речам да, среќна сум, правилно постапив. Не ме инересира кога ми велат дека грешам пошо никој не е во моја кожа. Јас знам дека тоа ќе ме направи среќна, без разлика колку можеби на некој ќе му изгледа мизерен мојот живот.Или ќе му изгледаше. Одлуката е донесена. Знам дека некој друг ќе го живее мојот сон. И криво ми е искрено. Дојдов толку блиску до тебе, ама на крај одлуката не беше моја. Утеха....незнам, си мислам луѓето преболуваат големи љубови, загуби на блиски луѓе. Ваљда и јас ќе се разбудам еден ден и повеќе нема да ми биде криво. Until then....